Offside

Александар Пупавац од српскиот канал Прва Инста ТВ спонзориран од МеркурХТип снимил супер интересен документарец за најголемото градско европско дерби (од навивачки аспект) Лацио - Рома. Зборуваат претставници и од двете групи. Има и документарци за други европски дерби битки.

Фудбалот премногу долго ја игнорираше вистината за парите на Абрамович

Фактите за имотот на сопственикот на Челси отсекогаш биле таму за да ги види оној што се грижел за тоа, но во фудбалот премалку го направиле тоа.

Најбараниот фудбалер во Европа игра за Кристал Палас

Младиот бисер на клубот од предградието на Лондон, Мајкл Акповие Елисе, роден на 12 декември 2001-ва година може да игра за најмалку четири репрезентации чии федерации секојдневно се борат за него.

Дете на Барселона бранеше врвно и ја сочува мрежата баш против Барса

Галатасарај остана непоразен на „Камп Ноу“ во првиот меч од 1/8 финалето на Лига Европа а најголеми заслуги за тоа носи 23-годишниот голман позајмен токму од Барселона, Ињаки Пења.

Ноле ѕвездаш во душа

САД му ги затвори вратите за турнирите во Индијан Велс и Мајами, ама во арената Александар Николиќ го пречекуваат како крал. Шоу правеа и навивачите и Ѓоковиќ со играчите.

Навивачите на Челси скандираа во чест на Роман Абрамович

Откако на мечот со Барнли на гости кој нивниот Челси го доби со 0-4 навивачите на „сините“ громогласно го скандираа името на доскорешниот сопственик на клубот во чија ера станаа најтрофејни во клупската историја и освоија два трофеи во Лига на шампиони, синоќа пак и во триумфот кај Норич му дадоа поддршка на Абрамович кој е погоден од драконски санкции во Велика Британија.

Златан да даде оценка за бразилската мајсторија во Њукасл

Од четири синоќешни средби во Премиер лигата, веќе имаме два кои се двојат и кои не може да поминат незабележани. Бруно Гимареш од Њукасл сака да ви покаже нешто.

Интелигенција и елеганција од гол во Премиер лигата

Остај ти Лига Европа и Конференциска лига и види го Португалецот Рубен Невес од Вулверхемптон каков гол му даде на Ватфорд. Не е сè во ножичките и слободните удари. Кликер треба за ова.

Путин и Зеленски да го видат ова

Директорот на Аталанта Умберто Марино пред неколку дена рече дека врската меѓу Малиновски и Миранчук е пример за тоа какви треба да бидат работите и дека тоа е искрено пријателство помеѓу две момчиња кои претставуваат два многу слични народи. Пораката на убав начин ја испратија и навивачите на Аталанта на синоќешниот меч против Баер Леверкузен.

Како Икер Касиљас го гледал мечот Реал - ПСЖ

Маскиран од глава до пети, на главната трибина на Сантијаго Бернабеу каде ако го познале, ќе требал да даде сигурно стотици автограми и да се слика со двеста луѓе.

Пеп Гвардиола од клупа стави голман ветеран кој во Лига шампиони бранеше еднаш пред 17 години

Фудбалот пишува романи. Така во најкратки црти може да се објасни епизодата која му се случи на Скот Карсон, некогашниот англиски репрезентативен голман.

Што смее, а што не смее Челси да прави со новата ситуација?

Замрзнувањето на имотот на Роман Абрамович, значи и замрзнување на клубот според пет ставки. Една од нив е тоа што на Стемфорд Бриџ може да одат навивачи само со сезонски билети.

Грмотевиците на Бернабеу на секој гол на Бензема

Дали реновираниот стадион на Реал Мадрид е станат поакустичен или нешто друго е во прашање, ама на реваншот од 1/8 финалето во ЛШ навивачкиот хук одекнуваше како ретко кога. Особено после секој од трите гола на јунакот Карим Бензема.

12-от играч на Реал Мадрид

Ништо не навестуваше дека кралевите синоќа во последните 30 минути ќе го уништат патот на ПСЖ до трофејот, на кој целат веќе неколку години откако изградија дрим тим со арапски пари. Ама Реал е Реал. Има непроценливо искуство во ЛШ, моќ, ама и верни навивачи кои се ветер во грб за играчите. Пред мечот ги мотивираа како пред финале.

