Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
Шест кратниот освојувач на признанието на ФИФА за играч број 1 во светот, синоќа за малку не го постигна еден од најубавите голови во кариерата од индивидуална акција. Нема кога ќе тргне ко јапонска локомотива е. И не само тоа, синоќа против Севиља ја прекина серијата без гол како што е редот, со велемајсторија.
Сите бабури што ги јаде додека дава изјави откако игра во МЛС си ги оправдува на терен. Не знаеш што да очекуваш кога ќе прими топка и на 20 метри од гол и џабе е и да го удвојуваш. Погледнете го доктор Златан Ибрахимовиќ што работи на полни 38 години.
Агонијата на Манчестер Јунајтед продолжува и со 11-то гостување по ред без победа на сите натпреварувања. Овој пат загубија од Њукасл со 1:0 и сега се 12-ти со 9 бода по 8 кола. Нивниот старт сезонава најдобро се опишува со потегов на Фред. На Переира не му се веруваше што гледа.
Не е никаков проблем што не му оди на Меси со голови, кога Барселона има ваков Суарез. После пресвртот над Интер, продолжува со евроголови и против Севиља која за 8 минути попи три парчива во прво. Одиме со акбробацијата број 1 за овој викенд. Во стилот на Пеле или Марко Ван Бастен, како сакате.
Во дербито на колото на отворањето на новата сезона од Евролига, Реал Мадрид со 81-77 го совлада Фенербахче. Деби имаше новиот кошаркар на „кралевите“, Џордан Мики (9 поени, 3 скока) кој во саботата на гостувањето против Тенерифе во шпанската лига, заби од линијата за слободни.
Во натпревар со 6 гола, екипата која од скоро ја води Диего Марадона, Химнасија Ла Плата ја прослави првата победа сезонава, 2-4 на гости против Годој Круз. Марадона знаеше како да го прослави триумфот.
Втор натпревар по ред репрезентативецот на Македонија Езџјан Алиоски ја тресе мрежата во дресот на Лидс Јунајтед, кој денес за жал изгуби кај ривалот Милвол 2-1. Алиоски постигна гол на само 20 секунди од почетокот на вториот дел. Ова е трет гол сезонава за Езџјан со што покажува дека е во одлична форма пред продолжение од квалификациите за Европско 2020.
Италијански нисколигашки фудбал каде срцката сигурно е црвена од овој убав комплимент од трибина кој на италијански оди вака: Guardalinee, guardalinee, la senti questa voce, la senti questa voce: Sei bellissimaaaaaaaa, sei bellissimaaaaaa.
На мечот ЦСКА Москва - Еспањол (0:2) во Лига Европа, најпопуларниот кинески фудбалер во моментов Ву Леи влезе во историјата како прв фудбалер од оваа земја кој ја затресол мрежата во некое европско натпреварување.
Австријците имаа тешко гостување во второто коло од ЛШ, но затоа му покажаа на европскиот првак дека не се дојдени во Англија како туристи. Добро, им требаше некој да им згрми јако, за да разберат дека никој не е непобедлив.
Преполнет со негативна енергија и разочарување по сите ужасни рекорди и бедни сезони во кои не беа ни блиску до трофеј во Премиер лига или ЛШ, изнервиран навивач на Манчестер Јунајтед вака го опиша нивото на кое се наоѓа клубот.
Сер Алекс Фергусон си замина од тренерското столче во 2013-та. Потоа седнаа Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер и никој не успеа барем да го доближи клубот до нивото на кое што беше. 30 години не биле вака очајни, а имаат пари.
Водечкиот во генералниот пласман на Мото ГП шампионатот, Марк Маркез на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Тајланд доживеа незгода со својата Хонда која буквално се разлета на парчиња. За среќа Шпанецот кој е на чекор од титулата во кралската класа, поминал со полесни повреди.
Федерико Балѕарети, некогашниот бек на италијанската репрезентација кој играше во Јувентус, Фиорентина, Палермо и Рома откри еден јак момент кога Ибра му бил соиграч во Јуве.
Од 24 одиграни натпревари синоќа во ЛЕ, најинтересен беше мечот меѓу комшиите од Шведска и Данска. Копенхаген му гостуваше на Малме, а дистанцата меѓу овие два града е само 43 километри и тоа преку оној фамозен мост.
Во Лига Европа синоќа и во текот на вчерашниот ден беше генерално мирно од навивачки аспект: немаше брканици по плоштади, немаше повредени или приведени. Ама затоа имаше нов случај дрон.
Пред стартот на дуелот меѓу Гимараеш и Ајнтрахт Франкфурт кој заврши 0:1 за гостите, домашните навивачи извадија сублимирана порака преку кореографијата на која пишуваше Under fans skills football is better. Буквите кои беа означени со жолто ако се читаат меѓу редови, означуваа UEFA KILLS FOOTBALL.
Погледнете го ова градење на акција во која Хандановиќ има двајца во своја линија и уште четворица нешто понапред. Умно, без никаква паника, од голман па преку човек на човек стигнаа до другиот гол и за влакно не погодија. Волку поврзан и трпелив Интер не сме виделе од времето на Мурињо.
Мечот од Лига Европа меѓу Дуделанж и Карабах синоќа беше во прекин, откако некој среде Луксембург се обиде да го испровоцира азербејџанскиот тим со ерменско знаме закачено на дрон, а проблемот е што Ерменија и Азербејџан се од поодамна во војна. Еден од играчите се обиде да го симне, како порано во маало кога ќе ни се закачи топка на дрво. Се посрамоти за сите пари.