Offside

Никола Јокиќ и следната сезона ќе игра за Денвер Нагетс но се очекува тандемот со него повеќе да не го сочинува Џамал Мареј, туку во Колорадо да пристигне друга ѕверка.

Асистенцијата на Бензема за која зборува цела Европа

Реал Мадрид го реши Еспањол на гости со 0:1, ама никој не зборува за единствениот гол на средбата кој го постигна Каземиро, туку за асистенцијата на кариерата на Карим Бензема.

Барди е мајсториште и од игра, не само од прекин

Леванте има 2:0 на полувреме против Бетис, а тоа е затоа што го има Енис Барди. Македонскиот репрезентативец не игра на позиција напаѓач, ама погледнете го како се однесува кога ќе прими топка во напад, како врвен голгетер. Втор негов после долгата пауза.

Слободен удар на годината во Словенија

На шест кола пред крајот словенечката прва лига можеби е најинтересна во овој дел од Европа. Во борба за титула се три клуба, Олимпија Љубљана (56), Цеље (55) и Марибор (55) кој со 4 победи по ред се врати во игра. Синоќа на мечот Алуминиј - Целје, Митја Лотриќ даде страшно голчиште.

Каква мангупарија и направи Меси на Селта

Кај што е генијалец, па уште е и итар. Цела тим на Селта влезе во шеснаесетник за да го спречи неговиот слободен удар и цела планета мислеше дека ќе шутира. Но мајсторот на фудбалската игра од нетипична ситуација за асистирање, го најде Суарез на втора.

Гол на Алиоски, важна победа на Лидс кој ита кон Премиер лигата

Само 11 минути игра му беа потребни на Алиоски за да се запише на листата на стрелци на денешниот натпревар кој Лидс го доби убедливо со 3:0 против Фулам. Џани влезе на полувреме и погоди во 56-та минута и сега Лидс има 74 бода, 3 бода повеќе од второпласираната ВБА.

Твит на денот

Што се смеете? Човекот си е од збор. Сега таа е на потег.

Супер кореографија на навивачите на Зенит

Рускиот шампион Зенит е близу до нова титула во тамошното првенство, а пред мечот против Крилја Советов навивачите од Санкт Петербург короната ја заменија со фудбалска топка.

Каде е Гери Невил?

Ливерпул може да ја освои титулата и можеби ќе треба да се преселам во Папуа Нова Гвинеја, рече легендарниот бек на Манчестер Јунајтед. Изјава од која произлезе врвен трол на негова сметка.

Ај полека со кавгите, Тале пее и за Вардар

Еден тон луѓе се испокараа по Фејсбуци, како така Филип Талески се дрзнал да пее песна за Металург кога само што стана играч на Вардар. Едни го напаѓаат, други го бранат, а ние како што е редот ја објавуваме и втората снимка од истата забава.

Пред 8 години животот си го нарече ѓубре, а сега е на врвот во кариерата

Еден од јунаците на Ливерпул бил до толку очаен на почеток на фудбалската кариера, што меѓу другото на Твитер напишал дека бара работа.

Да го видите Енфилд како изгледа после прославата

Триесет години чекаа титула и дочекаа. Никакви апели, барања и молби не ги спречија навивачите на Ливерпул, во илјадници да се зберат пред нивниот храм на фудбалот и цела ноќ да слават шампионска титула. Само тоа што останало после нив е мизерно.

Круша под круша паѓа - 5 годишниот син на Кими Раиконен вози па растура

Светскиот Ф1 шампион од 2007-ма година го спрема својот наследник за автомобилизам, па ништо чудно ако еден ден го видиме во Формула 1.

Јирген Клоп - Оne man show

Од журката на Ливерпул се знаеше што се чека. Денсот на царот кој се отвори јако пред екипата. Има право да одлепува колку сака. Ги направи европски, светски, па англиски прваци. Растурај царе.

Кога еден обичен мејл го спасил Ливерпул од банкрот и го направи тоа што е денес

Ако некоја од големите продуцентски куќи го снимала одблизу амбиентот во новиот англиски првак од 2010 до 2020, би можел да се појави документарец за Оскар. Денес ретко кој памети дека Ливерпул губеше од четвртолигаши и беше пред колапс.

Вардарецот Талески ја пее химната на Металург

На ФБ страната „Фанови на СД Вардар Скопје“, се појави видео на кое Филип Талески на приватна забава ја пее химната на Металург заедно со поранешните клупски колеги од Автокомадна, Кузмановски, Пешевски и Томовски.

Како се славеше на Енфилд Роуд доцна синоќа

И покрај сите препораки и мерки од медицинските лица, од здравствените власти, од полицијата па дури и од нивниот тренер, навивачите на Ливерпул не можеа да оддолеат и да не излезат на улица да ја прослават првата шампионска титула после цели 30 години!

Гол кој се гледа неколку пати, не само еднаш

Луд меч со дури 5 гола одиграа Брага и Виториа Гимараеш во Португалија. Во првите 45 минути паднаа 4 погодоци од кои оној на домашниот играч Тринкао за 2-2 во 42' минута се гледа неколку пати.

Фудбалерите на Ливерпул заедно одбројуваа до историскиот момент

Математиката синоќа беше јасна. Челси требаше да го совлада Манчестер Сити со што и официјално титулата е решена. Мечот заврши 2:1, а тоа значи Ливерпул 86 бода, Сити 63 или предност од 23 бода на 7 кола до крај. Играчите ја гледаа заедно и со душа го чекаа поледниот свиреж на Стемфорд Бриџ. Ова се снимки за историја.

11.016 дена меѓу шампионските титули на Ливерпул

Веднаш по завршувањето на мечот Челси - Манчестер Сити (2:1) кога стана јасно дека Ливерпул е нов шампион на Англија и тоа на цели 7 кола пред крајот, илјадници навивачи излегле на градските улици.

Првата реакција на Клоп по освоената титула на Ливерпул

Јирген Клоп е во клубот само пет години во кои се бореше и на крај ја достигна целта, но навивачите чекаа 30 години, исто како и клупските легенди Стивен Џерард и Кени Далглиш. Царот, се појави пред камера возбуден со солзи и им ја посвети титулата на нив.

Кое е 15-годишното дете кое заигра против Реал и постави рекорд

Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.

На Реал не му треба напаѓач, Рамос е врвен стрелец

Реал Мадрид го задржа првото место во Ла Лига откако синоќа со 2:0 ја совлада Мајорка. Во последните две кола победничките голови ги даде капитенот и штопер Серхио Рамос кој урна неколку рекорди.

Снајдер во Реал Мадрид го утнал друштвото

Холандскиот фудбалски ас кој заедно со Пандев ја славеа историската тројна круна во Интер, утре ќе ја објави својата автобиографија. За делот од кариерата поминат во Реал, има неочекувано признание за споделување со светот.

Холандија ќе враќа гледачи на стадион ама со забрана да пеат и викаат

Фудбалската сезона во Холандија заврши меѓу првите неколку во Европа кои уште во април решија да стават крај на актуелната поради глобална пандемија со вирусот.