Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Омерагиќ на средба со Милевски, вработените во ФФМ и новинарите

Еден ден по вонредното изборно генерално Собрание, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ го одработи првиот ден во куќата на фудбалот. Се запозна со вработените во федерацијата, ги повика на брифинг новинарите, а имаше и прва средба со селекторот Боби Милевски, кој за три месеци ги стартува мундијалските квалификации.

Никако да го разберат Јокиќ за Божиќ

Новинарите во САД пред секој новогодишен период речиси секоја година го прашуваат Никола Јокиќ што мисли за тоа што „тој и соиграчите играат натпревари неколку Божиќи по ред и што мисли за играњето на Божиќ?“.

Бремето на едно презиме

Второлигашот Јуве Стабија е четврти во Серија Б и има сериозни намери да се вмеша во борбата за место кое води во Серија А. Интересно, за овој клуб игра долгоозборуваниот млад фудбалер Романо Мусолини, играч на Лацио позајмен во Јуве Стабија. Негов прадедо е познатиот италијански историски лидер, контроверзниот Бенито Мусолини. Сега дал гол за победа, а тифозите додека спикерот го најавувал неговото презиме, салутирале со римски поздрав.

Жоел Ембид ѝ скокна на судијка поради фаул

Натпреварот меѓу Филаделфија и Сан Антонио Спарс кој Севентисиксерс го добија 111:106 го одбележи груб инцидент кој го предизвика 30-годишниот Жоел Ембид. При еден напад на Филаделфија, Ембид направи фаул, судијката му досуди прекршок а тој влезе во жестока расправија по што соиграчите го смирија да не ја нападне и физички судијката. Го исклучија од мечот а тоа му е второ исклучување сезонава.

Страшно забивање во Штарк арената, невидено на белградското дерби

Црвена Ѕвезда го доби Партизан 89:84 во натпревар од АБА лигата, а потегот на мечот, а можеби и на сезоната е НБА забивањето на Американецот Тајрик Џонс. Безмилосно му одигра на својот чувар еден на еден, во стилот на Шон Кемп.

Кристијано Роналдо кај Дедо Мраз во Финска

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо решил со децата да отпатува до Финска, во местото Рованиеми за каде се смета дека е седиштето на Дедо Мраз. Од аеродром ги донеле директно до местото а таму возеле и на санки со кучиња и го посетиле Дедо Мраз.

И тоа да види човек, навивачите на Црвена Ѕвезда скандираа против Вучиќ

Црвена Ѕвезда го доби градското дерби против Партизан во АБА лигата, а по натпреварот можеа да се чујат навреди кон претседателот Александар Вучиќ, што е нетипично за овие навивачи ако се знае дека тој е ѕвездаш. Спортклуб пишува дека ова е одраз на незадоволство околу ситуацијата во земјата, каде инаку деновиве се одржуваат масовни протести од страна на студентите, откако на железничката станица во Нови Сад загинаа 15 луѓе.

Чудната епизода на Арда Ѓулер и седиштето на Анчелоти

Реал Мадрид со 4-2 ја совлада Севиља и ја прескокна Барселона на табелата, па сега Атлетико е прв со 41 бод, Реал Мадрид втор со 40 бода а Барселона трета со 38 бода со тоа што мадридските гиганти имаат и меч помалку во Ла Лига. На дербито со Севиља Арда Ѓулер влезе во 71' минута од клупата за резерви каде претходно истури вода врз столчето на Карло Анчелоти.

Турам еден на еден во стилот на Адриано

Интер го совлада Комо со 2:0 во заостанат натпревар и сега е на -3 од лидерот на Аталанта, но со натпревар помалку. Ќе го издвоиме голчиштето на Маркус Турам кој го реши и чуварот и голманот со убиствен финиш. Прв стрелец е во Серија А со 12 гола, исто колку што има и Ретеги од Аталанта.

Новогодишна елка и лампиони на терен

Оснабрик е на претпоследно место во трета германска лига, 19-ти се од 20 клуба. Имаат само 15 бода и сериозно тонат накај четврта лига. Но навивачите го бодрат тимот кај и да игра. Сега последно Оснабрик играл во неделата против Ферл (1:1) на гости, а навивачите го прекинале накратко натпреварот со фрлање лампиони и новогодишна елка во знак на протест што цел декемви Оснабрик игра само во недела, ден за одмор.

Судија, еве ти метро па измери

Натпревар од фудбалската лига на Костарика бил прекинат поради тоа што гостинската екипа Алахуеленса била незадоволна од висината на стативите и пречката. Судија со метро и асистенција од помошниците измерил и се потврдило дека голот е повисок од вообичаеното. Но после прекинот домаќините славеле 2:0 па гостите залудно се жалеле.

