Италијанците ја совладаа БиХ со 0:2 и со тоа ја освоија групата каде противници им беа уште Холандија и Полска. На гостувањето отпатуваа без селекторот Манчини кој е позитивен на Ковид 19, но без разлика на тоа направија штос за и тој да биде на крај дел од славјето.
Како? Многу едноставно. Цела селекција се собра на куп за да може најсликовито да му се пренесе победничката енергија од Сараево, која општо владее во репрезентацијата, а Манчини го вклучија на видео камера.
И покрај тоа што е во домашна изолација, тој ништо не пропуштил од подготовките за завршиот удар во Лига на нации каде Италијанците ќе играат во плејоф.
„Бев во постојан контакт со нив и ги гледав сите тренинзи. Подобра е кога е човек на терен, отколку дома, но моите помошници и цел стручен штаб беа одлични и заедно со играчите завршија голема работа. Нема да биде лесно да се одберат 23 играчи за Европското, бидејќи имам многу шампиони“, изјави италијанскиот селектор кој го сподели видеото на Твитер и напиша:
„Квалификувани сте. Честитки за резултатот кој го посакувавте и го заслуживте. Поздрав и до тие што не можеа да настапат и на новите играчи. Заедно бевме дел од овие прекрасни две години. Благодарност до стручниот штаб и до сите.
Инаку Манчини ја препороди Италија која се посрамоти во светски рамки со неговиот претходник Вентура кој не успеа да ги однесе на Мундијалот 2018. Манчо стигна до рекордни 11 победи во низа, а во моментов е во страшна серија од 22 меча без пораз.
Qualificati! Bravi e concentrati per un risultato voluto e meritato! Un pensiero anche a chi oggi non c'era e ai nuovi appena arrivati! Insieme abbiamo contribuito a questi 2 anni meravigliosi. Grazie allo staff e a tutti. Straordinari!!!#Mancio #NationsLeague #BosniaItalia pic.twitter.com/cwxZw3B4J9
— Roberto Mancini (@robymancio) November 18, 2020