Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

Јуначки гол на Самарџиќ во 96-та од 30 метри, Елмас повторно доби минутажа

Аталанта ја скрши Болоња со голчиште на Лазар Самарџиќ во длабокото судиско продолжение и стигна до 2 во 2 на стартот во Серија А. Елиф Елмас и на двете средби влезе од клупа на местото на Распадори. Прво во 82-ра минута, а синоќа во 56-та. Македонскиот репрезентативец во 3. коло гостува на Олимпико против Рома.

Интересна кореографија на навивачите на шведски Хамарби

Во шведската лига веќе активно се игра фудбал, се одиграа 19 кола. Прв на табела изненадно е малку познатиот клуб Сириус. Втор е Хамарби кој има 36 бода и кој синоќа изгуби 3-2 на гостување кај АИК во Стокхолм. А навивачите на Хамарби направија супер интересна кореграфија.

Дај ми ја бековска и после остај на мене

Монако го суреди Олимпик Марсеј со 2:0 во 2. коло од Лига 1. 20 годишниот Парис Брунер ја заврши работата два пати. Едниот гол го изведе со фантастично соло и тоа после само едно додавање од гол.

За презентација на летото ја прогласуваме онаа со двете баби

Август е резервиран за трансфери, посебно во последните денови од месецот, кога има трчаници за да се стигне до што подобар потпис. Едно момче од Леванте изненади кога пристигна на Бернабеу.

19 годишник стави јак печат на дерби во Шведска

АИК го совлада Хамарби со 3:2 во шведското дерби на колото. Мечот заврши спектакуларно, со голчиште на Сикстен Густафсон во 83-та минута, кој ќе го памети доживотно. Се работи за дете од нивната школа.

Ако смее вака, ова е добра фора

Манчестер Јунајтед го разби кутриот Ипсвич со 5-2 во 2. коло од новата сезона во англиската Премиер лига. Бруно Фернандеш постигна хет-трик. За еден негов гол од пенал му помогна и Белгиецот Јури Тилеманс кој го збунуваше голманот со имитација на изведен пенал. Ова би можело да биде револуционерна финта за изведување пенал.

Спектакуларен гол во Португалија!

Дваесет и четиригодишниот Франсиско Домингеш од португалски Мореиренсе поднесе кандидатура за најубав гол на сезоната. Победнички против Каза Пиа за 0-1.

Димитријевиќ блесна, Македонија до прва важна победа

Македонската кошаркарска репрезентација со триумф го стартуваше вториот претквалификациски циклус за Еуро 2029 откако убедливо ја растури Австрија со 91-59 на гости во Виена.

Збори си на свој јазик бе пријателе

Баскиската гордост Атлетик Билбао после 2 порази на почеток на сезоната, конечно победи и тоа 0-2 против Селта Виго на гости. Новинарот кој го интервјуираше тренерот на Билбао Един Терзиќ после натпреварот се изнамачи со англиски јазик. Најлош англиски некогаш слушнат.

Убавината е и во тимската игра

Фудбалерите на Фламенго демонстрираат брза, мераклиска и тимска акција во шест потези. Вака се игра фудбал. Браво дечки.

Шмекерски потег кој се гледа повеќе пати

Во големото дерби на уругвајскиот фудбал меѓу Пењарол и Насионал Монтевидео, гостите славеле 0-1 по фраерскиот гол на Франсиско Калво со петица во 24' минута. Многу мангупски браво.

Ноле не може повеќе

За прв пат во својата кариера Новак Ѓоковиќ се соочува со елиминација во првото коло на УС опен. Загуби од Маријано Навоне (49-ти на АТП) со 3:2 во исцрпувачка битка од 4 часа и 36 минути. Имаше серија од 19:0 во прво коло на отвореното првенство во Њујорк и 78:0 во прво коло на сите гренд слемови. Но, телото очигледно му откажува. Србинот повраќаше, а потоа и плачеше од мака откако немаше сила во последниот сет при негатива од 3:1. 

