Алкараз го одбрани Вимблдон, очаен настап на Ѓоковиќ

Во реприза на минатогодишното финале, но со многу помала неизвесност и во пократок меч, Карлос Алкасаз го совлада Новак Ѓоковиќ и стигна до четвртата Гренд слем титула во кариерата.

Карлоз Алкараз веќе трета година по ред покажува дека доаѓа неговото време и на 21 година веќе ги има во раце трите од можни четири Гренд слем титули.

УС опен 2022, Роланд Гарос 2023 и Вимблдон 2023 и 2024. Му фали само Австралија опен.

Финалето против Ѓоковиќ го доби убедливо со 3:0 (6-2, 6-2 и 7-6), на убедлив и сигурен начин и за само околу 2 часа и 30 минути. За разлика од лани кога играа 5 сета во времетраење од 4 часа и 42 минути.

16 години помладиот Шпанец лесно и без многу проблеми ги освои првите два сета со 6:2, по што стана јасно кој ќе го зграпчи трофејот.

Ѓоковиќ делуваше индиспонирано, целосно надвор од ритам, правеше многу грешки, особено на мрежа каде имаше само 51% успешност (27/53), наспроти Алкараз 73% (16/22). Лоша статистика имаше и во винери или 26:42.

Единствена борба се водеше во третиот сет кога Новак го крена малку нивото на игра, спаси три меч топки и се избори за тајбрејк.

Младиот шпански ас сосема заслужено го одбрани трофејот на Вимблдон и уште еднаш докажа дека има огромен потенцијал за голема кариера.

14 јули 2024 - 17:40