Offside

Пејсерси направија подвиг против Оклахома како фаворитот за титулата и се изборија за седми натпревар кој ќе се игра само 20-ти пати во историјата на НБА лигата.

Дилета знае и со фудбалска топка, не само со микрофон

Водителката на емисија за италијански фудбал, популарната Дилета Леота покажа што знае и со топка.

На Бензема му бараа легитимација на Стемфорд Бриџ, па после им покажа кој е

Дали е Петко, Станко или играч на Реал Мадрид, во Англија не гледаат, туку правила си се правила. За да влезеш, мора да имаш пропусница. Па за среќа, односно за несреќа на домаќините, добро што Карим ја нашол.

Славниот син на берберските народи - како Бензема стана легенда на Реал Мадрид

„Како помлад често зборуваше за постерите од Бразилецот Роналдо кои ги имал на ѕидовите во детската соба и за Златната топка“, вели новинарот Арно Рамсаи, биограф на книгите за Анелка и Јури Џоркаеф.

Добро од каде модава, вака да се изведуваат пенали?

Погба ли е крив или некој друг? Па тренерите треба да им ги забранат.

Фантастичен гол на Џовинко-помладиот

Додека брат му Себастијан, поранешниот играч на Јувентус сега е пред крај на кариерата во Сампдорија, Џузепе Џовинко дава одлични голови во Серија Ц за Таранто. На мечот против Монополи на кој победија 2-0, Џовинко-помладиот распали едно шутиште од четириесет метри.

20 секунди фудбалски циркуз во Малезија

А кој ли беше тој што влезе во терен кога фудбалерот во жолто дриблаше до аут линија и дали тој што ја шутна на крај има доручкувано? Абе не се повторува ваква акција, тоест две.

Нагатомо vs Кркиќ и Иниеста

Ако сте го подзборавиле јапонскиот бек кој се прослави во Интер, еве го се јави. По заминувањето од Серија А играше за Галатасарај и Марсеј, а од лани настапува за Токио. Има 35 години и е во добра форма. Му ја зема искусно на Бојан Кркиќ, а потоа го издрибла Иниеста за што заработи аплаузи и овации.

Поранешна Златна топка застана во одбрана на Украина

Во сенка на големата ѕвезда Андриј Шевченко, Игор Беланов е малку подзаборавен лик и еден од тројцата Украинци кој успеа да го освои големото индивидуално признание. 

Петров со хет-трик им донесе победа на Гранит во дуелот со Шпаркасе Банка

Во 16. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Гранит, Фабрика Карпош и Џонсон Мети.

Карим Бенз А класа - Реал Мадрид го растури Челси среде Лондон, Виљареал сонува

Кралскиот клуб предводен од неверојатниот Карим Бензема со 1-3 го совлада англискиот претставник и обезбеди огромен капитал пред реваншот во Мадрид. Бензема со хет-трик го реши мечот. Виљареал уште живее во бајка, победен Баерн Минхен.

Македонско знаме развиорено на Стемфорд Бриџ на дербито Челси - Реал Мадрид

Македонската „Пења мадридиста“, фан клуб навивачи на Реал Мадрид од земјава, сезонава е најактивна во Лигата на шампионите. Го бодреа кралскиот клуб од Милано до Париз преку Мадрид и Лондон. Вечерва со македонско знаме уживаат во мајсториите на Бензема кој го демолираше Челси со хет-трик.

Вардар со пристојно реми се збогуваше со Лига на шампиони, сите мисли на домашен фронт

Македонскиот шампион Вардар речиси да немаше ниту теоретски шанси да надомести огромни -8 негатива од првиот меч во Скопје, но кај Веспрем на гости одигра одличен натпревар како увертира за она што го чека до крајот на сезоната.

Фабињо, држи се поарно до танцот

Бразилскиот репрезентативец од Ливерпул синоќа одигра голема ролја во убедливата победа кај Бенфика. За првиот гол на гостите кој го даде Ибраима Конате, Фабињо тргна да слави исто како Африканецот, со лизгање на колена, ама добро е што не се прекрши и стана на нозе.

Десниот бек кој дава топки на тацна

Ливерпул ги има најдобрите бекови на светот во моментов. Лево ора брзоногиот Енди Робертсон а десно топки како со рака дели Трент Александер-Арнолд. Против Бенфика во Лига на шампиони беа главни автори на победата со сјајни додавања.

Најбезобразниот гол на Европското ракометно првенство 2022

ЕХФ ЕУРО на Твитер потсетува како Литванците се снајдоа против Норвешка кога беа во ситуација под пасивен напад. Имаа можност за едно додавање, ама не го искористија. Аиденас Маласинскас ќе ви покаже во што е штосот.

Тоти забавува маалска публика и ужива во аматерска лига

Живата легенда на Рома, 45-годишниот Франческо Тоти од 2020-та година сериозно се навлекол на аматерски фудбал 8 на 8. Тој игра за тимот Тоти Спортинг Клуб, основан во тренинг центарот на фудбалската академија која што ја води неговиот брат Рикардо. 

Навивач на Виган се загреваше за да го замени повредениот голман

Царот беше опремен (додуше ракавици и копачки му фалеа) и почна да се загрева додека голманот на Виган лежеше повреден. Шоу им направи на навивачите и цела трибина го бодреше, а уште појак ќе беше ако се осмелеше да застане на гол.

Видео од наместениот кошаркарски меч на Малта

Минатиот викенд во кошаркарското првенство на Малта играле Депиро и Хибернианс. Натпреварот завршил 69:68 во корист на домашниот тим но кога ќе се погледне како се одвивал мечот, нема ни тронка сомнеж дека се работи за голема штела на резултатот. Пред крајот ни едните ни другите цели 6 минути и 30 секунди не дале кош. Не затоа што се слаби кошаркари туку зошто никој не се ни обидел да го смени резултатот.

Невозможни одбрани, арапски коментатор полуде по Владимир

Во полуфиналето на Кралскиот Куп на Саудиска Арабија, Ал Феиха со 1-0 го победила фаворитот Ал Итихад. Најзаслужен за тоа бил ветеранот Владимир Стојковиќ, некогашниот голман на Црвена звезда и Партизан кој на свои 38 години имал неверојатни одбрани. Коментаторот полуде од возбуда.

Кога не ти оди, не ти оди па тоа е

Таков ден се погодил па мајсторот не можел да погоди ниеднаш. А му наместиле еден куп шанси за гол.

Изјава на вечерта на фудбалер на Ливерпул за запалки

Ливерпул се прошета низ Лисабон и со 1-3 рутински ја совлада Бенфика на гостувањето од првиот меч во 1/4 финалето на ЛШ. Енди Робертсон намести еден гол и одигра сјајна партија. Во еден момент дур центрирал го гаѓале со запалки од трибините, па Шкотланѓанецот имаше што да порача:

Формацијата на Ел Чоло 5-5-0 кој стигна до најнепопуларниот статистички податок

„Против вакво нешто не било лесно во праисторијата, не е лесно ниту денес, а нема да биде лесно ниту во наредните сто илјади години“, изјави Пеп Гвардиола за дефанзивата на Атлетико.

Дојди земи ja кај чичко ти Бекер ако можеш

Четата на Јирген Клоп целосно ја оправда фаворитската улога на првото четвртфинале против Бенфика кое го доби со 1:3. Алисон Бекер си дозволи да прави и керефеки, па си поигра еден на еден.

Навивач на Бенфика око ќе му истераше на Луиз Диаз

Со стап од знаме го гаѓаше кога Бенфика го прими третиот гол од Ливерпул и тоа во глава го центрираше.