Offside

На човек да му е глупаво да го слуша ова. Заслужуваме ли ваков настан дечки? „Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблеми со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Нема клима во собата. Храната не е добра и порцијата е мала“.

Тенисерка од Колумбија го виде Надал во живо и се укочи

22 годишната Марија Камила Осорио Серано, нема можност секој ден да биде и да се натпреварува на ист настан, каде што е и 15 години постариот од нејзе, великанот Рафаел Надал. И се поремети интервјуто кога го виде.

Шерифовски не успеа да изненади против светскиот првак во џудо

Третиот македонски претставник на ЛОИ во Париз, џудистот Еди Шерифовски го заврши својот настап.

Кога ќе лажеш во CV за да ја добиеш работата

Од Олимписки, се враќаме во Азиски игри, Сингапур 2015. Легендата вели дека уште го пече.

Французин остана без златен медал откако се заби во дрво

Планинскиот велосипедизам на Олимписките игри ни донесе трка со многу јак развој на крајот, но и голем кикс, клучен за конечниот резултат.

Италијански коментатор со жестоки критики за кафето во Париз и тоа во сред пренос

Ако на некој уште не му е јасно колку Италијанците обрнуваат внимание на кафето (и храната се разбира), нека слушне што зборуваше царов за време на пренос на ОИ. „Во прес центарот има кафе, кое веројатно го прават со водата од реката Сена“.

Да си поиграме малку мачката и глушецот

Не се ова Олимписки игри, туку трка под името „Sprint With The Stars“ или можност на деца пливачи да се тркаат на 50 метри со олимпиец.

Поенот кој ја одбележа битката на титаните

Ѓоковиќ лесно го суреди Надал со 2:0, но ќе беше уште полесно ако го немаше оној пад при водство од 4:0 во вториот сет. Ако треба да го избереме најатрактивниот поен кој му го зема на човекот кој царува на земјината подлога на Роланд Гарос со 14 трофеи, тогаш тоа е ова безобразно враќање, за кое и од противникот доби аплаузи.

Ѓоковиќ го збриша Надал во два сета и го исфрли од Париз

Кралот на земја има само 5 порази на Роланд Гарос на дури 117 меча. Три од нив му се од Новак Ѓоковиќ.

Атракција на Кале на младиот Стојковиќ

Од Париз се селиме во Скопје, каде македонската репрезентација до 18 години ја совлада Чешка и сега има 3 од 3 на Европското првенство - Б дивизијата. Стефан Стојковиќ заслужува внимание со ова забивање, кое не се гледа секој ден во нашиот јуниорски национален тим. Браво дете.

Бомбастичен деби гол на 16 годишник од Ривер кој е на радар на Реал

На европскиот фудбал му се надѕира нова ѕвезда која постојат шанси да заигра на Бернабеу. Се вика Франко Мастантуоно, има само 16 години, а деби голот во аргентиското првенство е сон за милиони деца на негова возраст. Од слободен удар, во 87-ма минута, за победа на Риверт Плејт над Сармиенто од 1:0. Мартин Демикелис го прослави со солзи. Ова му е последен меч на кормилото на Ривер.

Србија против САД со и без Јокиќ

Кошаркарското дерби на Олимписките игри заврши со голема предност на Американците, кои се испостави дека работата ја завршиле додека МВП-то седел на клупа.

Луда работа, Јапонка освои златен медал на 14 години

Добро, уличниот скејтбординг е спорт во кој доминираат тинејџери, но сепак не е дека на секои четири години златото го освојуваат девојчиња на нејзина возраст. Ова е врвно и многу ретко олимписко достигнување.

Последниот олимписки дуел Ѓоковиќ - Надал

Таа нивна битка на Олимписките игри датира од полуфиналето во Пекинг 2008. Тука Рафа има 22, а Новак 21 година. Шпанецот победи 2:1 и се пласираше во финале каде го совлада Чилеанецот Фернандо Гонзалес и тоа му е единствен златен олимписки медал. Ѓоковиќ остана на бронзата.

Си биле двајца Македонци и еден Србин

На Олимписките игри има место само за најдобрите.

Страшна шутерска партија на Кевин Дурент за кој Србите немаа одговор

35 годишниот член на Феникс, никогаш до сега во кариерата не успеал да постигне 20 поени во едно полувреме со 100% од поле.

Јапонската џудистка за која не постои опцијата „важно да се учествува“

Ута Абе има 24 години и во последните 8 години има освоено 22 медали од кои 19 златни. Се работи за четирикратна светска шампионка, која во Париз беше дојдена со една цел, а тоа е да го одбрани златото во џудо во категорија до 52 килограми. Но во второ коло загуби од Узбекистанката Диора Келдијорова, а тоа значи крај на Олимписките игри, како да е крај на светот. Тренерот никако не успеваше да ја смири. Во очај беше.

Безобразно забивање на Порторико

Јужен Судан го совлада Порторико со 90:79 и со тоа ја запиша првата победа на Олимписките игри по незавосноста во 2011-та. Затоа пак Порторико веќе го има потенцијалното забивање број 1 на овие Олимписки игри. Дрскиот потег е дело на Џорџ Кондит.

На Јужен Судан му ја утнаа химната

Втор гаф од организициски аспект на Олимписките игри. Јужна Кореја на церемонијата на отворањето на ја претставија како Северна, а на Јужен Судан против Порторико во кошарка, ја пуштија химната на Судан. Инаку се работи за две непријателски соседни земји. Јужен Судан се здоби со автономија после граѓанска војна, а во 2011 година доби независност и беше прифатена во Обединетите нации.

Мојсовска не обезбеди финале во Париз, но имаше солиден настап

Анастасија Мојсовска e втората македонска спортистка која настапи на Летните олимписки игри во Париз, како и втора за која е завршена Олимпијадата.

Истиов лик ја елиминираше во ЛШ Барса со Меси

Тоа беше сезоната 2017/2018, кога целосно неочекувано и шокантно за навивачите на Барселона, Рома успеа да ги мине во четвртфинале после пораз на Камп Ноу од 4:1. Голот за 3:0 вреден полуфинале за Рома го постигна Костас Манолас. Да видиме како тера летово.

Париз нека му ја мисли, Реми ги напаѓа медалите

Легендарниот француски комичар и јутјубер Реми Галард кој го држи 100-от најпретплатен канал за комедии на Јутјуб со 7,4 милиони претплатници, веќе е во полн трк на Олимписките игри. Овде само златни медали гледаме.

Олимпискиот оган лебдеше на балон, а си го подадоа Зидан и Надал

Олимписките игри и официјално се отворени. Париз направи спектакуларно и уникатно 4 часовно шоу, невидено до сега, бидејќи не се одржа на стадион, туку на отворено, во центарот на градот, со многу гламур, мода, уметност, спорт, музика. Церемонијата на лице место ја следеа околу 300.000 луѓе.