Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Трите јаки интервенции на Куртоа против Халанд

Само во првите 15 минути од полуфиналето Сити имаше речиси 80% посед на топка и 124 комплетирани додавања наспротив 13 на Реал. Го наполнија со 4 парчиња европскиот првак, а Куртоа му спречи хет-трик на Халанд кој пропушти три 100% шанси. 7:0 ќе беше огромно понижување.

Нова маестрална партија на Џими Батлер, Мајами му зема брејк на Бостон

Неверојатниот Батлер уфрли 35 поени среде „ТД Гарден“ во Бостон и му донесе водство на Мајами Хит во финалната серија со Селтикс.

Арапски коментатор се мајтапеше кога топката ја допре голманот на Сити

Актуелниот европски првак синоќа не знаеше кај е топката на Етихад и го одигра едно од најлошите полуфиналиња во историјата. Пазете го коментарот на Арапот кога топката во првото полувреме стигна до Едерсон.

Чаир во Струмица почна натпревар без противник на терен

Остај ти Јокиќ - Леброн и гледај каква кошаркарска претстава имаше кај нас и тоа во прва лига. Ако си оди Партизан, Жељко тука сакал да биде тренер.

Се сретнаа Мбапе и Виктор кој заврши кај Грег Попович

Француската сензација Виктор Вембанјама ја следеше драфт лотаријата во НБА со семејството и пријателите. Џек потот го доби Сан Антонио Спарс кој прв ќе го бира првиот пик после 1997-ма кога го одбра Тим Данкан. 219 високиот Французин доби поддршка и од Килијан Мбапе кој инаку е висок 178 см. Погледнете го видеото за да сфатите зошто пишуваме колку се високи.

Манчестер Сити го разби Реал и оди во големото финале

Фудбалерите на Манчестер Сити го растурија Реал Мадрид на реваншот од полуфиналето во Лига на шампиони со 4:0 и закажаа мегдан со Интер во битка за трофејот.

Селекторот на Индонезија се израдува за момент како Арсенал за титулата

Додека цел фудбалски свет синоќа го гледаше миланското дерби во ЛШ, Индонезија и Тајланд играа финале од 120 минути со 7 гола, 16 жолти и 6 црвени картони. 

Ненад Димитријевиќ стана шампион и доби МВП награда за најдобар играч

Репрезентативецот на Македонија Ненад Димитријевиќ беше еден од главните творци на шампионското славје на рускиот клуб УНИКС Казањ кој направи големо изненадување и ги совлада сите ривали во ВТБ лигата меѓу кои и побогати противници со реномирани играчи.

Парче историја за сите навивачи на Вардар пред финалето во Кавадарци

Сите Вардарци во Кавадарци, гласи повикот на 11 кратниот првак на Македонија и на Комитите кои се мобилизираат за бараж битката против Скопје вредна кам бек во првата лига. Собирот на навивачите во Скопје е во недела во 12 часот, тргнувањето во 14:00, а мечот во 17:00. Вардарци спремија посебна видео мотивација.

Не биле само Наполитанците луди по фудбал

И? Стаса ли дома Ачерби или уште е пред Џузепе Меаца?

Какви резултати има Интер откако Алегри им кажа дека се срање и дека ќе завршат шести?

Страшен финиш сезонава бележат фудбалерите на Интер и сосема неочекуван со оглед на тоа што до неодамна беа во ужасна резултатска криза, а клупата на Симоне Инѕаги висеше.

Роналдо даде гол, од пенал

На три кола пред крајот на првенството во Саудиска Арабија, Ал Наср на гости со 0-2 го совладал Ал Таи и сега има три бода помалку од лидерот Ал Итихад. На стартот на вториот дел кога еден играч на гостите бил фаулиран во шеснаесетникот на домашните, судијата само одмавнал со рака но Кристијано Роналдо се затрчал кон него да бара пенал. Повикан бил ВАР после кој е досуден пенал кој Португалецот го реализирал.

