Offside

Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.

Ви текнува на Фабрицио Миколи? Ене го ќе оди во затвор, станал мафијаш

Ако Винченцо Јакинта, некогашниот фудбалер на Удинезе и Јувентус ја запрепасти јавноста откако беше приведен и затворен поради мафијашки дела, голем шок за носталгичарите на Серија А е и веста за пресудена затворска казна за некогашниот шпиц на Јувентус, Бенфика, Палермо.

Лудата реакција на Силва со која не дозволи гол-гол на Стемфорд Бриџ

Бразилскиот ветеран кој после толку освоени трофеи, пехари, медали, уште игра стабилно и добро за својата репрезентација и за Челси, синоќа на мечот со Јувентус командуваше со одбраната на сините. Во еден момент спаси чист гол на италијанскиот тим со реакција во која дури и се повреди.

Јак маалски потег на Лука Дончиќ

Фантастичниот словенечки репрезентативец реши и под повреда и силни болки да игра против ЛА Клиперс. Неколку дена паузираше поради повредата, но изјави дека многу е нервозен кога седи на клупа а не може да помогне. Неговиот Далас Маверикс го урна фаворитот ЛА Клиперс 112:104 после продолженија. Лука уфрли 26 поени со по 9 скока и асистенции. Во трет период постигна дури 16 поени.

Поништеното голчиште на Отаменди поради лошо изведен корнер

Барселона и Бенфика одиграа без голови, ама неколку пати го креваа адреналинот кај публиката на Камп Ноу. За играч на мечот е прогласен Отаменди поради одличните интервенции во одбрана, но Аргентинецот за малку и ќе го решеше мечот со атрактивен погодок.

Ај без карање дечки, ќе го решиме ова како мажи

Тројца го допревме дресот, кој тепа на лист, камен, ножички, негов си е, може така?

Без гајле момци, ќе ја шутирам директ во гол

Голејадата во Лига на шампиони се случи на мечот Јанг Бојс - Аталанта, конечни 3:3, а точка на мечот на 2 минути до крајот стави Луис Муриел. Многу мајсторски и штосно изведен слободен удар. Ем преку жив ѕид, ем ниска на гол линија, да тапне таму кај што не се брани.

Промашување на годината на сред „Камп Ноу“ во 93-та минута

Репрезентативецот на Швајцарија Харис Сеферовиќ можеше да се прослави и да биде главен јунак на вечерта во Лига на шампиони, но се посрамоти со неверојатен зицер против Барселона среде „Камп Ноу“. Барса и Бенфика одиграа без голови, патникот во следна фаза меѓу овие два тима ќе се решава во последно коло, а Сеферовиќ можеше на Португалците да им донесе голема предност.

Туку што беше со голот на Левандовски?

Во 5. коло од групната фаза во Лига на шампиони, гигантот Баерн Минхен ја преброди студената снежна вечер во Киев и со 1-2 го доби Динамо и Баварците со 15 бода (учинок 5-0-0) се апсолутни лидери на табелата. Роберт Левандовски даде страшен гол во 14' минута за 0-1, еврогол кој уште долго ќе се врти по најавни шпици.

Децата на Челси го растурија Јувентус, Барса пред амбис

Менаџерот на Челси Томас Тухел на преубав начин го одбележа јубилејот 50. меч на клупата на сините со убедлив триумф над Јувентус. Манчестер Јунајтед успешно го преброди гостувањето кај Виљареал, а Јанг Бојс и Аталанта одиграа луд меч со 6 гола.

Шведски снежни фудбалски моменти

Откако во градот Естерсунд и во други шведски градови напаѓал снег, а фудбалските првенства им се пред крај, мечот меѓу Естерсунд и Мјалби за малку ќе се одложел поради такви временски услови. Ама на крај одиграле, присутните навивачи уживале, а гостите победиле 0-2 и однеле три важни бода во борбата за опстанок. Естерсунд одамна е испаднат во втора лига како последен на табела.

1 минутно одлепување на босански коментатор

„Не знам кого би можеле да гледаат овие три девојки кои седат тука. Мене сигурно нема“.
„Мечка се жени“. Ова се само два од коментарите на Босанецот, опседнат со љубовниот живот на играчите. Не сте чуле полудачки пренос.

Каков е ритуалов што го вовел Чави во Барселона?

