Offside

Спремете се за 25 секунди нестварен финиш во финален пинг понг натпревар, кој пазете, го губи Кинез, инаку поранешен светски првак. Цела сала е во делириум, на победникот не му се верува, а на шведско-кинеската пресметка урлаат француски коментатори.

Пријави се на Sinalco PES Balkan лигата и играј за фонд од 5.000 евра

По успешно одржаните 2 сезони досега, со гордост ви најавуваме дека Македонија и оваа година ќе земе учество во најголемата Балканска лига за eFootball и Esports, Sinalco Blakan PES 2021!

Единствениот стадион во Македонија каде има публика

Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум е единствен во земјава на чиј стадион редовно има стотина гледачи. Екипата немаше пораз точно една година (10 меча по ред), од 3 март лани, ама денес таму 3 бода освои Пелистер со гол во 90+2' минута. Слушнете рафални пцовки кон судијата кој не досуди очигледен пенал за Струга во последните секунди од мечот.

За ова во маало се јадеше чакмак

Алжирската втора лига си направи лоша реклама и стигна до весник како Марка, само поради едно невоспитано дете задолжено за собирање топки. Бајаги се опушти малиот и заслужено доби црвен картон.

Стружанец погоди точен резултат 2:5, коефициент 125

Puszcza Niepołomice vs Arka Gdynia. Ова не се чита, не па да се погоди, а се работи за меч од полски Куп на две екипи од втора лига. Не е лошо да се појде до Струга за да го запознаеме царов и да видиме што е муабетов со синглов. Или доволно е следниот пат да ни пише, ама пред да уплати.

Ибра до Амадеус: Кој ти рекол дека ти си директор на Сан Ремо?

Славниот фестивал синоќа барем на кратко беше во рацете на Златан, а петте минути кои му ги даде водителот, фудбалерот на Милан ги искористи на свој начин и постави нови правила на Сан Ремо.

Мајсторијата на Шилегов од мртов агол заслужено во топ 5

Со ремито против Адемар Леон, Металург ги заврши настапите во Лигата на Европа сезонава. Атракцијата на Мице Шилегов во стилот на Дибиров влезе во топ 5 листата на најјаки голови во последното коло од групната фаза во ова натпреварување.

Регбол - спорт кој само на Русин може да му текне

Се игра на кошаркарски терен. Регбол е екипен спорт со елементи на борење, кошарка и рагби. Нема чекори, дупла, погрешно водење итн. Се трча со топка па кој е појак и попрецизен победува. Во Русија првото првенство во регбол се одиграло во 1999-та, а во новемри 2003-та е признат како нов вид спорт со своја федерација.

Поранешниот капитен на Македонија Митрески: „Путин е многу почитуван во нашата земја“

Македонија може да се пофали дека низ годините имала добри стопери кои нè претставувале во Европа. Таков беше Игор Митрески кои меѓу првите од нашите репрезентативци играше во модерната Лига на шампиони.

Горан пази пак те снимаат

Тогаш беа „Le Iene“ кои му зготвија цело сценарио, а сега една слична исто така комична емисија „Striscia la notizia“, која е многу позната во Италија. 

Само Де Брујн знае да измисли ваков пас

И прегледност на игра и осет и мајстор. Кевин е сè во едно. И на газот има очи. Со победата од 4:1 против Вулверхемптон, Манчестер Сити ја продолжи брилијантната серија од 21 триумф во низа. Ова е тоа додавање кое го краси фудбалот.

Чудесија од гол на Киеза

Јувентус ја збриша Специја со 3:0, стрелци Мората, Киеза и Роналдо во второ полувреме. Погледнете што изрежира син му на славниот Енрико Киеза кој полека се претвора во негов наследник. Како го изведе ова бе дете?

Златан се појави на Сан Ремо со хитот на Нада Топчагиќ

Нема, човекот е неповторлив. Таква легендарна појава немало и тешко дека ќе има во светот на спортот. Вечерва за првпат се појави на сцената во театарот Аристон на светски познатиот фестивал Сан Ремо каде ќе има уште точки следните денови. Ладно се симна со мелодија која сам ја одбрал.

Гол над сите голови на мал фудбал

Лидерот во португалската футсал лига, Бенфика после 24 кола има 21 победа и 3 нерешени средби со гол разлика 143:29. Последно го добија Белененсес со 9:0, а на тој меч Артур постигна чудесен гол.

Гледај на животот ко што Пирло чуваше прва статива

Уметникот со фудбалската топка е на самиот почеток на тренерската кариера и од старт му дадоа да го води големиот Јувентус. Не му оди баш најсјајно како што му одеше како играч. Беше лежерен и мајстор со топка. Не се изморуваше многу, играше со мозок.

Како сезоната на Јуве се претвори во кошмар и се оддалечи во трката за титулата

Јувентус повеќе не се ѕверови како што беа некогаш. Беа тим кој сееше страв, но се чини дека забите на ајкула ги замени со оние на зајакот.

Лисици за пола управа на Барселона - Бартомеу приведен за перење пари, мито и корупција

Проблемите во Барса продолжуваат. Утрото на 1. март во канцелариите на клубот на „Камп Ноу“ дошла полиција, а целото здание било опколено поради претрес.

Ја имаме ли бананата на сезоната во НБА?

Грчко - хрватскиот дуел кој се случи викендов во НБА лигата не смее да се пропушти. На топ 10 листата на најдобри потези се најде на второ место, иако ова заслужува пиадестал. Ивица Зубац vs Јанис Антетокумбо. Ѕверски.

Краток и сладок милионски тикет во Спортлајф

Одличен викенд за играчот на Sport Life во Тетово. Со само 5 погодени пара на тикетот и тој се запиша во клубот на „милионери“ на Sport Life.

Ова е уиграна акција или?

Триаголникот на Фил Џексон.

За ватерполистот од Струга кој бранел добро само на еден гол

Имаме нова анегдота од Миленко. Оваа е бајаги постара од претходната, од времето кога пристаништата во Охрид и Струга служеле за ватерполо на овие два клуба. Дознајте зошто голманот во Струга бранел добро само на еден гол, само во едно полувреме и само на домашен терен.

Нови трикови од циркузот на Лука Дончиќ

Во првиот меч како 22-годишен откако прослави роденден во неделата, Лука Дончиќ уфрли 33 поени со 10 скока и 9 асистенции во победата на Далас Маверикс над Орландо Меџик 130-124. Лука имаше и пар луцидни додавања.

Кошаркарска мистерија од Нигерија, Шекил едвај чека да го види

Во претходните пар дена интернет го преплави видеото на кое се гледа младиот нигериски кошаркар Абидун Абегоке за кој се најавува дека наскоро ќе тргне на пат за Америка.

Еврогол на Благој Истатов

Дербито на Истокот меѓу Осогово и Саса заврши 1-1. Гостите од Каменица поведоа со 0-1 а бод на домаќините им донесе внукот на легендарниот голман Благој Истатов кој го носи истото име на дедо му. Пазете го голов.