Со Јокиќ ми се падна да играм еден на еден, ама ми го зема паметот

38 поени, 12 скокови и 7 асистенции или во превод нова фрустрација за противниците, овој пат кошаркарите на Сакраменто кои беа поразени со 106:100 од Денвер. Демијан Џонс се соочи со МВП-то на сезоната, па да видиме како тоа изгледаше.

Навивачки судир меѓу хулигани на Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт

Вест Хем Јунајтед после долги години игра во Европа и стигна до нокаут фазата во Лига Европа. Таму вечерва ги чека шпанска Севиља. А во истоимениот град синоќа Ајнтрахт на гости го совлада Бетис со 1-2. Се оправда ризикот на УЕФА од потенцијални навивачки нереди во градот. На централните градски улици се судриле германски и анлгиски навивачи.

Замрзнат е имотот на Абрамович сосе Челси

Англиските медиуми тврдат дека со најновите санкции против газда Роман Абрамович, се компликува фунционирањето на Челси. Тоа значи забрана за продажба на билети, но и блокада за трансфери и потпишување нови договори.

А слаломот на Сефер од Ѓорче меѓу четворица го видовте?

Од Сантијаго Бернанеу се селиме во Струга каде гостуваше Македонија Ѓорче Петров. Опасно дете имаат, кое игра и за селекцијата на Македонија У-21. Се вика Сефер Емини. Влезе во густо каде имаше четворица, ги збрлаве, а потоа на голманот му ја свирна низ уши и тоа од многу тежок агол.

Вардар убедлив, Дибиров правеше шоу

Македонскиот шампион Вардар 1961 ја заврши групната фаза во Лига на шампиони и тоа во голем стил, со триумф 39-30 над норвешкиот првак Елверум. Ова за „црвено-црните“ беше потврда дека се во топ форма, одиграа најдобар меч сезонава и со големи амбиции одат во осминафинале против унгарски Веспрем. Тимур Дибиров беше играч на мечот со седум гола од кои еден беше права атракција за публиката.

Лука Модриќ е пресреќен во соблекувална

Ниту 36-те години се показател дека е ветеран, ниту пак четирите освоени титули во ЛШ дека е веќе презаситен. Дечкото е мозок и мотор на Реал Мадрид и една од главните алки во играта, веќе една деценија. Погледнете ја оваа негова радоста после елиминацијата на ПСЖ.

Коментатор изгуби глас од среќа по голот на Бензема

Карим Бензема по којзнае кој пат сезонава блесна и го изведе Реал Мадрид на прав пат. Откако Мбапе го отвори резултатот во првиот дел, Бензема со страшен хет-трик направи целосен пресврт и го однесе „кралскиот клуб“ во четвртфинале на ЛШ. Еден коментатор пошандрца од среќа.

Алаба ја има најјаката прослава во Лига на шампиони

Карим Бензема е најстар играч со хет-трик во ЛШ и за 17 минути го реши скапиот ПСЖ, ама затоа Давид Алаба е веројатно прв во историјата на елитното натпреварување кој славел победа со столче во рака, како да е во кафана пред фајрон.

Маестралниот Модриќ кој го претрча пола тим на ПСЖ и на Бензема му ја даде на тацна

Од извонредниот хет-трик на Бензема, обрнете добро внимание што му претходеше на голот за 2:1. Лука прави трк како да ги има годините на Мбапе, никој не го стига, а потоа му ја дава мајсторски на Винисиус. Чекајте, не завршува тука акцијата. Следува мангупска асистенција кроз нозете на Кимпембе. Каква играчина е Хрватот и на 36 години.

Лудорија од хет-трик на Бензема за 17 минути, дрим тимот на ПСЖ се изгуби во Мадрид

Откако Кристијано Роналдо го нема на Бернабеу, новиот јунак на Реал Мадрид се вика Карим Бензема. Мега дерби за уживање благодарение на кралевите кои блеснаа во второто полувреме и со екстра брз пресврт ги урнаа Парижаните. И на реванш осминафиналето ПСЖ поведе со гол на Мбапе.