Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Топ на сезоната!

Четвртолигаш од Бразил му одиграл 1-1 на познатиот тамошен прволигаш Ред Бул Брагантино во првиот натпревар од Куп на Бразил. Гостите повеле од пенал 0-1 а домаќините и покрај тоа што од 40-та минута играле со играч помалку, успеале да израмнат. Стрелец: Вилкерсон Жуниор де Соуза или скратено Батата.

Како изгледаше голот број 600 во кариерата на Меси?

1 мај 2019. Полуфинале од Лига на шампиони меѓу Барселона и Ливерпул. Ако сте подзаборавиле, тоа е она кога бандата на Клоп загуби 3:0, па дома тепаше 4:0, влезе во финале и го освои трофејот. На позицијата слободен удар се мести се знае кој. Не можеше да изведе нешто посовршено од ова.

Пред две години во втора лига, сега стрелец во полуфинале на Лига на шампиони

Во 36’ минута од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ победничкиот гол го постигна германскиот репрезентативец Никлас Филкруг. И двата тима до крајот имаа многу шанси за гол но се испостави дека центарфорот на домашните е јунакот.

Како изгледа воздишка по последна судиска свирка

Ипсвич игра сезона од соништата во втората англиска лига Чемпионшип и сантиметар ги дели од промили испиени пива за пласман во Премиер лига. На коло пред крајот, Лестер Сити е сигурно прв со 97 бода и сигурен пласман. Ипсвич е втор со 93 бода, а Лидс Јунајтед е трет со 90 бода. „Трактористите“ во заостанатиот натпревар го совладаа Ковентри 1:2 на гости и сега за сигурен влез во Премиер доволен им е само бод од мечот на домашен терен против Хадерсфилд.

Шесте неискористени шанси на Сигнал Идуна Парк за 33 минути

Печено беше второто полуфинале од ЛШ за повеќе голови. Барем колку што имаше во вторникот во Минхен. Промашуваа и двете екипи, а ПСЖ во една иста акција имаше две стативи. Ги собравме сите на едно место и сите се од второ полувреме.

Ал Наср е финалист во Купот, мајсторски потег на Роналдо

Ал Хилал за противник во финалето во Купот на Саудиска Арабија го доби Ал Наср кој со 3:1 славеше над Ал Калеџ. Два гола на Кристијано Роналдо од кои едниот го постигна на интелигентен начин откако искористи кикс на гостите. Стрелаше и Мане.

Лука Дончиќ ги распартали Клиперс, Далас со 30+ до 3:2

По неверојатно драмататичниот четврти натпревар кога Клиперс израмни на 2:2, Далас Маверикс синоќа возврати и на гостински терен славеше 123:93. Со овој триумф Мавси се на чекор од пласман во следна рунда.

Како Маркињос го спаси ПСЖ од 2:0?

Борусија и ПСЖ одиграа полуфинале со отворен фудбал и многу шанси на двете страни. Вкупниот број на удари е 12:14. Погледнете ја шансата на Џулијан Брант на 7 минути до крај и интервенцијата на Маркињос. Аплаузи за Бразилецот.

Добро, се свират ли чекори во НБА?

НБА е тотално разлабавена и опуштена за разлика од порано. Ај што не се мисли на одбрана и стана нормално екипа да постигне 150 поени на натпревар, туку и чекори не се судат. Вакво нешто во 90-те му дозволија на Патрик Јуинг, ама на Ол стар, за да си направи ќеиф да ја забие.

Чудесната атмосфера на „Жолтиот ѕид“ во Дортмунд

Германските клубови играат сјајна сезона во Европа и во завршницата влегуваат со дури три клуба. Баерн, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен. „Милионерите“ од Дортмунд го совладаа ПСЖ 1-0 во првиот меч од полуфиналето во ЛШ. Натпреварот донесе многу шанси кај двете страни, само еден гол и прекрасна атмосфера од трибините. Посебно од легендарниот „Жолт ѕид“ зад едниот гол.

Триумф на Борусија, ќе брани минимална предност во Париз

По ремито 2:2 меѓу Баерн и Реал и второто полуфинале од ЛШ остава многу прашалници за патникот во финале. Со голот на Никлас Филкруг, Борусија Дортмунд има 1:0 против ПСЖ пред реваншот.

