Offside

Пејсерси направија подвиг против Оклахома како фаворитот за титулата и се изборија за седми натпревар кој ќе се игра само 20-ти пати во историјата на НБА лигата.

A го видовте ли што работеше навивачов на Келн во ЛШ?

Го имаме падобранецот на сезоната во Лига на шампиони. На Алијанц арената нема живо пиле, останати беа само техничарите кои си ја собираа опремата и туку наеднаш на терен се симнува, пази навивач на Келн на мечот Баерн - Виљареал. 22 пива има мавнато.

Во исклучително неизвесен натпревар ЕЛЕМ и ЈП Водовод ги поделија бодовите

Во 17. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија, Пивара Скопје го декласираше Спорт Лајф, а ЈСП славеше над А1.

Навивачите на Атлетико одржаа лекција на крај

Погледнете ги овие сцени на Ванда Метрополитано. Суарез, Гризман, Кореа, Облак и останатите разочарани и потиштени по елиминацијата, а нивните поддржувачи во елемент, мислиш слават пласман во полуфинале. Ова е награда за нивната борбеност и стимул за да продолжат борбено и понатаму. Прекрасен навивачи гест.

Драмата пред головите на Атлетико и Сити во 96-та и 112-та минута

Судиското продолжение во Мадрид синоќа беше најнапнато и најдолго сезонава во ЛШ. Траеше 13 минути во кои видовме опасни стартови, турканици, тензија, картони, ама и две опасни шанси на двете страни.

Хаотично и во тунелот, Врсаљко плукаше по играчите на Сити, влета и полицијата

Напнатоста на реванш четвртфиналето меѓу Атлетико и Сити на кое се играше дополнителни 13 минути, продолжи и во тунелот, а најнервозен беше Хрватот Шиме Врсаљко кој прво ги гаѓаше гостите со нешто, а потоа и ги плукаше. Полицијата спречи посериозен инцидент.

Турканиците во 90 минута, Савиќ го зграпчи Грилиш за коса и му удри глава на Стерлинг

Фудбалерите на Атлетико и Сити на моменти „војуваа“ на Ванда Метрополитано, а напнатоста беше најголема во финишот. Фелипе по еден лизгачки старт, намерно го удри Фил Фоден за што доби втор жолт, а Савиќ им се намерачи на Грилиш и Стерлинг.

Рововска 113 минутна битка во Мадрид без голови, реми и на Енфлид ама со 6 погодоци

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа нерешено на реваншите против Бенфика и Атлетико Мадрид, резултати доволни за полуфинале во ЛШ. Двојките во топ 4 се Реал Мадрид - Манчестер Сити и Ливерпул - Виљареал.

Експлозивниот цепелин на Лазаров и Талески

Скоро и да не паметиме кога на еден голем натпревар сме имале дури четири цепелини. Македонските ракометари одиграа врвна партија против Чешка која пред натпреварот беше фаворит според букмејкерите и во Скопје го чекаме ривалот со одлична подлога. Талески беше најефикасен со 5 погодоци од кои еден еврогол.

Од огромни +7 до реми во Чешка, Македонија има одлична шанса за Светско првенство

Македонската ракометна репрезентација од чешки Злин носи одличен резултат пред реваншот во Скопје во недела, иако малку фалеше да удриме печат во визата за ракометниот Мундијал.

Матрикс со контролирана игра до победа над Шпаркасе Банка

Во 17. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на ЈП Дрисла и Матрикс.

Прва лекција за офсајд одржа чичо Емери

Поранешниот магионичар во Севиља со која освои 3 пехари во Лига Европа, едно време работеше во ПСЖ (титула во Лига 1, 4 Купа и 2 Супер Купа) а беше омаловажуван од страна на размазената англиска фудбалска публика додека го водеше Арсенал. Сега без милијарди на располагање, со ограничен буџет за трансфери и плати, прави чудо со симпатичниот Виљареал. Ги урна Јувентус и Баерн Минхен, а сега му се остри на Ливерпул.

Автогол на Зајков во Купот на Бугарија

По бегството од Украина, каде не успеа да дебитира за новиот клуб, Ѓоко Зајков се вдоми набрзина во Славија Софија. Стоперот на Македонија во петокот даде деби гол, а сега и автогол во првиот Куп натпревар против ЦСКА Софија која славеше со 2:0.

