Кристијано Роналдо со голема благодарност до навивачите на Ливерпул

Еден ден по загубата на новороденчето, Енфилд Роуд создаде уникатна сцена на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, за да му оддаде почит на Роналдо. Им возрати со објавување на видео од емотивниот момент во 7 минута, кое само во првите два часа имаше над 4 милиони лајкови.

„Еден свет… Еден спорт… Едно глобално семејство… Фала, Енфилд. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит и сочувство“, напиша Роналдо на Инстаграм.

21 април 2022 - 14:32