На прашањето на домаќинот, кој му бил најомилен фудбалер од славната шампионска генерација на Валенсија која освои две титули во Ла Лига и една во Куп на УЕФА, а играше и во финале на Лига на шампиони, Столе Димитриевски вели:
„Кога бев мал, најмногу ми се допаѓаше Кањизарес. Не го гледав кога играл во Реал, но затоа го гледав во Валенсија. Жолт дрес и бела коса беа препознатливи за него. Беше навистина интересно да се гледа, тој имаше извонредни натпревари како фудбалер на Валенсија. Го бирам него“, рекол Димитриевски, кој вели дека пристигнал на „Месталја“ да се бори за своето место и да му помогне на тимот, без разлика на тоа дали Гиорги Мамарадшвили ќе остане, или ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.
„Потпишав за Валенсија знаејќи дека има добар голман како Мамардашвили. Тој имаше одлични две години, а го потврди тоа и на Европското првенство. Дојдов тука да се борам и да му помогнам на тимот“, заклучи Димитриевски.
| Vídeo @DepCOPEValencia | 🦇
— Deportes COPE Valencia (@DepCOPEValencia) July 11, 2024
🚨Presentación STOLE DIMITRIEVSKI🧤
👤 “ Vine aquí sabiendo que estaba un gran portero como Mamardashvili y en la Eurocopa lo ha vuelto a demostrar” pic.twitter.com/poatPcuFmv
🗣️ DIMITRIEVSKI: «Me gustaba mucho Cañizares, con la camiseta amarilla, el pelo blanco, fue divertido. tuvo grandes actuaciones aquí». pic.twitter.com/C4fJo0GThH
— Córner Che🦇 (@Corner_Che) July 11, 2024
| Vídeo @DepCOPEValencia | 🦇
— Deportes COPE Valencia (@DepCOPEValencia) July 11, 2024
🚨Presentación STOLE DIMITRIEVSKI🧤
👤 “De mi juventud me gustaba mucho ver a @santicanizares. Con la camiseta amarilla y el pelo blanco” pic.twitter.com/K7LoYZzJEk