Игра голф со поранешни американски претседатели, а богами и пишува романи со некои од нив. Неодамна објави книга со Доли Партон, роман базиран на нејзината животна приказна. Веројатно ни сам не знае колку наслови има на свое име, и колку од нив завршиле на врвот на топ листите. Па сепак, човекот се чувствува дискриминиран.
Еден од четворица страсни и долгогодишни пушачи со голема сигурност ќе заболи од сериозна болест на белите дробови, е загрижувачката порака од едно данско истражување. Хеј, не цвикајте одма! Во наш превод, веста изгледа вака: од четворица пушачи, на тројца нема да им биде ништо.
Владите денес најнормално се поставуваат како дадилки во однос на своите граѓани кои кога треба да ги гласаат се богови ама веднаш потоа стануваат малоумници кои не знаат сами да носат одлуки за својот живот. Ваквиот патернализам во однос на цигарите и грижата за здравјето на нацијата први го воспоставија нацистите.
Инспирирана од денешната статија за твитерџијата кој си го нашол чарето, прочепкав по мојот изминат твитер труд. Чаре додуша не најдов, ама по првата збирка, издвоив твитови за уште една.
Њујорк Тајмс објави список на нови болести со кои од сега па натаму ќе може да им се качувате на глава на пушачите. Меѓу нив - дијабетес, импотенција и рак на црниот дроб.