Првиот фудбалер на светот во ХХI век со 50 хет-трика во Топ5 лигите

Португалецот Кристијано Роналдо сам го реши Норвич и со хет трик му донесе злато вредни три бода на Манчестер Јунајтед (3:2) кој остана во трката за место кое води во Лига на шампиони.

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во ХХI век кој постигнал неверојатни 50 хет-трика, натпревари на кој дал по најмалку три гола во Топ5 лигите.

44 хет-трика има во дресот на Реал Мадрид а по 3 за Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Со трите гола на мечот на Јунајтед против Норвич (3:2) во 33. коло од Премиер лига Кристијано Роналдо стана играч со вкупно 60. јубилејни хет-трик учиноци во кариерата. 10 од нив му се во дресот на Португалија.

Ова е светски рекорд. Втор на таа листа е Лео Меси кој има 5 хет-трика помалку. Евроголот од слободен удар на Роналдо против Норвич му беше негов 58-ми погодок од слободен удар во кариерата.

Кристијано немаше погодок цел месец, последен пат стрелаше против Тотенхем на 12 март.

Сезонава 37-годишниот Кристијано има 21 гол и 3 асистенции на 35 меча во сите натпреварувања за Манчестер Јунајтед. 

На мечот со Норвич Роналдо го отвори резултатот во 7' минута кога тинејџерот Ентони Еланга одлично му асистираше, Португалецот излезе сам пред голманот и тука е бескомпромисен.

Интересно младиот Еланга кој реши да игра за Шведска, го прослави голот заедно со Роналдо на традиционален начин со Португалецот кој скока и во вис го вика препознатливото „сиу“. Необично, разликата во години меѓу Еланга, асистентот и Роналдо стрелецот на голот е 17 години и 81 ден!

На 2-0 Роналдо зголеми во 32' минута после корнерот на Алекс Тељес

Но гостите не се предадоа и успеаа да се вратат резултатски, израмнија 2-2 и веруваа во голем бод од „Олд Трафорд“.

Но во 76' минута Роналдо распали силно од слободен удар и постигна прекрасен гол за хет-трик на мечот.

Последен пат Португалецот даде гол директно од слободен удар во септември 2020-та година против репрезентацијата на Шведска во Лига на нации. Од тогаш до сега поминаа 585 дена. Последен гол од слободен на клупско ниво даде во јули 2020-та против Торино во дресот на Јувентус и тоа пред цели 681 ден!

17 април 2022 - 11:28