Жоел Ембид ѝ скокна на судијка поради фаул

Натпреварот меѓу Филаделфија и Сан Антонио Спарс кој Севентисиксерс го добија 111:106 го одбележи груб инцидент кој го предизвика 30-годишниот Жоел Ембид. При еден напад на Филаделфија, Ембид направи фаул, судијката му досуди прекршок а тој влезе во жестока расправија по што соиграчите го смирија да не ја нападне и физички судијката. Го исклучија од мечот а тоа му е второ исклучување сезонава.

Лидер на мечот беше Тајрис Макси со 32 поени, 10 скока и осум асистенции а Пол Џорџ додаде 19 поени со 9 скока. Кај Спарс Виктор Вембенјама имаше 26 поени, 9 скока и осум блокади.

 

24 декември 2024 - 09:49