Offside

Пејсерси направија подвиг против Оклахома како фаворитот за титулата и се изборија за седми натпревар кој ќе се игра само 20-ти пати во историјата на НБА лигата.

Луд гол, уште полуда прослава

Од Фоџа, се селиме кај третолигашот Бари на Св.Никола, стадионот на кој Панчев и Најдоски станаа европски прваци. Добра забава паднало.

А сте виделе како игра најкусиот играч во Д1 лигата?

Во развојната Д лига каде млади кошаркари се доусовршуваат за еден ден да добијат шанса на најголема сцена, игра и 24-годишниот Дарнел Роџерс. Има само 152 сантиметри и во играта со највисоки атлети делува како мало дете. Но тоа често му користи под обрачите.

Новак полиглота со Нејмар и Верати

Откако жонглираа со поголемо тениско топче, Новак Ѓоковиќ со ѕвездите на ПСЖ Нејмар и Марко Верати малку помуабетија на неколку јазици пред првиот тениски меч на Ноле после 48 дена. Во неговиот Монтекарло денес отвора против Шпанецот со руско потекло Давидович-Фокина.

Генгамп даде еден од тие голови какви што нема ни на Плејстејшн

Тулуз игра врвна сезона во француската Лига 2 и како лидер наскоро би требал после 2 години да се врати во Лига 1 и да игра со ПСЖ, Марсеј и оснататите елитни клубови каде припаѓа. Минатиот викенд со 2:4 го победија Генгам но мечот се зборува најмногу и поради голот кој го даде домашниот фудбалер Мехди Мергем.

Од каде во Шпанија има толку многу клубови со префикс Реал а по што се разликува Виљареал?

Верувале или не, 23 клуба кои во името имаат Реал играат во првите пет дивизии во шпанскиот фудбал и тоа без да се сметаат тука нивните резервни тимови.

Лоб на вечерта, фантастичен гол во Чемпионшип

Хадерсфилд е сериозно намерачен да го стигне Борнмут на второ место во англиски Чемпионшип и да обезбеди директен пласман во елитната Премиер лига. Синоќа со 2-0 го победија Лутон. Првиот гол на мечот и тоа каков гол, го даде Џон Расел. Многу фудбалски. Хадерсфилд е трет со 69 бода но и 2 меча повеќе од Борнмут кој има 73 бода.

Вељко од Малме ќе ви покаже како се игра на прва

Вељко Бирманчевиќ е дете на Партизан кој лани направи трансфер од Чукарички во Малме. 100% го има видено легендарниот гол на Ѕола, барем на Јутјуб. Навивачите бакљи почнаа да палат после мајсторијава.

Италијанска третолигашка лакрдија

Фоџа - Катанзаро (2:6), Серија Ц. Ни ред, ни поредок. Во Англија нека одат овие вака ноншанлантно да влетуваат и да излегуваат од терен. Нема да ја помирисаат друг пат тревата. За што ли зема плата обезбедувањето?

Трпеливиот Селтик изгради успешна акција со 41 додавање

На моменти човек ќе помисли дека многу ја угњавија топката, ама што не им ја земат ако можат? Плус гол дадоа. Се работи за шестиот погодок на дуелот против Сент Џонстон кој го декласираа 7:0. Си вежбаа луѓето.

Во дерби натпревар Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол ги поделија бодовите

Во 17. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на ЕВН и Рамстор.

Нејмар, Ѓоковиќ и Верати жонглираа со голема тениска топка

Новак Ѓоковиќ по сите перипетии кои го снајдоа во Австралија, конечно ќе заигра тенис на раат, без скандалозни наслови, без теории на заговор, без анти и ваксерски дискусии. Во неговиот Монтекарло каде живее со години, утре го отвора турнирот со Шпанецот Давидович-Фокина.

Селскиот Жунињо

Браво голман во иронична смисла е коментар на место кој можеше да се чуе во клипот. Само месечар може да прими ваква балонка.

