Offside

Почна мундијалската драма во нокаут фазата. Бразил се изнамачи против Јапонија и ја елиминираше со пресврт 2:1. Сано даде гол за водство на Јапонија во 29 минута. Неизвесноста ја врати Каземиро во 56-та минута, а човек на одлука беше Габриеле Мартинели во длабокото судиско продолжение. Следен противник им е Норвешка или Брегот на Слоновата Коска.

Прослава на освоен пехар во време на корона

Фудбалот се врати во Германија, Јужна Кореа и Чешка, наскоро ќе се возобноват Премиер лига, Ла Лига и Серија А, но првиот трофеј во ера на коронавирус го освои Ред Бул Салцбург.

Мајсторија на денот

Во четвртото коло од корејската Кеј-Лига, Даегу и Сангжу одиграа 1-1. Бразилецот Цесиња во 51' минута ја поремети гостинската одбрана и голман со маестрален потег со пета.

Во Данска навивачите навиваат преку Зум конференциски повик

Во четвртокот се возобнови и данската фудбалска лига која како и речиси сите други првенства беше суспендирана повеќе од 2 месеци поради глобалната пандемија.

Во шпанска Ла Лига ќе има фудбал 32 дена по ред, Серија А се враќа од 20 јуни

На 11-ти јуни во Севиља ќе се случи рестартот на најдобриот шпански клупски фудбал. Фудбалските власти во оваа земја решија да има предозирање со оваа убава игра.

Во 2009-та Реал направи многу чудна зделка, а агентот го нарекле Коперфилд

Фудбалерот кој секогаш се наоѓа на листите за најлоши и најслаби фудбалери кои некогаш играле во Реал Мадрид и Ла Лига воопшто, раскажа како дознал дека го бара „кралскиот клуб“ и како мислел дека го мајтапат.

Падна компромис - Премиер лига се враќа на 17-ти јуни

Англиската Премиер лига се враќа и тоа во среда на 17. јуни кога ќе се одиграат два одложени меча од 28. коло.

Најдобрата сезона во целата кариера на Буфон

Најдобриот италијански голман на сите времиња, Џанлуиџи Буфон во сезоната 2002/2003 бранеше абнормално. Немаше натпревар а да не направи спектакуларна парада или да го одбрани голот после еден-на-еден со противнички напаѓач. Најзаслужен беше што Јувентус стигна до финалето на Лигата на шампионите таа 2003-та.

Лудиот корнер на Мексико - Тринидад

КОНКАКАФ Голден Куп 2015-та. Во групната фаза, во Шарлот играат Мексико и Тринидад и Тобаго. На стадионот 50.000 Мексиканци кои при резултат 4-3 во 90+3' минута фрлаат сè и сешто за време на еден корнер на Тринидад. И паѓа гол за 4-4.

Тони Кукоч освои практично сè во Европа и НБА, но не го ценат доволно

Детето од сплитската рива морал да помине мошне трнлив пат и да ги придобие симпатиите на Мајкл Џордан и Скоти Пипен, кои неправедно биле груби кон него дури и тогаш кога не го познавале.

Во Чешка фудбал се гледа од коли на паркинг со пиво и хот-дог

Во средата се врати и фудбалското првенство на Чешка. Дербито на колото се играше во Прага каде Спарта ја пречека Викторија, но поинтересно беше во Плзен.

Тенис во Прага со препораки и мерки

Чешка беше една од првите европски земји која ги олабави строгите рестриктивни мерки за време на пандемијата од КОВИД-19. Таму веќе се игра и еден сериозен тениски турнир за жени.

Прицни ентер, пушти глас нека има од навивачи

Некои телевизиски канали за време на преносите од Бундеслига, решија во позадина да пуштаат аудио снимки од навивачки реакции, навивања, скандирања. Колку толку да им направат интересно на гледачите кога нема публика на трибините.

Кога Дражен Далипагиќ го победил Џордан

Малку е познат натпреварот меѓу најдобрите колеџ кошаркари од САД против најдоврите играчи од Европа, дуел на кој Далипагиќ го издоминирал младиот Мајкл.

Дриблингот на Караско со кој се завршува кариера

Атлетико Мадрид против ПСВ Ајндховен во групна фаза од Лига на шампиони. Јаник Фереира-Караско во еден момент шина еден противнички бек.

И тоа има - шкотски клуб со Твитер анкета прашува дали да го задржи голманот

Шкотскиот фудбалски клуб Ливингстон, познат во овие краишта преку обложувалниците, реши да се консултира со своите навивачи околу останокот на еден од голманите во клубот

Новинарката која го погали Федерер по гради па мораше да се извинува

Општо е познато дека спортските новинари немаат право да навиваат за некој од тимовите или играчите кои се натпреваруваат.

Светска класа бек - трчаше 35 км/час и го скроти Халанд

Баерн ја победи Борусија во Дортмунд со 0-1 по фантастичниот лоб-гол на Џошуа Кимих, ама Баварците за трите бода и сега +7 пред Борусија треба да му се благодарни најмногу на левиот бек Алфонсо Дејвис.

Карамбол па смешен автогол

Буквално во последните секунди од мечот Јан Регензбург - Нирнберг (2:2) во германската втора Бундеслига, по еден циркус во домашниот шеснаесетник, Тим Книпинг си даде ефектен автогол со глава и му дозволи на Нирнберг да однесе вреден бод во борбата за опстанок.

А Суарез кога бараше игра со рака од голманот?

На Копа Америка 2019, големо дерби Чиле против Уругвај. На теренот ѕвезди како Форлан, Кавани, Суарез, Алексис Санчез, Видал, Клаудио Браво. Во еден момент од првиот дел, Суарез пробува да го зезне Браво па уште и бара играње со рака од него.

Рик Бери - шампионот со најсмешни и најпрецизни слободни фрлања во НБА

Во 1975-та ги води Вориорс до прва историска титула во НБА и го бираат за МВП на финалната серија. Се памети по уникатниот стил на изведување слободни фрлања.

Како лисецот со кој Јувентус освои 15 трофеи за 12 години го насамарил Интер

Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.

Фудбал се игра и во Чаир и во Стразбур

Француските власти се во шок откако на Интернет се појавија видеа и фотографии на кои се гледа како стотици навивачи гледаат нелегален фудбалски меч и влетуваат во терен.

Кристијано веќе прави шоу на тренинг

По скоро два месеци пауза без тренинзи во клубот, Кристијано се врати од Португалија и веќе неколку дена тренира во базата на Јуве каде се спремаат за продолжување на Серија А.

После цели 76 дена, вечерва ќе има јак фудбал и големо дерби

Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата