Offside

Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.

Генијалната асистенциjа на Кансело и бомбата на Родри

Манчестер Сити убедливо со 3:0 го доби Евертон, победа со која се држи втор на -3 од лидерот Челси. Мора да издвоиме два јаки моменти од мечот, а тоа е асистенцијата на Жоао Кансело први првиот гол и проектилот на Родри за 2:0. Воопшто не ни требаше да се фрла голманот.

Ѕвездата на Реал издрибла цела екипа па од фрустрација го искршија

Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти продолжува прави попара во шпанската Ла Лига и после 13 кола е прв на табела со 30 бода (9-3-1) и меч помалку од првиот следбеник Реал Сосиедад. Реал минатиов викенд сњо 1-4 ја згроми Гранада на гости.

Бодо Глимт сме ние, за 24 минути џам го правиме теренот

Се прославија против Рома, која ја попарија дома со 6:1. Викендов играа против Лилестром кој го совладаа со 2:0, меч кој доби продолжение од 24 минути поради обилни вржени од снег. Што ти е машина и брзина. Кај нас вака кога врне, го одложуваат мечот и два дена го чистат теренот со лопати.

Баерн нема да плаќа невакцинирани играчи во изолација, тренер на Вердер Бремен обвинет дека имал лажен сертификат

Германската јавност се соочува со жестоки дебати и дискусии какви што има во секоја земја. За или против вакцина е прашањето кое се поставува често.

Емотивно збогување на Солскјер со навивачите на Манчестер

По стаж од три години, Оле Гунар Солскјер се разделува со Манчестер Јунајтед. Клуб во кој освои 12 трофеи како играч, но нула како тренер. Најголемиот успех му беше второ место во Премиер лига и финале во Лига Европа.

Нов прекин во Франција, верувале или не, пак со Марсеј и Паје

По којзнае кој пат сезонава, во француската Лига 1 дојде до нереди и до целосен прекин на меч. Во францускиот фудбал никогаш немало сезона со толку прекини, а уште не се ни до пола со одиграни кола.

Џокер на Рома роден 2003-та, ја реши Џенова со два комада и си доби чевли од Мурињо вредни 800 евра

Андриј Шевченко дебитираше на клупата на Џенова, а капитенската лента му ја даде на Горан Пандев. Но шоуто им го украде анонимус од Гана по име Феликс Афена Гјан кој има само 18 години.

Леброн Џејмс спаси жива глава, Стјуарт сакаше да го линчува

Старите ривали Детроит и ЛА Лејкерс некогаш водеа битки во легендарната „Palace of Auburn Hills“, а синоќа во „Little Caesars Arena“ играчи од двата тима направија голема тепачка.

Марко Ливаја даде гол па се степа со навивач на Ријека

Едно од надраматичните дерби соочувања викендов беше јадранското, каде паднаа 5 гола, ќотек, пресврт во 98-ма минута, влетување на навивачи на терен, фрлање факели, пресметка на трибини.

Две голчишта на Наполи и прв пораз во Серија А

Покрај Милан, прв пораз во 13. коло од Серија А бележи и Наполи. Овие две екипи се и натаму на делба на првата и втората позиција, но Интер вечерва им се доближи на -4, откако ги совлада Наполитанците со 3:2. Елмас влезе во 75 минута. Две 100% шанси испуштија избраниците на Спалети во судиското продолжение.

Канте е тоа, внимавај колено да не исчашиш

Челси го совлада Лестер на гости со 0:3, а Вилфред Ндиди освен на колената, се жалел и на вртоглавица откако се обидел да му ја земе на Канте.

Шампионски автогол на деценијата

Во Италија, четврта лига падна автогол по кој на несреќникот еден месец нема да му се излегува од дома. Фантазија од потег кој нема начин како да се надмине.

