Истражување за тоа зошто грицкаме моливи помеѓу добитниците на овогодинешната Иг нобелова

Германски научник ја доби пародијата на Нобеловата за оваа година заради откритие дека држењето молив во уста не носи радост. А има и уште поживописни теми.

Вчера, 12.09, на Универзитетот Харвард, беа доделени годишните награди Иг Нобел. Како и секое доделување и ова помина со многу хумор, но и со теми кои звучат блесаво но сепак интересно. Точно како што гласи мотото на церемонијата - чествување на истражувања кои прво тераат на смеење, но потоа на размислување.

На пример, холандски истражувачи откриле која валута има највалкани банкноти (романскиот леј), јапонски научник демонстрирал колку плунка произведуваат 5-годишни деца, а група од Италија научно докажале дека пицата направена во Италија (и само таа) го подобрува здравјето. Германскиот придонес кон наградените доаѓа од Фриц Страк од Универзитетот во Вирцбург, во категоријата психологија, кој по детално истражување најпрвин „открил дека шмукањето молив во уста го прави човека посреќен“, а по реплицирање на истото тоа истражување „дека не“.

Признанието од областа на анатомијата го добија француски научници кои открија дека кај повеќето мажи еден тестис има повисока температура од другиот, но само доколку субјектот носи облека. Научниците го извршиле истражувањето врз француски поштари. Потоплото, според нив, речиси секогаш е левото маде.

Ова е 29 пат како се доделува наградата, секогаш еден месец пред попознатата „имењачка“ - Нобеловата. Изнесува 10 трилиони во кеш, испорачана во речиси безвредни зимбабвиски долари.

За претходните добитници на Иг Нобел тука

13 септември 2019 - 13:21