Робен во 2021-ва и официјално ја заврши фудбалската кариера во родниот Гронинген каде и започна во 2000-та. Сега после првиот истрчан маратон вели дека брзо сфатил дека тоа не бил негов ден.
Маратонот по традиција е долг 42 километри. Толку бил и тој во Ротердам.
„Во еден момент морав само да шетам зошто имав грчеви, а после мораш да почнеш одново. После 30 километри веќе не е нималку пријатно, тоа е пекол. Мислите дека веќе никогаш нема да го направите тоа, но штом веќе сте почнале... Да, можеби ќе го направам уште еднаш којзнае“, изјавил Робен за холандски NOS веднаш после маратонот.
Arjen Robben completed the first marathon of his life over the weekend.
— GOAL News (@GoalNews) April 11, 2022
No rest in retirement 🏃 pic.twitter.com/03xYtFG6hf