Offside

Пејсерси направија подвиг против Оклахома како фаворитот за титулата и се изборија за седми натпревар кој ќе се игра само 20-ти пати во историјата на НБА лигата.

Чудесните одбрани на Столе Димитриевски против Барселона на „Камп Ноу“

Рајо Ваљекано оствари историски триумф против Барселона на гости со 0-1 и стана еден од ретките клубови на кои му успеало два пати да ја скроти Барса во една иста сезона. Среде „Камп Ноу“ Рајо играше маестрално, а јунак на мечот беше нашиот Столе Димитриевски со неколку бравурозни одбрани со кои ги исфрустрира домашните навивачи и играчи.

Кога не знаеш дали е реприза, дали оди во живо

На натпреварот меѓу Саутемптон У-23 и Њукасл У-23, Тајлер Диблинг постигнал дури три гола во првиот дел а сите три му биле неверојатно исти. Човек кој не го гледал натпреварот би помислил дека е монтирано.

Пандев беше сведок на најголемиот кикс на Џиџи Буфон во кариерата

Перуџа ја совлада Парма 2-1 во натпревар на кој нашиот Горан Пандев одигра 56 минути пред да биде заменет со шпицот Роберто Инглезе. „Млекарите“ примија два брзи гола во рок од две минути од 5-та до 7-ма. Вториот примен гол беше воедно и последица на најголемиот кикс на Џиџи Буфон во кариерата.

Ноле имаш поздрав од Кире Лазаров

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Белград на турнирот Србија Опен каде се пласираше во финале, откако го совлада Карен Хачанов со 2:1. И кога оп, колегата Бошко Тасиќ го изненади најдобриот тенисер во светот со подарок дрес од најдобриот македонски ракометар. Поздравот е од Кире Лазаров и РФМ.

Хотел со 5 ѕвезди е ова или стадион во Катар?

Мундијалот во Катар е закажан за 21 ноември - 18 декември 2022. Следната зима да може да бирате, би одбрале да одите по слави или тука?

Сите голови на Македонија на мундијалските квалификации 2022

Вкупно се 24, а ги дадоа: Трајковски 5, Елмас 4, Алиоски 3, Барди 3, Велковски 2, Несторовски 1
Пандев 1, Николов 1, Чурлинов 1, Адеми и Милан Ристовски 1. Ги спакувал во едно Matejcho кој има направено и други добри компилации на Јутјуб со наши фудбалери. Вреди да се потсетиме.

Кратка сторија за еден незаборавен кам бек на Роберто Баџо по кој фалеше поинаков крај

Ако треба да одбереме кој е синоним за бројот 10 и италијанскиот фудбал во 90-те, тоа сигурно е Роберто Баџо. Идол на многу генерации за кој се раскажува и ќе се раскажува. Цела Италија го сакаше на тоа пусто Светско, само Трапатони не.

Кристијано Роналдо со голема благодарност до навивачите на Ливерпул

Еден ден по загубата на новороденчето, Енфилд Роуд создаде уникатна сцена на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, за да му оддаде почит на Роналдо. Им возрати со објавување на видео од емотивниот момент во 7 минута, кое само во првите два часа имаше над 4 милиони лајкови.

Нова лекција на Борусија Дортмунд за тоа како се почитуваат навивачите

Далеку сме ние од вакви идеи, а не па реализации. Додека германските клубови смислуваат начини како да им го олеснат животот на своите поддржувачи, кај нас со години чекаат да им се реновира трибина и за прв пат во историја да им светне стадионот со рефлектори. На пример Тумбе кафе.

После дерење нема каење

Капитенот на Челси Сезар Аспиликуета постигна гол во поразот на неговиот тим од Арсенал 2-4 на „Стемфорд Бриџ“, но и покрај тоа одредени навивачи после натпреварот му дофрлале дека недоволно се бори и тој и соиграчите. Аспиликуета тргнал кон трибината каде со раце во вис му се извинувале за повиците.

Кога ќе ти ја сменат песната на пола

Некои навивачи имаат обичај пред противнички голман да ја изведе топката од свое поле, да му викнат едногласно нешто навредливо, а некои практикуваат така да им сметаат на изведувачите на корнери. За време на мечот Хал Сити - Кардиф Сити кој заврши 2-1, домашните навивачи на еден корнер викаат "you shit bastard ahhh" и примаат гол.

ЈП Водовод преку контролиран напад до победа над Пивара Скопје

Во 20. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на ЈП Водовод и А1.

