ПСВ со луд пресврт ја исфрли Севиља од ЛШ, два слободни удари на Зиеш, два кикса на Онана

Два меча, две драми со вкупно 11 гола на првите две средби во ЛШ во терминот од 18:45. Севиља имаше 2:0 над ПСВ до 68 минута, но на крај загуби и остана без осминафинале со гол во 92-ра минута. Манчестер Јунатед водеше 0:2 и 1:3 во Истанбул и пак не успеа да победи. Онана повторно ги разочара навивачите на Јунајтед со две нови млитави реакции при слободен удар.

Галатасарај - Манчестер Јунајтед 3:3

За пласман во осминафинале Манчестер Јунајтед мора дома да го совлада Баерн и да чека реми на другиот меч.

Табела: Баерн Минхен 13, Копенхаген 5, Галатасарај 5, Манчестер Јунајтед 4

Севиља - ПСВ 2:3

Табела: Арсенал 9, ПСВ 8, Ленс 5, Севиља 2

29 ноември 2023 - 21:05