Offside

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

Серија Б не видела ваков слободен удар сезонава

Во италијанската втора лига Серија Б, Алесандрија и СПАЛ си поделија по бод (2:2). Федерико Вивијано за гостите го даде вториот гол кој се врти по социјалните мрежи на големо. Од четириесет метри распали царот.

Фантазија од потег на Нејмар и гол после прекрасна акција

ПСЖ конечно заигра како треба и со 5-1 го демолираше Лориен. Головите ги дадоа Нејмар, Мбапе и Меси а последниот на мечот кој го постигна Бразилецот е за гледање неколку пати.

Невозможни одбрани на голманот на Борусија Менхенгладбах

Искусниот 33-годишен швајцарски репрезентативен голман Јан Зомер е најзаслужен што неговата Борусија Менхенгладбах одигра 1-1 со Мајнц и не прими најмалку пет гола. Пантерски одбрани кои влегуваат во најдобри на сезоната во Бундеслига.

Лудата прослава на Наполитанците на голот на Елмас

Преку 2.000 тифози на Наполи патуваа околу 800 километри во еден правец до Бергамо за да го бодрат својот тим на тешкото гостување кај Аталанта. На крајот Наполи славеше голем триумф 1-3 а мечот го реши во 81’ минута Елиф Елмас со убав гол. Тука им олесна на Наполитанците кои и натаму го сонуваат скудетото.

Сите драматични ситуации на Јувентус - Интер

Избраниците на Алегри и Инѕаги целосно го оправдаа епитот „дерби на Италија“. Можеби не со убавината на играта, колку со борбата на терен и пожртвуваноста. Судијата Ирати глава не крена од работа. ВАР, пенал, од ново пенал, кавги, картони, глума, остри фаули...

Спектакуларна увертира на дербито на Италија со хит од Џон Ленон

На само неколку мигови пред стартот на мечот Јувентус - Интер, светлата на Алијанц се изгаснаа поради перформансот на италијанската пејачка Гаја Гоци и Украинката Катерина Павленко. Ја изведоа „Imagine“, во чест на Украина, а со нив запеа и публиката. Емотивен момент со порака за мир.

Педри го фрли во делириум Камп Ноу во стилот на Меси

Легендарниот Чави ја препороди Барселона откако и се врати како тренер. Каталонците од средина на табелата стасаа до втора позиција и сега со натпревар помалку се израмнети со Атлетико и Севиља со по 57 бода. Мечот против Севиља го реши Педри на мајсторски начин откако двајца легна на земја.

Убиствена контра на Наполи која мајсторски ја реши Елмас

Фудбалерите на Наполи освоија важни три бода на многу непријатното гостување во Бергамо. Точка на мечот стави Елиф Елмас кој го претрча цел терен и на одличното додавање на Лозано, во дуел еден на еден, итро го реши голманот на Аталанта.

А дали сте виделе рафал од жолти картони?

Антонио Матеу Лахоз, судија кој со години суди со ФИФА и УЕФА знак, на меч меѓу Хетафе и Мајорка во Ла Лига во првиот дел од натпреварот во пар секунди рафално подели дури четири жолти картони за: Енес Унал и Сандро Рамирез од Хетафе и за Џовани Гонзалес и Франко Русо од Мајорка.

Баерн комотно играше со 12 играчи во поле додека судијата не примети

Со головите на Горецка, Гнабри, Коман и Забицер, Баерн Минхен со 1-4 го совлада Фрајбург на гости и ја продолжи доминацијата во трката кон титулата во Бундеслига. Фрајбург успеа на кратко само да го израмни резултатот, но сето тоа паѓа во сенка на настанот на 5 минути пред крајот од мечот кога Баерн беше со 12 играчи на терен.

Трол на денот за Реал Мадрид

Реал Мадрид доби три пенали на гостувањето во Виго, а Бензема искористи два за гостински триумф против Селта од 1:2. Твитерот е пуштен на најјако.