Триатлонот на Марко од 107 км

Марко Пејчиновски потсети на Фејсбук на најголемиот и најтешкиот подвиг во неговиот живот кој го оствари пред една година, со ретка болест на колкот и скинат лигамент на рамото. 19 годишниот Охриѓанец успеа да се надмине себе си и да го реализира таканаречениот модифициран Ајронмен триатлон, за што му беа потребни 19 часа и 49 минути.

Хрватот Филип Хрговиќ на филмски начин стана светски шампион во тешка категорија

Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ е светски шампион во тешка категорија откако во големата „О2 Арена“ го совлада домашниот боксер и миленик на публиката Мозес Итаума од Англија.

Малиот од Ајакс што жонглираше преку 3.000 пати за хуманитарна акција

Малиот 11-годишен Сиб Зајдентхујс од пионерската школа на Ајакс Амстердам, добил овации од преку 50.000 гледачи на „Јохан Кројф Арена“ откако жонглирал 3.085 пати без престан. Хуманитарната акција гласела: по 1 евро за секое жонглирање па на крај се собрале повеќе од 3.000 евра. а Сиб можел уште само натпреварот требал да почне.

Меси е чудо: со 4 гола и 1 асистенција испиша рекорд во Интер Мајами

Лионел Меси го торпедираше Монтреал со 4 гола во убедливиот триумф 7-1. Аргентинецот сезонава веќе стигна до неверојатни 17 гола и 9 асистенции на 19 натпревари. А да не заборавиме: има 39 години.

ПСЖ до 91-ва губеше 2:0, потоа на сцена стапи Витиња

Лил пропушти голема победа против актуелниот европски првак во 2. коло од Лига 1. Водеа 2:0 со головите во 21 и 84 минута. Витиња им го расипа славјето. Прво даде еврогол во 91-ва минута, а потоа му ја намести на тацна на Маркињос во 95-та за конечни 2:2.

Џани против Муслиу, Елмас против Шишковски

Извлечени се двојките во новата сезона од Конференциската лига. Македонија има седум претставници. Дел од нив се паднаа меѓу себе.

Затоа е светски првак Унаи Симон

Барселона го совлада Атлетик Билбао со 2:0, а Унаи Симон беше прогласен за играч на мечот и покрај примените голови. Веќе има примено 5 сезонава по 2 кола во Ла Лига, колку што не прими на цело Светско. Но, погледнете го ова во дуел со Јамал. Врвна парада.

Јап Стам е горд на видеово

Милан Шкрињар со интервенција во одбрана, еднаква на гол со ножички во напад.

Фудбалерите на Сабах живи радосни за ждребот во ЛШ

Азербејџанското чудо по име Сабах кое постои само 9 години ги дозна противниците во ЛШ. Ќе има можност и чест да се соочи со клубови како Барселона, Борусија Дортмунд, Наполи, Славија Прага, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Виљареал и Викинг. Погледнете им ја реакцијата кога им се падна тимот од Олд Трафорд.

И Реал Мадрид направи шпалир за својот светски шампион

Иако на списокот шпански репрезентативци за првпат во историјата немаше ниту еден фудбалер од Реал Мадрид, сепак левиот бек Марк Кукуреља летово за време на Мундијалот потпиша со „кралскиот клуб“ и од Челси се сели во Реал. Во Шпанија на секој стадион каде има некој играч кој го освои Светското првенство 2026 му прават шпалир и тој на отворена сцена излегува со златниот пехар.

Интересни факти за новите учесници во Лига на шампиони

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Само за тебе Јаја

На Јаја Туре му тргна супер новата кариера. Минатиот месец го назначија за тренер на Слован Братислава и тоа е негов прв тренерски ангажман, после неколкуте позиции како помошник. На 10 меча нема ниту еден пораз. Од нив 6 му се во ЛШ каде елиминираше три екипи и се пласираше во групна фаза.