Спектакл за паметење на Бернабеу, Реал оди понатаму, Виљареал го замрзна Баерн

Во натпревар каков што ретко се гледа, Челси до 75 минута водеше со неверојатни 0-3 и не само што ја надомести негативата од првиот меч туку и имаше резултат кој го водеше во полуфинале. Но Реал успеа преку Родриго и Бензема да ги постави конечните 2:3.

РЕАЛ МАДРИД - ЧЕЛСИ 2:3 (0:1)
/Родриго 80', Бензема 90+6' - Маунт 15', Ридигер 51', Вернер 75'/

БАЕРН МИНХЕН - ВИЉАРЕАЛ 1:1 (0:0)
/Левандовски 52' - Чуквуезе 88'/

Реал и Виљареал се полуфиналисти во Лига на шампиони, откако вечерва кралскиот клуб успеа да се врати од тотален потоп. Челси водеше 0-3 и беше на праг да го продолжи походот кон одбрана на титулата.

Но во 80' минута штотуку влезениот Бразилец Родриго одлично реагираше на неверојатната асистенција на Лука Модриќ и намали на 1-3.

Мечот отиде во продолженија а таму Карим Бензема им избега на своите чувари и во 96' минута намали на 2-3 што значеше вкупен резултат 4:4. Реал до крај се одбрани и оди во полуфинале каде ќе го чека подобриот од мечот Атлетико Мадрид - Манчестер Сити (0:1).

Карло Анчелоти стана првиот тренер во историјата кој стигнал до четири полуфиналиња на Лига на шампиони во четири разни децении 

Виљареал по вторпат во својата клупска историја е во големото полуфинае на Лига на шампиони. Првпат таму беше во сезоната 2005/2006 кога испадна од Арсенал со промашен пенал на Рикелме во финишот на реваншот.

12 април 2022 - 23:38