Селски лоб од пола терен со надворешна

Ваков удар веќе никогаш нема да влезе повторно, никогаш, ќе рече еден од публика на крајот од видеото. Абе со мајки, шајки му се истурија откако им ја даде на бавтана. Неверојатен гол.

Штосен коментар на Роналдињо за оние кои го свират Меси во ПСЖ

Бразилскиот магионичар со топка, даде мангупска изјава за небулозниот потег на навивачите на ПСЖ: „Не ги разбирам свирежите. Ако го свирите најдобриот на свет, тогаш на кој ќе му аплаудирате?

Светско првенство: Дерби дуели уште во групите, пак заедно Бразил, Швајцарија и Србија

Вечерва во Доха беа извлечени групите за Мундијалот во Катар 2022. Неколку фантастични мега дуели ќе има уште во групна фаза.

Кукавички напад од зад грб кој ја згрозил Флорида

За време на средношколска трка на 1.600 метри во рамки од првенството на Флорида се случил настан кој ретко се гледа дури и во аматерските лиги и пониски дивизии. Лидерот на трката во еден момент бил грубо нападнат од зад грб од лик кој не ни бил пријавен за трката само затоа што му рекол да се потргне.

Излезе официјалната песна за Светското првенство

Американецот со мексиканско потекло Тринидад Кардона, Африканецот Давидо и Катарката Аиша се музичарите автори на официјалната песна за Светско првенство 2022 во Катар. Типична како и сите досегашни, без голема промена на курс.

Успеа шегата за Македонија на Светско

Во овие прекрасни фудбалски времиња за нашиот национален тим, сите веруваме во нашите фудбалери кои ја однесоа Македонија на Европско, а за малку и Светско. Некои денеска поверуваа дека е пласирана и во Катар, па велат: Па и нас да нè огрее сонце еднаш. 

Денеска е ждрепката за големото Светско првенство, објавени саатниците на натпреварите

Вечерва од 18 часот почнува големата церемонија на извлекување групи за Мундијал 2022 кој за првпат во историјата ќе се игра на зима, од ноември до декември, поради високите температури во земјата домаќин Катар.

Збунувачки момент, како успеа дресот на Меси да заврши кај двајца Еквадорци?

Еквадор е во транс откако успеа да го обезбеди четвртото мундијалско учество во историјата и тоа пред селекции како Колумбија и Чиле. За дресот на Меси има нејаснотија. 

На претседателот на ФИФА му се плаче за Италија, ама тоа е фудбалот

Во своето обраќање пред големата ждрепка за Светско првенство 2022 во Катар, Џани Инфантино зборуваше на разни теми, а се осврна и на најголемото фудбалско изненадување досега годинава.

Флуминенсе има куче ултрас

Го тепаа Фламенго 2:0, а тој и на двата гола збесна од радост.

Македонија спремај се за Светско, Португалците фатени со допинг

Падна првата квалитетна првоаприлска фудбалска шега на која со оглед на еуфоријата, ако не погледне човек кој датум е денес, може и да се излета. Најјако на свет би било за пар денови, стварно да ги фатат позитивни.

Атмосферата во Јане Сандански повторно во фокусот на ЕХФ

И покрај тоа што ова не се денови на радост за Вардар, кој во рок од неколку дена загуби дома од Еурофарм Пелистер, па од Веспрем, сепак верноста на навивачите синоќа повторно беше на ниво. ЕХФ тоа го препознава и го истакнува.

Една година од чудото наречено Дуизбург

31 март 2021 е датум на кој цел свет пишуваше за сензацијата која македонската фудбалска репрезентација и ја приреди на Германија. Со головите на Пандев и Елмас, а на кормилото Игор Ангеловски, Македонија славеше 1:2 и стана трета селекција во историјата на мундијалските квалификации која успеала да го победи на гости четирикратниот светски и трикратен европски првак. Другите две се Португалија 1985 и Англија 2001. Незаборавна ноќ.