Прекрасните кореографии на „Џузепе Меаца“

Навивачите на Интер и Милан до совршенство ги доведоа кореографиите на големите натпревари. Интер синоќа го урнал и рекордот од заработка од продадени карти кој го држеше токму Милан. На реваншот тифозите кренаа кореографија по целиот стадион, на сите трибини. И росонерите имаа свој перформанс, опкружени од сино-црни бои.

Јокиќ го научил ДеАндре Џордан три пати да се бакнуваат при поздрав

Триесет и четири годишниот центар кој играше за Клиперс, Маверикс, Никс, Нетс, Лејкерс и Филаделфија ’76, конечно си го најде гнездото во Денвер. Нагетс синоќа го совладаа ЛА Лејкерс во големото конференцинско финале. Јокиќ издоминира со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции а на крај традиционално се поздрави со ДеАндре Џордан.

Матераци и Снајдер водеа навивање на трибина

Додека голем дел од нивните соиграчи кои беа дел од славната трофејна генерација која во 2009/2010 освои дури три пехари, Марко Матераци и Весли Снајдер синоќа од жариштето на интеровата трибина, водеа навивање меѓу ултрасите.

Трипл дабл број 12 во плејофот за Јокиќ, Денвер - Лејкерси 1:0

Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.

Луда тројка на Јокиќ како од шала

Ќе речеш на центарот работа му е да се рова под коша, ама нема, тоа е Јокиќ. Во еден момент е Шек, во друг Кари. И самиот рече дека шутов е луд на кој не е дека работел.

Познато име од ПСЖ славеше на Меаца

Хакими играше само една сезона за Интер, ама му се падна вистинската кога го освоија Скудетото 2020/2021. Синоќа ги бодреше во живо, а се сретна со уште еден поранешен играч на Интер, Иван Перишиќ.

Валкан потег на Ачерби

Интер со вкупни 3:0 го елиминираше Милан и обезбеди прво финале во ЛШ по пауза од 13 години. Големи пофалби за цврстата игра во одбрана одат на адреса кај искусниот Франческо Ачерби, кој сепак остави и лош впечаток откако камерите го уловија како намерно го гази Тонали.

Големите шанси на Леао и Џеко и фантастичните голмански рефлекси на двете страни

Рафаел Леао и Брахим Диаз ги имаа најсериозните шанси за Милан со кои можеа целосно да ги променат настаните во големата полуфинална битка на градското дерби. Веднаш по шансата на Леао, убава прилика за гол имаше и Един Џеко. Сите овие возбудливи моменти се случија во првите 45 минути.

Лаутаро Мартинез го матираше Мањан, Интер е финалист во ЛШ

По пласманот во финалето од Купот на Италија, Симоне Инѕаги и Интер заверија уште една финална битка и тоа во Лигата на шампионите. На 10 јуни во Истанбул ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. Милан не успеа да возврати ниту со повратникот Леао.

Како се поделени Милано и Италија според миланисти и интеристи и кои се побројни?

Италија вечерва ќе биде поделена куќа по куќа, кварт по кварт, општина по општина, што всушност и не е некоја новина. Северот го држат навивачите на Милан, а Центар и Југ оние на Интер.

Сега па им сметало што Шевченко седел со Ѓоковиќ

Украинскиот фудбалер Роман Зозулја, некогашен репрезентативец на оваа земја, остро го нападна легендарниот Андриј Шевченко. Само затоа што иконата на Милан седел до неговиот пријател Новак Ѓоковиќ на мечот Интер - Милан во Лига на шампиони.

Инцидент во Рим: Британецот Нори го удри Ѓоковиќ

Во 3. коло од Мастерсот во Рим, Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови 6:3, 6:4 го совлада Британецот Нори. Во еден момент од мечот, помладиот тенисер, на завршен поен, намерно со сета сила гаѓаше со топчето во Новак кој само се сврти и со остар поглед го погледна ривалот.