Во Бризбејн (Австралија) на меч од Националната рагби лига на трибините се собрале околу 50.000 гледачи и речиси никој од нив веќе не размислувал за препораки, мерки, дистанца, маски.
Властите во државата Квинсленд ги тргнале ограничувањата за спортските арени. Претходно смееле да исполнат 75% од вкупниот капацитет, сега нема ограничувања.
„Мислам дека жителите на Квинсленд ќе бидат многу, многу задоволни од таквата одлука. Дајте да го исполниме „Санкорп“ и да ги бодриме нашите играчи“, рекла Анастејша Палашук, прв човек на Квинсленд.
Еве како изгледале трибините за време на мечот меѓу Квинсленд Марунс и Нов Јужен Велс:
На Арената „Санкорп“ дошле 49.155 луѓе, а стадионот има капацитет од 52.500. Ова е рекордна посетеност за време на пандемијата. Претходно рекордот неколку недели го држеше мечот меѓу репрезентациите на Нов Зеланд и Австралија во Окленд во октомври кога дошле 46.061 гледачи.
Еден од најзаслужните за ова е Питер Вландис, претседател на комисијата на Австралиската лига. Благодарение на неговата соработка со здравствените власти, со владата и лекарите, рагбите во Австралија продолжило да се игра уште на 28 мај (претходно заигра само германската фудбалска Бундеслига).
Поддршката од трибините добро им дојде на домаќините кои славеле со 20:14
Кој би рекол пред една година дека ќе жалиме по вакви кадри?