Кога се отвора малку постар ретро муабет за германски фудбал се почнува со Франц Бекенбауер, на кој се надоврзува Герд Милер, а во пакет со нив двајца оди Зеп Мајер. И тоа е трио, како една задолжителна лекција која треба, односно мора да се знае.
Во првото коло од новата сезона во Бизнис Лигата на Македонија Мепсо славеше убедливо над Пекабеско, ЈСП со пресврт освои три бода против Окта, а Еуро Табак и Алкалоид одиграа без победник.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.