Во поновата историја на италијанско не се памети ваква сезона, три па и четири екипи да се борат за Скудетото. Никој не успеа да се издвои со голема бодовна разлика и да ги поздрави конкурентите, па затоа сега имаме ваква ситуација која се очекува да станува сè подраматична.
И покрај тоа што росонерите на последните три средби имаат постигнато само еден гол, сè уште се први на табела, но ако актуелниот шампион на Италија ги победи сите натпревари до крај, тоа значи дека ќе ја одбрани титулата.
Тоа е бидејќи Интер има еден заостанат натпревар на гости со Болоња, кој треба да го одигра на 27 април, а е на -2 од градскиот ривал.
Милан 68, Интер 66, Наполи 66, Јувентус 62. Тесно, претесно. За фаворити е неблагодарно да се зборува. Она што се забележува во распоредот е дека Милан треба да се соочи со три екипи кои се во битка за Лига Европа, плус две гостувања кај незгодните Верона и Сасуоло.
Кај Наполи и Интер најтешкиот противник им се вика Рома со која се среќаваа следниве две кола, а Јувентус во финишот сезоната ја завршува со Лацио и Фиорентина. Ќе биде јако и неизвесно. Остануваат уште шест рунди.
МИЛАН
Милан – Џенова
Лацио – Милан
Милан – Фиорентина
Верона – Милан
Милан – Аталанта
Сасуоло – Милан
НАПОЛИ
Наполи – Рома
Емполи – Наполи
Наполи – Сасуоло
Торино – Наполи
Наполи – Џенова
Специја – Наполи
ИНТЕР
Специја – Интер
Интер – Рома
Болоња – Интер
Удинезе – Интер
Интер – Емполи
Каљари – Интер
Интер – Сампдорија
ЈУВЕНТУС
Јувентус – Болоња
Сасуоло – Јувентус
Јувентус – Венеција
Џенова - Јувентус
Јувентус – Лацио
Фиорентина - Јувентус