Шек - Коби, какво дуо беше тоа

Легенди какви што ретко се раѓаат и се наоѓаат заедно во ист тим. Симболи на едни незаборавни НБА времиња. Заедно беа на тронот во 2000, 2001 и 2002-ра. Потоа Коби освои уште две титули со Лејкерси (2009 и 2010), а Шек една со Мајами (2006).

Кога во Македонија во дебатни емисии се канеа навивачи

Комити vs Шверцери плус четворица гости, поканети од страна на Чом во емисијата „Чуму“ на А1. Ниту сега има ваков концепт на емисии со навивачки групи, ниту пак се надминаа или подобрија проблематиките за кои дебатираат. Осудени сме на политички гњаважи.

Аплаузи за Лука Модриќ и Томас Милер

Одиме со два податока за две фудбалски легенди кои заслужуваат внимание. Од синоќа едниот е најстар играч во историјата на Реал Мадрид кој настапил во ЛШ, а другиот е прв Германец кој стасал до 150 натпревари во елитното натпреварување. Секоја чест.

Топ 10 забивања во кариерата на експлозивниот Ентони Едвардс

Со главата стига до обрач, а со раката и баскетот до горниот дел од таблата. Инаку има 22 години. Уживајте во празникот наречен Ентони Едвардс со кој во полуфиналето од Западот ќе се соочат Јокиќ и другарите. Не ферма никој под кош. Многу моќен. Ама ептен.

Партија на кариерата на Тајрис Макси кој ја спаси Филаделфија од елиминација

Публиката во Медисон Сквер Гарден остана без радост, но и без зборови од перформансот на Макси кој не дозволи Њујорк Никс да стане првиот полуфиналист на Истокот.

Ноер vs Кристијано, вонземјанска одбрана

Погледнете на што налетавме. Стара снимка од Баерн - Реал со удар на Роналдо кој ќе го видите во гол. Според секоја логика ова треба да е гол и точка. Каков е овој зачудувачки голмански рефлекс на Мануел Ноер при толку силен шут? Неверојатно нешто. Ко на ракомет.

Мадрид во солзи, Надал им кажа збогум

Рафаел Надал не успеа да се избори за четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, а тоа значи дека за последен пат настапува во својата татковина.

Чуамени му влезе на Милер во програма

Иако ова е полуфинале, екипите се сериозни, а целта им е само трофеј и ништо под тоа, сепак играчите од типот на легендарниот Томас Милер знаат како да најдат време и за забава.

Спектакуларната кореографија во чест на легендарниот Франц Бекенбауер

Навивачите на Баерн се потрудиле за великанот Франц Бекенбауер, кој има три европски титули и тоа по ред: 1974, 1975, 1976. Замина на 7 јануари годинава на 78 годишна возраст.

Восхитувачкиот пас на Крос кој му ја нацрта акцијата на Винисиус

23 минути Баерн го напаѓаше голот на кралевите, кои до тогаш не се споија со топка. Во 24-та минута на својата позиција топка доби Тони Крос и толку беше. Со само една гестикулација со прст му посочи на Винисиус каде треба да влезе. Навидум едноставна, но сепак многу мајсторска асистенција на Германецот со многу мозок, за која сите зборуваат денеска.

Навивачите на Реал и Баерн сложни во метро

Првата мега пресметка меѓу Баерн и Реал заврши 2:2. Не чувме дека пред мечот имало инциденти. Таргетот на група навивачи од двата тима беше Барселона.

Реми со четири гола во големиот класик, финалистот ќе се дознае во Мадрид

Во интересен дуел меѓу двата европски гиганти на „Алијанц Арена“ во Минхен вечерва Баерн и Реал одиграа 2:2. Гостите поведоа први преку Винисиус, Баварците направија пресврт, а Бразилецот одново ги олади домашните, овојпат со гол од пенал. Реваншот за седум дена ќе го донесе патникот во финалето.

Голман, мораше ли баш во птицата?

На натпревар меѓу Треф и Фунефос во норвешката трета лига, гостинскиот голман при дегажман на топка од својот шеснаесетник, случајно погодил птица во лет и ја оставил на место.