Почнаа и во НБА, жена-активист се залепи за паркетот на сред меч

Пред крајот на вториот период од мечот Минесота Тимбервулфс - ЛА Клиперс кој заврши 109:104, една жена активист за правата на животните втрча во терен и по едниот кош се залепи со лепак со цел подолго време да биде на терен и да го привлече вниманието во борбата против убивање кокошки и други животни во големата фарма на сопственикот на Тимбервулвс, Глен Тејлор.

Тренер во Бразил и даде глава на судијката

Срамот на сезоната го изеде Рафаел Сориано, а ударот шармантната Марсиели Нето. Сориано е отпуштен од клубот и суспендиран во фудбалот на еден месец. Нека оди да се сокрие.

Големото лудо славје во соблекувалната на Виљареал

„Жолтата подморница“ е најголемото чудо сезонава во Лига на шампиони откако ги елиминираше Јувентус и Баерн Минхен во осминафинале и четвртфинале и наострен влегува во полуфинале каде најверојатно ривал ќе им биде Ливерпул. По големиот триумф над Баерн Минхен со вкупен резултат 1-2, фудбалерите во транс славеа пласман во полуфинале.

Бајката Виљареал и натаму трае - со осум деца од своја школа до полуфинале на Лига на шампиони

Во ера на шеици, нафтни магнати, милијарди евра за трансфери кои го обликуваат модерниот фудбал, островот наречен Виљареал се бори на најромантичен начин.

Куртоа vs Хаверц, 110-та минута

Актуелниот и 13 кратниот шампион на Европа приредија драма за сите пари, долга 120 минути. Кога кралевите имаа резултат за полуфинале, Тибо се коцкаше малку пред гол, тоест правеше шоу. Хаверц велат дека уште клиза на Бернабеу.

Вонсериската асистенција на Модриќ треба да се урами и стварно се урами

Реал Мадрид на Твитер ја има најфраерската фотографија на колото во ЛШ. Топката со очи, со надворешен фелш на хрватскиот маестро, ја ставија во рамка.

Ѓоковиќ со пцовка одговори на навивач на трибините

Фрустриан што на првиот меч после цели 48 дена не му одеше ама баш ништо против расположениот 22-годишен Шпанец Давидович-Фокина, Новак Ѓоковиќ опцу кон делот од трибините каде бурно коментираа една долга размена на удари. На крајот Ѓоковиќ изгуби  6-3, 6-7, 6-1 и испадна од Монте Карло.

Феноменалната асистенција на Лука Модриќ

Со головите на Мејсон Маунт, Ридигер и Тимо Вернер Челси буквално го нокаутираше Реал Мадрид кој повеќе од 80 минути не можеше да стане од нокдаунот. И тогаш Анчелоти во игра го внесе младиот Бразилец Родриго. Кога сè изгледаше безнадежно за „кралевите“ Лука Модриќ извади една асистенција која уште долго време ќе се зборува.

Спектакл за паметење на Бернабеу, Реал оди понатаму, Виљареал го замрзна Баерн

Во натпревар каков што ретко се гледа, Челси до 75 минута водеше со неверојатни 0-3 и не само што ја надомести негативата од првиот меч туку и имаше резултат кој го водеше во полуфинале. Но Реал успеа преку Родриго и Бензема да ги постави конечните 2:3.

Колкави казни бара обвинителството за Јувентус, Наполи и нивните раководства?

11 италијански екипи и вкупно 61 раководно лице се обвинети за административни прекршоци поврзани со трансфери. Најголем дел од обвинетите, вкупно 11 се од Јувентус.

Арјен Робен после истрчан маратон: „Беше пеколно, не знам дали би трчал пак“

Легендарниот холандски фудбалер, фантастичното крило кое се прослави во Реал Мадрид, Челси и Баерн Минхен и освојуваше шампионски трофеи во Шпанија, Англија, Холандија и Германија, во неделата го трчал маратонот во Ротердам, негов прв маратон во животот. Истрчал за 3 часа 13 минути и 40 секунди, 69 минути после победникот Абди Нагеје од Сомалија.

Ма им ја сечам контрата, ми е гајле што сум тренер

Се игра 89-та минута, а резултатот е 1:1, па не е на одмет да се направи жртва со црвен картон. Бод, бод, кој ти го дава?