Зошто настана 6 месечен молк кај вас после отпуштањето од Милан?
Има луѓе во клубот без вистинска почит кон идентитетот и историјата на Милан, а има и други поврзани со неговите идеали. Би било подобро вториве да ги чувате блиску.
Ја очекувавте разделбата?
Ако клубот е продаден за 1,2 милијарди и газдите сакаат промени, имаат право на тоа. Но, луѓето и улогите мора да се почитуваат. Морав да најдам договор за моите права. Љубовта кон Милан останува безусловна. Како син на Чезаре. Како поранешен капитен. Како татко на Кристијан и Даниел. И како менаџер пет фантастични години.
Информациите не се насочени кон вистината. Секој што вели поинаку знае дека се лаже себеси. За среќа, ми се чини дека јавноста не е под влијание.
Во очите на Кардинале вие сте индивидуалист…
Тоа е помешано со желбата да се биде одговорен за одлуките што ги бара улогата. Секојдневната дискусија е благослов. Поранешен фудбалер од највисоко ниво е навикнат да му судат на секои три дена. Како менаџер растев, во првите три месеци се чувствував бескорисен. Леонардо ми рече: „Ти само учиш. Не е лесно да се комуницира со американски фонд или јужноафрикански извршен директор“.
Можете ли да зборувате за тој кобен 5 јуни 2022 година?
Гери Кардинале ми кажа дека Масара и јас сме отпуштени. Го прашав зошто и ми кажа поради лошите односи со извршниот директор Фурлани. Му реков: Дали некогаш сум ти се јавил да се пожалам од него? Никогаш.
Имаше и шега од негова страна за поразот во полуфиналето од Интер, но неговите причини ми изгледаа малку слаби. Целите за сезоната беа: елиминација од групите од Лигата на шампионите, поминато едно коло во Лига Европа, пласман во следната ЛШ.
Полуфиналето на Лигата на шампионите донесе најмалку 70 милиони повеќе приходи и рекордни спонзори и билети. Новоодобрените средства на билансот на состојба се однесуваат на финансиската година 2022/23, при што претпоставките во голема мера се исполнети.
Што бараше Кардинале?
Да освоиме Лига на шампиони. Му објаснив дека е потребен тригодишен план. Од октомври до февруари со Масара и еден пријател консултант подготвив одржлива стратегија и потреба од скок во квалитет на 35 страници. Му ја испратив нему, на неговите двајца многу блиски соработници и до извршениот директор Фурлани.
Што беше одговорот?
Никој не одговори. Од 35 трансфери се фативме за Де Кетелар, кој имаше 21 година. Ако изберете деца на таа возраст, стапката на неуспех е поголема. Мора да се чекаат, да им се помогне...
Од друга страна, по три месеци работа, со Бобан и Масара бевме повикани во Лондон од страна на сопствениците и извршните директори и практично делегитимирани. На Леао, Бенасер и Тео тоа не им се допадна. Но, потребен беше пат. Секогаш се сеќавам од каде почнавме.
Можете ли да резимирате?
Во 2018/2019, беше слаб тимот и не беше млад. Немаше пласман во Лига на шампиони шест години, тимот беше вреден околу 200 милиони, а за плати одие 150 милиони.
За 4 години реструктуирање со млади играчи, потрошувачката за трансфери изнесуваше 120 милиони или 30 милиони годишно, вредноста на тимот се искачи на околу 500 милиони, платите паднаа на 120 милиони, а потоа на 100 за 3 години, без да може да се продолжат договорите со Чалханоглу и Кеси.
На крајот од минатата сезона: три пласмани во ЛШ одиграни по ред, Скудето по 11 години, полуфинале во ЛШ после 16 години, позитивен биланс по 17 години.
Колкав беше буџетот за 2023/2024?
Сè уште немаше никаков разговор за тоа во март и не можеме да чекаме до јуни за да го планираме трансфер пазарот. Потоа, четири дена пред отказот, Фурлани многу засрамено ми кажа дека ќе имаме низок буџет, го забележав. По нашето заминување буџетот дури се удвои, без продажбата на Тонали, а висината на платите конечно е во согласност со нашиот план. Изгледа станавме извор на инспирација.