Offside

Кошаркарите на Денвер Нагетс успешно го одиграа петтиот натпревар од серијата против ЛА Клиперс, славеа 131:115 и сега се на чекор од пласман во полуфинале на Западот.

Сплит го победи Партизан после цели 27 години

Пред околу 7.000 гледачи во белградска „Арена“ кошаркарите на Партизан загубија убедливо од Сплит 74:67 во рамки од 19. коло на јадранската АБА лига. Ова е прв триумф на Сплит против Партизан после 17 порази по ред и прва победа после цели 27 години.

Гути за Чави: „Полесно му е да ги обвини судиите и Реал, отколку да си признае дека ништо не играат“

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Хозе Марија Гутиерез попознат како Гути вели дека неговиот некогашен репрезентативен колега е добар тренер и за Барса и за кој било друг клуб, ама...

Врвна одбрана на Столе спречи поубедлив пораз на Рајо

Севиља конечно победи после четири меча без триумф и конечно макар минимално избега од опасната зона за испаѓање. Андалузијците го совладаа Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски со 1-2 со двата гола на Мароканецот Јусеф Ен-Несири. Токму Столе го спречи овој центарфор да постигне хет-трик.

Прослава за гол на колена, не е секогаш добра идеја

Извесен Рамон Соса од Парагвај проба, ама сега колената му знаат, ги одра. Треба да лизга младичу, како во Премиер лига.

Асистенцииште поништено со ВАР

Ред Бул Лајпциг конечно ја прекина серијата порази и конечно победи. Го совладаа Унион Берлин со 2:0 а триумфот ќе беше многу поубедлив ако судиите по гледање ВАР не утврдеа офсајд за голот на Бенјамин Шешко на кого Дани Олмо му асистираше чудесно со пета. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра токму наместо Олмо во 78’ минута од мечот.

Јак муабет си направија на тастатура Мудрик и навивач на Челси

Сините од Лондон тонат две сезони по ред до толку што навивачите викендов пееја против своите заедно со навивачите на Вулверхемптон. Навивач на Челси му пиша порака на една од најслабите карики во тимот, а овој му врати со глуп предлог.

Халанд: „Мој спортски идол е Ѓоковиќ“

Неверојатниот норвешки центарфор кој со Манчестер Сити освои историска тројна круна со пехар во Лига на шампиони, Премиер лига и ФА Куп, вели дека одамна спортски идол му е Новак Ѓоковиќ.

Идиотот на сезоната меѓу навивачите доаѓа од Рајо Ваљекано

Тимот на Столе Димитриевски загуби 1:2 од Севиља во натпревар кој беше прекинат поради моронштина од потег на навивач на Рајо, каков што не паметиме дека сме виделе друг пат на стадион.

Нојер со капитенски подарок за Милер

Баерн Минхен во саботата ја совлада Борусија Менхенгладбах со 3-1 и ја продолжи трката со Баер Леверкузен кој е прв на табела со 52 бода, два повеќе од Баварците. На овој натпревар Томас Милер влегол на вечната листа како прв фудбалер во историјата на Баерн кој забележал 500 победи. За таков подвиг му требале 690 меча.

Трпеливата акција на Арсенал на која Ливерпул немаше одговор

60 секунди, 18 додавања. Навидум бавно и со цел да се извади топката од своја половина, ама сепак организирано, со завршница по мерка за 1:0 по само 14 минути игра. Ливерпул 61 бод, Арсенал 59, Манчестер Сити 46 со два меча помалку. Ќе гледаме ли жестока битката за титулата во Премиер лигата со три екипи?

На дете навивач на Наполи му направија торта со амблемот на Јуве

Роденденската траума на малиот за среќа му траеше кратко, инаку на плачките ќе им немаше крај.

Мајсторија на Димитриоски во стилот на Дибиров

Во екипата на Ваљадолид настапуваат двајца македонски ракометари: Димитар Димитриоски на позиција лево крило и Дарко Димитриевски како лев бек. Пазете каква вртенка извади Димитар на додавање на Дарко и тоа во трк.

Најсмешниот направен пенал

За време на мечот од бразилската Копа до Нордесте меѓу екипите на АБЦ и Марањао, гостинскиот бек Иан Балдез направи таква глупост што судијата ја забележал и го досудил најчудниот пенал што некогаш е досуден за ваква ситуација.

