Offside

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

Кога играше за Македонија, знаеше македонски?

Новинар на Спортклуб на Олд Трафорд му зема изјава на Дејан Кулушевски после поразот на Тотенхем од Манчестер Јунајтед. Му поставува прашање на хрватски и бара од него да одговори на македонски. Охриѓанецот разочара, а можеше барем да проба. Сигурно во Охрид не им зборува на шведски на баба му и дедо му.

Судија на денот

Постојат тврдења дека тој што не го бива за фудбал станува судија. Овој или е таков или има дрмнато некоја пред натпревар, ама малку појќе.

Црната птица на мечот Норвич - Челси

Фудбалерите на Челси ја продолжија сјајната победничка серија на гостувањето кај Норвич каде победија 1-3. На овој натпревар домашниот фудбалер Џош Сарџент неколку пати се сретна со една црна птица. Судијата Мартин Еткинсон во 25’ минута конечно свирна прекин со цел птицата да биде отстранета, но таа отиде пред другиот гол.

Пред дербито во Сплит, Бед Блу Бојс ја обоиле ривиерата во сино, Торцида одговори

Хрватската лига никогаш од основањето не била поинтересна од сезонава. Пазете го ова: Динамо Загреб во моментов е прв со 53 бода колку што има и вториот Осијек со натпревар повеќе (26 меча). Ријека е трета со 52, а Хајдук четврт со 48. Четири клуба кои се борат за титулата, максимална неизвесност каква што немало никогаш.

Панчев и Марадона на времето имале иста цена

Налетавме на интересно видео изготвено од Трансфермаркт чија специјалност се трансферите. Го следат прогресот на најскапите трансфери во историјата, стартувајќи од 1990-та и во еден момент ќе забележите сума од 12 милиони евра кај Марадона, Папин и Дарко Панчев, кој во 92-ра од Звезда се пресели во Интер.

Индијан Велс ни го носи најоткачениот ас во тенисот

Американецот Максим Креси му го зема најчудниот поен на сервирање на Кристофер Јубенкс во првото коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Да не знае човек, може и нема да сфати како ова се случи. Се смееше и тенисерот и публиката, а за поенот е уствари виновен ветерот откако Креси го удри топчето со врвот на рекетот.

Фудбалот премногу долго ја игнорираше вистината за парите на Абрамович

Фактите за имотот на сопственикот на Челси отсекогаш биле таму за да ги види оној што се грижел за тоа, но во фудбалот премалку го направиле тоа.

Најбараниот фудбалер во Европа игра за Кристал Палас

Младиот бисер на клубот од предградието на Лондон, Мајкл Акповие Елисе, роден на 12 декември 2001-ва година може да игра за најмалку четири репрезентации чии федерации секојдневно се борат за него.

Дете на Барселона бранеше врвно и ја сочува мрежата баш против Барса

Галатасарај остана непоразен на „Камп Ноу“ во првиот меч од 1/8 финалето на Лига Европа а најголеми заслуги за тоа носи 23-годишниот голман позајмен токму од Барселона, Ињаки Пења.

Ноле ѕвездаш во душа

САД му ги затвори вратите за турнирите во Индијан Велс и Мајами, ама во арената Александар Николиќ го пречекуваат како крал. Шоу правеа и навивачите и Ѓоковиќ со играчите.

Навивачите на Челси скандираа во чест на Роман Абрамович

Откако на мечот со Барнли на гости кој нивниот Челси го доби со 0-4 навивачите на „сините“ громогласно го скандираа името на доскорешниот сопственик на клубот во чија ера станаа најтрофејни во клупската историја и освоија два трофеи во Лига на шампиони, синоќа пак и во триумфот кај Норич му дадоа поддршка на Абрамович кој е погоден од драконски санкции во Велика Британија.