Новиот тренер на Барса, легендарниот Чави со победа ја тргна авантурата на „Камп Ноу“ и тоа во дерби против градскиот ривал Еспањол. Победија 1:0 со гол на Мемфис Депај од пенал во 48’ минута. Чави вовел некои новости во екипата, некои се строги принципи ама и некои невообичаени ритуали на тренинг за јачање на морал.

Евроголот на неделата стигна од Полска

Во меч од 15. коло на полската Екстракласа, Краковија прекина серија од два порази со триумф од 1:0 над Раков. Еврогол даде Отар Какабадзе со шут од далечина.

Голот број 1 на колото во Серија А е дело на Кеита

Се калеше во Ла Масија заедно со Давид Бабунски од каде направи трансфер во Лацио, каде играше четири сезони. Потоа настапуваше за Монако, а од таму беше позајмуван во Интер и Сампдорија. Ако сте го заборавиле, да знаете дека оваа сезона е член на Каљари, клуб кој и не е баш адекватен за неговите квалитети. Погледнете каква акробација изведе против Сасуоло. Маестрален потег.

Слабости кои може да доведат до катастрофално Светско првенство во Катар

Една од најбогатите земји на светот пред неколку години ја доби организацијата на вториот најголем настан на светот, фудбалскиот Мундијал. Домаќинството значи голема чест, но и голема одговорност.

Каде почна да го чува фломастерот асистентот на Жељко Обрадовиќ?

Пред дваесетина дена се појави видео од мечот Партизан - Хувентуд во Еврокупот кое стана хит. Жељко вика тајм аут и на асистентот му бара табла за цртање тактика и фломастер. Таблата ја добива веднаш, ама фломастерот заглавува откако асистентов го фаќа паника.

Солскјер се враќа во своето рибарско место каде топло го пречекаа

Меѓу незадоволните навивачи на Манчестер Јунајтед кои со право беа фрустрирани поради катастрофалните резултати на скапата екипа, а на кои чашата им ја прелеа дебаклот од Вотфорд (4:1), имаше и такви кои пишуваа коментари „Солскјер да си оди по риба“. Интересно е што Оле стварно потекнува од рибарско место.

Циркузантски гол од карамбол и две мајстории во Торино

Фудбалерите на Торино понеделнички го совладаа Удинезе со 2:1, натпревар од кој вреди да се видат сите три гола. Илија Несторовски повторно беше во тим по долгата пауза, ама сè уште не добива шанса.

Мизерија во женскиот фудбал во Романија од епски размери

Без разлика што се работи за трета лига, ова треба да е најлошиот фудбалски терен во историјата кој некогаш се појавил на интернет. Кога веќе има судии, главното прашање е зошто воопшто почнале да играат? Па диви свињи не би стапнале овде.

Жозе Мурињо, ветено сторено

Тинејџерот на Рома Феликс Афена Гјан доби ветување од Мурињо дека ако даде гол против Џенова, ќе добие патики од 800 евра кои многу му се допаѓање. 18 годишниот напаѓач даде два, а Жозе следниот ден ги набави и му ги даде лично. За тоа е цар, кога ќе вети нешто ветено е.

Фото на колото за која како да ви кажеме

Викендов се играше Лацио - Јувентус, меч од кој на социјалните мрежи кружи фотографија за која штета што нема инфо. Барем да дознаевме од каде е ликов.

Чиро Имобиле стана судија

Првиот стрелец во италијанската Серија (делат лидерска позиција со Душан Влаховиќ со по 10 гола) и кога не игра фудбал е во центар на вниманието. Омилен меѓу тифозите на Лацио кои пред дербито со Јуве го испочитуваа максимално.

А ја видовте ли комедијата во Чемпионшип?

На толку фудбал викендов, ќе се најде и по некој лик како голманот на Дерби, Келе Рос кој си го искомпликува својот живот  и на цела екипа на мечот против Борнмут. Среќа 3:2 тепаа, инаку ќе јадеше ластици.

Најубав слободен удар на колото

Пиза игра супер сезона во италијанската Серија Б и во моментов по 13 средби е на второ место со 25 бода, само два помалку од лидерот Бреша. Во неделата играа против Беневенто и победија 1-0 со неверојатниот гол на 25-годишниот Израелец Јонатан Коен.