Како изгледа блокада од највисокиот играч во НБА Тако Фол

Голден Стејт Вориорс продолжува да меле и благодарение на чудесниот Стеф Кари има учинок 13-2 од старт на новата сезона. Ако лани беа убедливо најслаби во лигата по многу параметри, сега „воините“ неочекувано растураат. Го совладаа синоќа Кливленд 104-89 а мечот донесе и една јака банана на 25-годишниот Сенегалец Тако Фол кој од 27 септември игра за Кавалирс.

Што ви е секогаш крив судијата?

Уште 100 години да нафрла нема да му успее ова. Легендата вели дека после овој натпревар, судијата барал да биде ангажиран само во ВАР собата.

Мурињо одби трофеј и избега со кола

Таканаречениот „Златен тапир“ кој го доделува познатата хумористична емисија „Striscia La Notizia“ како „признание“ на тие што ќе разочараат, дојде ден да го прими Жозе поради петте порази на Рома по првите 12 кола во Серија А. Но Португалец го одби лузерскиот трофеј и им одговори дека не сака да му доаѓаат дома.

Снимај брат, сега ќе дадеме гол

На радоста на головите на Македонија им нема крај. Порано гол не можевме да дадеме, а сега тие станаа рутина и вредат историја. Најслатко е кога ќе фатиш некој со телефон, како овој на Елмас против Исланд за 2:1, за делириум во друштво, на трибина и на цел стадион.

Голманката на женската репрезентација на Иран за која тврдат дека е маж и се крие

Веќе неколку дена светските медиуми по вревата која што ја кренаа од фудбалскиот сојуз на Јордан, пишуваат за голманката на репрезентацијата на Иран, Зохре Кудаеи.

Легендата за новиот македонски јунак: Дијамант брусен во слаткарница

Најважно е што тој гордо и со емоции ја пее химната, а кога игра за Македонија го дава последниот атом на сила. Една мала анегдота: Елиф знае да ги прави најдобрите тулумби и колачи. Барем така велат неговите соседи. Да не беше фудбалер, сигурно и тој ќе беше слаткар.

30 години од танцот на Дејан Савичевиќ на „Олд Трафорд“ против Манчестер

На денешен ден, 19 ноември во 1991 година на култниот стадион во Манчестер се одигра 17. издание на Супер Купот на УЕФА (во тој момент наречен Суперкуп на Европа). Се играше како и сега, еден меч меѓу победникот на Купот на европски шампиони (денес ЛШ) и победникот на Куп на победници на Купови (денес Лига Европа).

Капитенот Ристовски го пецна Бруно Фернандеш од Манчестер

Заслужено, Стефан Ристовски ја наследи капитенската лента од легендата Горан Пандев. Рики е прав лидер, како на терен, така и надвор од него, секогаш спремен да се бори до крајни граници. Сега пред него и Македонија се големи предизвици: ждрепка за бараж, полуфинале и посакуваме големо финале за пласман на Светско.

Јокиќ како обезбедување, го смируваше тренерот да не се степа

Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, постигна 30 поени (7/13 за два, 3/4 за три и 7/9 слободни фрлања) со 7 асистенции и 1 блокада. Но неговиот Денвер Нагетс на крајот изгуби убедливо со 103:89 од Филаделфија. Мечот го одбележи инцидентот кој го направи тренерот на Нагетс Мајк Мелоун кој после шест минути игра во трета четвртина беше исклучен поради приговор.

Историски момент за ракометот, Тимур Дибиров стигна до 1.000 голови во ЛШ

Легендарниот Русин кој и на 38 години упорно гине за дресот на Вардар, стана четвртиот играч во историјата кој успеа да стигне до големиот јубилеј. Другите тројца кои го имаат остварено овој подвиг се Кире Лазаров, Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.

Изумителите на спрејот кој исчезнува бараат пари од ФИФА, ФИФА се прави неука

Исчезнувачкиот спреј во светскиот фудбал се појави за првпат во 2014-та година за време на Светското првенство во Бразил и беше прав хит, како за гледачите, така и за судиите и за играчите.