Втор автогол на Зајков за неколку дена

Повремениот македонски репрезентативец Ѓоко Зајков постигна три гола на три меча но два во своја мрежа откако се врати во бугарскиот фудбал пред пар недели. Зајков е член на Славија Софија која во неделата изгуби 4-1 од Лудогорец кој на тој начин ја освои 11-та шампионска титула.

Ѓоко Зајков пред четири дена си даде автогол во Купот на Бугарија против ЦСКА Софија (0-2), после тоа го постигна првиот гол по враќањето во Бугарија, во поразот на Славија 1-2 од Ботев Враца, а сега си даде втор автогол:

 

18 април 2022 - 08:38