Тер Штеген - човек пајак

Енис Барди и другарите, ниту со три пенали не успеаа да ја совладаат Барселона која со Чави на кормилото полуде и е во страшна серија од 15 средби без пораз. Домаќините немаа чаре за извонредниот Тер Штеген кој им фати пенал, ама и една ваква шанса која не се пропушта еден на еден. Слалом на Моралес кој ќе добиеше опис со Меси наслови.

Влезе само 8 секунди на паркет и заработи 306.000 долари

Кошаркарот на актуелниот НБА шампион Милвоки Бакс, Џру Холидеј ги насмеа сите во салата, па и коментаторите, откако на мечот со Кливленд Кавалирс влезе на осум секунди, направи фаул и излезе од игра. Интересно во клаузулата на договорот кој го има со клубот, за 67 одиграни натпревари во сезоната (макар се појавил на терен и пар секунди), ќе заработи 306.000 долари.

Двајца активисти се врзаа за стативи и прекинаа дерби во Германија

Дуелот меѓу ривалите Ајнтрахт Франкфурт и Фрајбург (1:2) беше прекинат на самиот старт откако двајца активисти за зелена околина, по примерот на нивни колеги од Премиер лига, се врзаа за стативите па едвај ги вадеа.

Нова тура навивачки провокации за војната

И по месец ипол војување во Украина, навивачките групи не застануваат со осуда на сегашни и минати несогласувања меѓу соседи, решавани на крвав начин.

Првпат во историјата дури 3 пенали беа свирнати против Барса

Барселона ја продолжи серијата без пораз на 16 меча откако синоќа со 2:3 во драматичен меч го совлада давеникот Леванте на Барди кој речиси сигурно испаѓа во Сегунда. Барселона победи со гол на Лук Де Јонг во длабоко судиско продолжение а најголем куриозитет од мечот е што имаше дури 3 досудени пенали за Леванте кој искористи два и на крај изгуби.

Играчот на натпреварот во Уганда не добил само леб и јогурт

Во Јужна Африка еднаш како награда врачија 5 гигабајти интернет, во Зимбабвме пиво, а во Гана влечки. Најнов хит викендов беше случајот во Уганда, ама се појави втора слика со допуна.

Кошарката е убава игра, ама со Теодосиќ е уште поубава

Веќе трета година по ред, публиката на Болоња има привилегија во живо да ужива во магиите на 35 годишниот магионичар од Ваљево. Италијанскиот коментатор вели вака: Во цела планета ова може да го направат само Милош Теодосиќ и ептен мала група на други луѓе.

Кузмановски со цепелин го замолкна Берлин на 5 секунди до крај

Во пресрет на бараж двомечот со Чешка (13 и 17 април), радува формата на Филип Кузмановски кој со 7 гола од 8 обиди, беше еден од најдобрите ракометарите на Хановер викендов. Фитиљ со атрактивен гол во последниот напад му донесе голем на својот тим на гостувањето против Фуксе Берлин.

Адеми јунак на дербито, ја реши Ријека на крај со пресврт

Во македонската пресметка во Хрватска, на која настапија сите тројца наши репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски слават многу важна победа во трката за титулата против Дарко Велковски.

Бидна и тоа Кирјос да биде во право, ама пак го казнија по расправија со судии

Во полуфиналето од АТП турнирот во Хјустон домашниот тенисер Опелка со 2:0 во сетови го победи Ник Кирјос (6:3, 7:5). Австралиецот со грчко потекло во еден момент бурно се расправаше со судијата па доби казна.

Роналдо фрустриран му скрши телефон на млад навивач

Манчестер Јунајтед одигра уште еден очаен натпревар, заслужено изгуби од давеникот Евертон 1-0 и падна на седмо место во Премиер лига со 5 бода зад позицијата која води во Лига на шампиони. Роналдо претрпе жесток удар во еден дуел по што беше раскрварен. На крајот фрустриран кај трибините му го турна телефонот на еден млад навивач.

Дриблингот на Хаверц за кој се зборува на големо

Челси после неколку бламажи во првенството и во Лига на шампиони, конечно заигра како треба и бесот го истури на Саутемптон. Сините победија со неверојатни 0-6. Маунт и Вернер постигнаа по два гола а по еден Алонсо и Хаверц. Германецот имаше и еден чудесен потег.