Offside

Светскиот првак им приреди хичкок четвртфинале на своите навивачи, кои до 67 минута беа бледи крпа. Египет имаше водство од 2:0, Меси промаши пенал, а потоа се случи аргентинско танго. Ромеро 79`, Меси 83`, Енцо Фернандез 92` за голема победа од 3:2 и четвртфинална битка против Колумбија/Швајцарија.

Уште еден доказ зошто ВАР е многу, многу корисен

Бразилскиот клуб Гремио со 2-0 го победи Либертад во Копа Либертадорес. А можеше да биде поинаков резултат зошто нивниот играч Жеромел во 50’ минута прво доби жолт картон за идиотски фаул, а по консултација со ВАР судијата му покажа црвен.

Како е тоа Доналд Трамп крив што Америка нема да има дрим-тим на Светско

На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.

Мануел Ноер има нешто да ви покаже

Сите знаат дека не го држи место и дека е голман кој го красат разно разни интервенции надвор од шеснаесетник. Ама ова што го направи е некако ептен јак и храбар мад факр потег.

Кога Скопјани живееа по улици и шатори ама дојдоа на Градски за Вардар

На 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе се потсетиме на најтешкиот и најтажниот фудбалски натпревар на кој повеќе се слушало плачење отколку навивање.

Кај е бе овој човек за втор голман

Јуве и Интер одиграа 1:1 на меѓународниот куп во САД, а потоа Бјанконерите славеа 4:3 на пенали. Како да не слават кога имаат ваква људина на гол. Шчесни ќе бил прв, а Џиџи втор голман во неговата последна сезона во кариерата. Сигурни сте за одлукава?

Голман е ова или октопод?

Во тие тон квалификациски натпревари од Лига Европа кои се играа синоќа, се издвои една до сега невидена одбрана која мора, ама мора да ја прогласат за број на 1 годината. Ова е епска реакција со нога, мислиш рака му е и тој екстремитет.

Озил нападнат од крадци со ножеви, Колашинац им скокна со голи раце

Од Лондон пристигнува неверојатно видео на кое се гледа како Месут Озил додека седи во својот џип е нападнат од вооружени крадци, а репрезентативецот на Босна и Херцеговина и бек на Арсенал, Сеад Колашинац со голи раце им се пушта на крадците кои биле на мотор.

Лабав муабет во Хрватска со Диџеј Шекил О`Ниловиќ

Најславниот и најзабавен центар во историјата на НБА од Италија се префрли да пушта музика во Хрватска. 24 сата го начекаа на интервју. Дражен Петровиќ беше неизбежна тема, а ги имаше многу, до тоа кој број на чевли носи. 

Нов испад на Кирјос, го прешкрта името на Ѓоковиќ на маица

Ова веќе нема граници. Австралиецот со грчко потекло Ник Кирјос налетал на еден Американец кој носел маичка со ликот на најдобриот светски тенисер на која пишувало Новак. Му понудил на Кирјос да му даде автограм на маичката, а овој го прецртува името.

Па, добро, сака ли некој да игра за Америка на Светско?

Средата беше уште еден ден кога се појави уште еден твит за уште еден отказ од суперѕвезда во Тимот САД за Мундијалот во Кина за повеќе од еден месец. Како тргнале работиве, големиот Поп ќе мора да крпи со постоечкиот кадар.

Делириум за Де Роси во Буенос Аирес

По 18 години беше принуден да ја напушти Рома која разочара со одлуката да не му го продолжи договорот. Веднаш почна да се шушка за трансфер во Бока Јуниорс и ете го се оствари. Лудница на аеродром за ветеранот Даниеле Де Роси кој вчера наполни 36 години.

Новак е тенисер или филолог?

Англискиот знаеме дека го растура, сме го чуле и после турнир во Рим како добро парла италијански, ама тој да ти знаел да се изрази фино и на француски, германски и шпански. Со се српскиот тоа се 6 јазици, што е огромно богатство, полиглота. Тука му бројат 11, но на другите знае само по некој збор.

Како УЕФА замижила пред кршењето правила од ПСЖ кој дал за реклами

Како тоа ПСЖ во едно исто лето, 2017 ги доведе Нејмар и Килијан Мбапе во своите редови и како потроши преку 400 милиони без да ги наруши строгите правила на финансиски фер плеј од кој настрадаа многу поголеми гигнати?

Рекламен пост на Инстаграмот на Роналдо чини 975.000 долари

Аналитичкиот веб сајт Hopper ги изучил Инстаграм профилите на познати луѓе од разни области (спорт, лајфстајл, фитнес, патешествија, убавина, исхрана итн) и пресметале колку чини рекламен пост на тие акаунти.

Мал скок на Македонија на ФИФА ранг листата

И покрај тоа што немаше никакви активности изминатиов месец, нашиот национален тим оствари каков таков напредок.

Во чест на 116 години старото пријателство, Нотс Каунти бара помош од Јувентус

Во ситуација кога еден од најстарите светски клубови, Нотс Каунти е во тешка беспарица, луѓето од овој клуб и претставници од градскиот парламент решиле да се обратат до италијанскиот гигант со кого имале братска делба во минатото.

Му го зема паметот или така ни се чини?

Извесен Јунес Намли од Данска игра за рускиот прволигаш Краснодар. Со ваков тип на мајмунлоци, крилово не останува во руско првенство. Погледнете како му одигра еден на еден на противников. Го пеплоса.

Мачка влета во терен и прекина контра на Жињак во Јута

За време на мечот меѓу Ријл Солт Лејк и Тигрес во Лига Купот на Северна и Централна Америка, на стадионот „Рио Тинто“ во Јута една мачка толку брзо упадна во терен што го избегна дури и дриблингот на Французинот Жињак од Тигрес. На крај победија гостите со 0-1.

Навивачи на Динамо се бркаа со сатари и чекани

Балканскиот навивачки идиотлук ги надмина своите граници и по примерот на Јужна Америка или Јужна Африка посегна по нешто досега невидено на овие простори. Во судар меѓу двете навивачки фракции на Динамо Загреб (расколот настана кога едни застанаа зад Здравко Мамиќ), хулигани користеа секири, сатари и чекани.

Не за џабе викаат секогаш проверувај што потпишуваш

Стоперот Роб Холдинг веќе неколку сезони е во Арсенал. Важи за одличен дефанзивец, а тој летово е на подготовки со екипата во САД. Таму еден навивач на Тотенхем проба да му протне дрес од Спарс и да го намести, ама Роб го провали на време.

Овации и деби настап за Елмас во Наполи

Елиф Елмас не чекаше долго за прв настап во новата средина или Анчелоти не чекаше многу за да го стави во игра, како сакате. За почеток 20 минути на пријателски меч и воодушевување од публиката кога го видоа.

Не е можно ова да се промаши

Фиорентина загуби од Бенфика 1:2 со гол во 93-та минута на меѓународниот шампионски куп во САД. Загуби затоа што Марко Бенаси го загуби компасот.

Болницата во која се лекува Михајловиќ

Српскиот стратег е во сигурни раце бидејќи остана да се лечи во многу позната болница во Болоња во која за 10 години се направени 427 трансплатации на срце од кои процентот на успешност се движи од 80 до 90%.

Првиот сезонски гол од слободен удар за Роналдо - против Интер

На пријателскиот меч во склоп на подготовките за новата сезона, Интер поведе со автогол на Де Лихт, а Јувентус израмни преку Кристијано Роналдо од слободен удар (топката се одби од Скриниар и смени правец). По голот со Тотенхем, ова е втор на летните подготовки за Португалецот.