Навивачите на Челси брутално искрени спрема својот клуб

Челси лани заврши на 12-то место со 16 порази. Сезонава веќе има 10 порази и е 11-ти со -20 од првиот. Водеа 1:0 против Вулверхемптон и на крај загубија 2:4. За тоа колку се утепани, свесни се и самите навивачи. Гостите им пеejа „You're fucking shit", а тие вратија со „We're fucking shit". Трагикомедија.

Карагер, а Клоп кога скока убаво ти е?

Арсенал со 3-1 го разби Ливерпул во големото дерби на Премиер лигата и ја направи уште поинтересна трката за шампионската титула. Ливерпул сега е прв со 51 бод но само два повеќе од „топџиите“ и пет повеќе од Сити кој има и два меча помалку. Сака, Мартинели и Тросар беа стрелци на головите а после мечот стручниот коментатор Џејми Карагер не можеше спортски да го прифати поразот на тимот чиј капитен беше со години.

Сензација на Светски Куп каква што не е видена никогаш во скијање

Швајцарскиот скијач Даниел Јул триумфираше во француски Шамони во трката во слалом во рамки на Светскиот Куп иако после првата рунда беше дури на 30-та позиција со речиси теоретски шанси да направи нешто.

И Левандовски на актерскиот список

Па пауза од скоро два месеци, Роберт Левандовски постигна гол за Барселона, која славеше 1:3 на гостувањето против Алавес. Во еден момент полскиот напаѓач влезе во непотребен глумачки фазон, нетипичен за него.

Прва топка заборав нема

Фудбалот е игра за сите и стари и млади и машко и женско. Доказ за тоа е и еден симпатичен дедо кој носталгично подигрува.

Голчиштето на Кварацхелија за пресврт и победа на Наполи

Шампионот на Италија игра многу слаба сезона и се наоѓа на седма позиција со само 35 бода или -22 зад лидерот Интер. Во 22. коло ја запишаа 10-та победа и тоа едвај против Верона која се бори за опстанок. Гостите поведоа во 72-ра минута, а Наполитанците се вратија со помош на автогол, а потоа со мајсторија на Кварацхелија кој е далеку од ланската форма.

Како Атлетико го шокираше Реал во продолжение?

Шпанскиот репрезентативец и некогашно дете на Реал Мадрид, Маркос Љоренте (29) во длабоко судиско продолжение погоди против „кралскиот клуб“ и му донесе злато вреден бод на Атлетико Мадрид кој со Барселона и Жирона останува во трка за титулата.

Дојди чичо Никола да ти покаже една стара финта

15-ти трипл дабл сезонава за Јокиќ или вкупно 120-ти во кариерата на мечот против Портланд викендов, кој го заврши со победа од 120:108 и учинок од 27 поени, 22 скока, 12 асистенции, 2 бокади и една украдена топка. Само два дена подоцна Денвер повторно одигра против Портланд и повторно славеше овој пат со 112-103. Јокиќ го заврши мечот со 29 поени, 8 скока и 7 асистенции. Деандре Ајтон се обиде да го чува на тројка, ама се укочи.

Арапски коментатор ја пееше мундијалската химна на Шакира за време на последниот пенал

Зеленортските острови го изведуваат последниот пенал против Јужна Африка во четвртфиналето кој ќе го промашат и ќе загубат со 2:1. Коментаторот го пее хитот на Шакира од СП Јужна Африка 2010. Каков цар.

Поентата беше да ја расчистиш, а не да си ја збрцаш во гол

Во бразилскиот шампионат Атлетико Паранаенсе го совлада ПСТЦ со 4:0. Во 40 минута при резултат 0:0, голманот на домашниот тим фати пенал, ама не знаеше дека има соиграч од сомнителен калибар кој ќе конкурира за автогол на годината.

Историски подвиг на голманот на Јужна Африка со 4 одбранети пенали вредни полуфинале

Африканскиот Куп на нации влегува во самата завршница на спектакуларен начин. Ронвен Вилијамс направи нешто кое не му успеало на ниту еден друг голман, па дури ни на Европско и Светско првенство.