Акција на Спортлајф: со еден промашен натпревар до еден милион денари!

Играчот кој во времетраење на акцијата има најголем број на тикети со еден промашен тип, ќе ја освои највисоката премија од еден милион денари, второрангираниот и треторангираниот добиваат бесплатно обложување во период од еден месец со вредносни ваучери од 200, односно 100 денари.

Акција со 16 пасови на сите 11 играчи на Интер по која Милан капитулираше во 3 минута

Лаутаро Мартинез го имаше најатрактивниот потег на миланското дерби кога ја заби дрско со волеј, ама на голот му претходеше јак тимски фудбал кој момците на Инѕаги го развија по само 3 минути игра.

Спортот станува фарса: Вимблдон ги протера руските и белоруските тенисери и тенисерки

Срамна одлука на британските власти кои прават страшен преседан кој во иднина би можел сериозно да му наштети на белиот спорт, велат од АТП.

Голот за победа на Хајдук и експлозија од радост на Пољуд во Сплит

Хајдук го победи Динамо Загреб 1-0, освои три бода и на пет кола пред крајот на хрватското првенство се врати во борбата за титулата. Сега по 31 одиграни натпреври, Динамо е прв со 66 поени, Осијек втор со 64 а Хајдук трет со 62. Повратникот во Сплит, Никола Калиниќ кој играше за неколку големи европски клубови меѓу кои и Милан и Рома, го реши дербито со прекрасен гол со лева.

Расположението пред викенд долг четири дена

Њукасл го победи Кристал Палас 1:0 во 33. коло од Премиер лигата и за прв пат после 2004-та се радува на шест домашни победи во низа. Долгиот празничен викенд ви го најавува Алан Сен Максимин.

Бензема утна два пенали, ама во еден момент се претвори во Зидан

Само прашање на денови е кога Реал Мадрид ќе ја официјализира новата 35-та титула во Ла Лига. Синоќа славеа над Осасуна на гости со 1:3, а стрелци на головите беа Алаба, Асенсио и Васкез. Никој нема да му замери на Карим за промашените пенали. Погледнете како им го организираше нападот за последниот гол.

Многу чуден гол од слободен удар во Куп на Русија

Најголемо изненадување во рускиот Куп направи нисколигашот Аланија Владикавказ откако го елиминираше големиот шампион Зенит по изведување на пенали. Аланија губеше 1-2 но постигна гол во последните секунди од мечот и тоа еврогол од слободен удар преку Николаи Ѓорѓобиани за нерешени 2-2 и пенали.

А се сеќавате ли на волејот на Нистелрој после плејстејшн акцијата на Реал?

Вакви голчишта тешко се забораваат, особено ако прашате навивач на Реал Мадрид. Не знаеш дали е подобра акцијата од која последните седум пасови се на прва или завршницата на Холанѓанецот. Падна пред точно 15 години на меч против Валенсија.

Избега од бомбите во Украина и стана МВП во дресот на Аталанта благодарение на Малиновски

Руслан Малиновски од Аталанта е еден од оние фудбалски ликови кои работат на помирување, но и спасување на луѓе од хоророт кој му се случува во татковината. Му подаде рака на талент од Шахтјор кој блесна за тимот од Бергамо.

Салах и двосмисленоста во изјавата

Може само да се замисли колку е силен Ливерпул кога меѓу првите петмина најдобри стрелци во лигата, тројца се нивни играчи (Салах 22, Жота 15, Мане 14) и меѓу првите тројца најдобри асистенти сите тројца се нивни (Салах 12 асистенции, Трент Александар-Арнолд 12, Ендрју Робертсон 10). Заслужено се први на табела во Премиер во моментов.

Преку 2.000 Торцидаши на тренинг, што ли ќе биде на дербито со Динамо

Трката за титулата во хрватската прва лига и натаму е многу интересна. Динамо Загреб е прв со 66 бода, втор е Осијек со 64 бода но и меч повеќе а трет е Хајдук со 59 освоени бода. Вечерва на „Пољуд“ во Сплит одново ќе се одигра вечното хрватско дерби во кое „билите“ ќе се обидат со триумф да ја надоместат предноста на тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои ќе бидат стартери.

Со Ибра и индивидуалните тренинзи се посебни

„Јас решавам кога ќе сопрам, исто како што решавам дека ќе те удри жолтата топка“, напиша уникатниот Златан.