Златан да даде оценка за бразилската мајсторија во Њукасл

Од четири синоќешни средби во Премиер лигата, веќе имаме два кои се двојат и кои не може да поминат незабележани. Бруно Гимареш од Њукасл сака да ви покаже нешто.

Интелигенција и елеганција од гол во Премиер лигата

Остај ти Лига Европа и Конференциска лига и види го Португалецот Рубен Невес од Вулверхемптон каков гол му даде на Ватфорд. Не е сè во ножичките и слободните удари. Кликер треба за ова.

Путин и Зеленски да го видат ова

Директорот на Аталанта Умберто Марино пред неколку дена рече дека врската меѓу Малиновски и Миранчук е пример за тоа какви треба да бидат работите и дека тоа е искрено пријателство помеѓу две момчиња кои претставуваат два многу слични народи. Пораката на убав начин ја испратија и навивачите на Аталанта на синоќешниот меч против Баер Леверкузен.

Како Икер Касиљас го гледал мечот Реал - ПСЖ

Маскиран од глава до пети, на главната трибина на Сантијаго Бернабеу каде ако го познале, ќе требал да даде сигурно стотици автограми и да се слика со двеста луѓе.

Пеп Гвардиола од клупа стави голман ветеран кој во Лига шампиони бранеше еднаш пред 17 години

Фудбалот пишува романи. Така во најкратки црти може да се објасни епизодата која му се случи на Скот Карсон, некогашниот англиски репрезентативен голман.

Што смее, а што не смее Челси да прави со новата ситуација?

Замрзнувањето на имотот на Роман Абрамович, значи и замрзнување на клубот според пет ставки. Една од нив е тоа што на Стемфорд Бриџ може да одат навивачи само со сезонски билети.

Грмотевиците на Бернабеу на секој гол на Бензема

Дали реновираниот стадион на Реал Мадрид е станат поакустичен или нешто друго е во прашање, ама на реваншот од 1/8 финалето во ЛШ навивачкиот хук одекнуваше како ретко кога. Особено после секој од трите гола на јунакот Карим Бензема.

12-от играч на Реал Мадрид

Ништо не навестуваше дека кралевите синоќа во последните 30 минути ќе го уништат патот на ПСЖ до трофејот, на кој целат веќе неколку години откако изградија дрим тим со арапски пари. Ама Реал е Реал. Има непроценливо искуство во ЛШ, моќ, ама и верни навивачи кои се ветер во грб за играчите. Пред мечот ги мотивираа како пред финале.

Со Јокиќ ми се падна да играм еден на еден, ама ми го зема паметот

38 поени, 12 скокови и 7 асистенции или во превод нова фрустрација за противниците, овој пат кошаркарите на Сакраменто кои беа поразени со 106:100 од Денвер. Демијан Џонс се соочи со МВП-то на сезоната, па да видиме како тоа изгледаше.

Навивачки судир меѓу хулигани на Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт

Вест Хем Јунајтед после долги години игра во Европа и стигна до нокаут фазата во Лига Европа. Таму вечерва ги чека шпанска Севиља. А во истоимениот град синоќа Ајнтрахт на гости го совлада Бетис со 1-2. Се оправда ризикот на УЕФА од потенцијални навивачки нереди во градот. На централните градски улици се судриле германски и анлгиски навивачи.

Замрзнат е имотот на Абрамович сосе Челси

Англиските медиуми тврдат дека со најновите санкции против газда Роман Абрамович, се компликува фунционирањето на Челси. Тоа значи забрана за продажба на билети, но и блокада за трансфери и потпишување нови договори.

А слаломот на Сефер од Ѓорче меѓу четворица го видовте?

Од Сантијаго Бернанеу се селиме во Струга каде гостуваше Македонија Ѓорче Петров. Опасно дете имаат, кое игра и за селекцијата на Македонија У-21. Се вика Сефер Емини. Влезе во густо каде имаше четворица, ги збрлаве, а потоа на голманот му ја свирна низ уши и тоа од многу тежок агол.