Сензациски резултат на аматерите од Нов Зеланд против Бока Јуниорс

Минатата недела пишувавме за дечките кои играат за 66 фунти неделно и кои отидоа на Светско, откако добија неплатен одмор од работа. Епа му извадија реми на аргентинскиот гигант Бока. Стрелецот е наставник.

Во светот има повеќе од 4.000 професионални клубови и 128.000 професионални играчи. Оукленд Сити не се едни од нив.

Но и покрај тоа, успеаа да му извадат нерешен резултат 1:1 на професионален клуб и апсолутен фаворит, а тоа е Бока Јуниорс.

Тоа го сторија со 26% посед на топка и вкупно 2 шута.

За да сфатите колку е овој клуб назад зад другите учесници, треба да обрнете внимание на следниов податок. Оукленд Сити е на 5.074-то место во светот или над 2.500 места под англискиот петтолигаш Јорк Сити.

Тимот им е проценет на 4,58 милиони евра и се состои од брокер, бербер, продавач, инжинер, магационер, па дури со себе носат и студент кој полагаше испит он-лајн. Стрелецот на голот е наставник.

Во првото коло загубија 10:0 од Баерн Минхен, а потоа 6:0 од Бенфика и тоа значи дека за нив Светското е завршено. Но, ќе остане незаборавно после сите жртви кои ги направија само за да учествуваат.

Од Ц групата е елиминирана и Бока Јуниорс. Осминафиналисти се Бенфика и Баерн, а нивниот дуел заврши 1:0 за португалскиот тим.

 

Добиле неплатен одмор за да одат на Светско, а фудбал играат за 66 фунти неделно

 

25 јуни 2025 - 08:56