Првпат во историјата дури 3 пенали беа свирнати против Барса

Барселона ја продолжи серијата без пораз на 16 меча откако синоќа со 2:3 во драматичен меч го совлада давеникот Леванте на Барди кој речиси сигурно испаѓа во Сегунда. Барселона победи со гол на Лук Де Јонг во длабоко судиско продолжение а најголем куриозитет од мечот е што имаше дури 3 досудени пенали за Леванте кој искористи два и на крај изгуби.

Необично звучи фактот дека првпат во историјата на шпанска Ла Лига, на преку 2.000 одиграни натпревари, првпат против Барселона се досудени три пенали. Судијата Мунуера Монтеро три пати свиреше во казнениот простор а Леванте искористи два пенали, еден промашија.

Барди играше од 78’ минута кога влезе од клупата за резерви наместо Немања Радоја:

 

 

11 април 2022 - 09:42