Рефлексот на Столе работи и на Местаља

Со повредата на Мамардашвили, Столе Димитриевски брани во Ла Лига на три меча по ред за очајната Валенсија, која се наоѓа на претпоследна позиција. Загуби 1:0 од Ваљадолид, па нерешено прво со Еспањол, па викендов против Алавес. Бележиме две одлични интервенции од последните два дуела.

Козачката сабја и православната маица на шампионот Усик

Украинскиот боксер Александар Усик одново, по втор пат го совлада Британецот Тајсон Фјури и ја одбрани светската шампионска титула во тешка категорија. Усик победи по судиски поени а при прогласување на победникот носеше маица со грчки натпис: „Православие или смрт“ и на градите имаше голем ланец со православен крст, појави не баш често видени во Саудиска Арабија.

Нова магија на Никола Јокиќ, во негов стил го спаси Денвер

Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл во својата НБА кареира, 11-ти сезонава и 141. во кариерата. Србинот постигна 27 поени со 13 скока и 10 асистенции. Денвер Нагетс губеше убедливо сè до крајот од третиот период кога Јокиќ и Мареј потсетија на шампионските денови, режираа пресврт и после продолженија на Денвер му го донесоа 15. триумф сезонава, овојпат 132:129 против Њу Орлеанс Пеликанс.

Зошто Фјури изгледаше така лошо со Усик?

Александар Усик одново доминантно го избоксира Тајсон Фјури во Ријад, Саудиска Арабија и забележа уверена победа и на реваншот ја одбрани светската шампионска титула во тешка категорија. Британецот изгледаше невообичаено лошо.

Во Манчестер Јунајтед капе од таванот за време на прес-конференција

Португалскиот тренер Рубен Аморим кој правеше чуда со Спортинг Лисабон, му донесе шампионски титули, трофеи и пехари после долги години, го направи редовен учесник во Лига на шампиони, сега не може да се снајде во хаосот во Манчестер Јунајтед. Изгубија дома 0:3 од Борнмут, а таванот прокиснуваше за време на прес-конференцијата на Аморим.

Шпалир за Хезус Навас на Бернабеу и аплаузи од цел стадион

18 сезони, 704 натпревари, 49 голови, 4 трофеи во Лига Европа, 2 во Копа дел Реј, Суперкуп на Европа и Суперкуп на Шпанија. Сето ова за еден клуб. Севиља. Во меѓувреме заигра и за Манчестер Сити (2014-2017) со кој освои титула во Премиер лигата и два пати Лига Куп.

Ќе речеш бек, а тој торпедо голчиште даде

Tрабзонспор го совлада Бодрум 1:0, на многу сладок начин. Со еврогол во 86 минута, ремек дело на португалскиот десен бек Педро Малхеиро, кој ја дупна топката.

Тенискиот резултат меѓу Тотенхем и Ливерпул со 9 гола

Во големото дерби од 17. коло во англиската Премиер лига Ливерпул ја прекина серијата од два меча без победа и го совлада Тотенхем на гости со тениски резултат 3:6.

Офсајд на годината

Ништо од ноктот на Левандовски, приматот за најјак офсајд за 2024-та доаѓа од средбата Венеција - Каљари. Пази, со крампон беше во офсајд. Каков апсурд.

Во меѓувреме, одиме во Непал

Кога ќе се спомене Непал, прва асоцијација се Хималаите и славниот Монт Еверест. Но, тука друг е муабетот. Роберто Карлос дали се слушаме? Или ова треба да го објасни професор по физика?

Мбапе и Валверде распалија со проектили

Реал Мадрид целосно ја оправда фаворитската улога против Севиља и ја доби со 4:2, со што изби на втората позиција пред Барселона. Да не должиме многу, Килијан и Федерико сакаат да ви покажат нешто.

Оскаровска глума во Серија А на шкотски начин

Аталанта го совлада Емполи со 3:2 и ја задржа челната позиција и во 17. коло. Лиам Хендерсон од Шкотска кој е член на гостинскиот тим, се надмина себе си во обидот да изнуди прекршок, па уште глумеше и мускул дека истегнал. Гасперини за глава се држеше. Торко од невидени размери.

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ, Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Фудбалската федерација на Македонија го одржа вонредното изборно генерално Собрание. Прифатена е оставката на досегашниот претседател Муамед Сејдини и претставена е новата раководна структура на куќата на фудбалот.