Offside

Историски гледано, европските селекции не се снаоѓаат добро на Светските првенства што се одржуваат надвор од нивниот континент. Овој пат, не е баш така.

Бокспарковите во Англија лудуваа

Бокспарк е местото каде илјадници навивачи заедно ги гледаат натпреварите на Англија на јавно место. Тоа е најчесто Кројдон, Вембли или Шордич. Кога Англичаните даваат гол, овие места еруптираат, се скока, лудува, вика, урла, се прскаат со пива.

Чудесните одбрани на Ливаковиќ

Хрватскиот голман иако прими 4 гола од Англија, беше една од најсветлите точки меѓу „коцкестите“. Англија победи 4-2 а можеше уште поубедливо да не беше Доминик Ливаковиќ.

Како реагираше Гари Линекер откако Кејн му го израмни рекордот

Англија ја совлада Хрватска 4-2 на отворање на групата Л на Светско првенство. Хари Кејн прво промаши пенал односно хрватскиот голман Ливаковиќ му одбрани, но судијата го повтори пеналот зошто голманот излегол пред време. Капитенот на Англија овојпат не погреши и го постигна својот јубилеен 10. гол на Светски првенства со што се израмни со легендарниот Гари Линекер.

Анри по бледиот учинок на Кристијано Роналдо: „Не е работата ти да дадеш гол“

Големиот Тиери Анри во студиото на Фокс каналот како стручен коментатор прописно го испердаши Кристијано Роналдо по очајното издание на Португалецот на дуелот со ДР Конго кој заврши 1-1. Португалците разочараа на отворањето и ремизираа против африканската селекција.

Спектакл во Далас, 6 гола и победа на Англија над Хрватска

Во дербито на 1. коло на Светското првенство, во групата Л вечерва во Далас, Тексас, Англија ја совалда Хрватска 4-2 и ги освои трите бода.

Ливаковиќ одбрани пенал, Кејн даде гол од повторен обид

Вечерва во Далас се игра дербито меѓу Англија и Хрватска во рамки на 1. коло од групата Л. Во 9' минута Лука Модриќ направи несмасен пенал откако сакаше да избие една топка а не го примети Мадуеке зад себе па го удри после што судијата Клеман Турпан без размислување досуди пенал.

Австриецот Шмид достави кандидатура за гол на Светското

Ветеранот Марко Арнаутовиќ го постигна својот дебитантски гол на едно Светско првенство, од пенал за конечни 3-1 против Јордан во 102' минута. Претходно Романо Шмид во 21' минута го отвори резултатот со прекрасен еврогол од далечина, а Али Олван во 50-та минута израмни на 1-1. Меѓу стрелците беше и Јорданецот Ал Араб кој си даде автогол во сопствената мрежа во 76' минута.

Халанд со 2 збора го објасни чудото на Меси

Лионел Меси пак е главна ѕвезда на Светско првенство. Само што почнаа Аргентинците, Лео даде 3 гола против Алжир и стигна до 16 рекордни гола на Мундијал, се израмни со Мирослав Клозе на вечната листа. Еве Халанд кој даде два гола на своето деби на Светските што напиша после веста за Лео:

Светско е Светско, ама и таму има непредвидени работи

Пред околу 65.000 гледачи на стадионот во Бостон, пред неколку часа Норвешка со 4-1 го совлада Ирак. Ерлинг Халанд имаше деби на Светски првенства, го зачини со два убави гола. На полувремето работниците на стадионот имале многу работа, зошто една прскалка направила мало езерце на средина на теренот.

Сите 16 гола на Меси на Светските првенства

После речиси една недела и 16 одиграни натпревари, конечно дојде вечерта на ѕвездите. Лионел Меси даде хет-трик против Алжир и уште еднаш го воодушеви светот. Килијан Мбапе постигна два за победа против Сенегал а Ерлинг Халанд два за триумф против Ирак. Меси се израмни со Клозе на врвот на вечната листа.

Фото на денот

На 24-ти јуни Лионел Меси ќе наполни точно 39 години. А и натаму е феномен, ѕвезда која по којзнае кој пат блесна. Го игра рекордното 6-то Светско првенство, постигна хет-трик против Алжир на отворањето, стигна до рекордната бројка од 16 гола на Мундијалите. Навивачите на стадионот во Канзас Сити со право му се поклонија:

Халанд и Норвешка го разбија Ирак, викинзите го покажаа веслањето

Најдобриот норвешки фудбалер имаше деби на Светско првенство. Ќе го памети по феномален настап и победа 4-1 над Ирак.

Шоу на Мбапе со два гола од кои еден страшен

Французите му се реваншираа на Сенегал за болниот пораз на отворање на Светското во 2002-ра година. Од досаден прв дел без никакви шанси ни голови до шоу на Килијан Мбапе во вториот дел и победа на Франција над Сенегал 3-1.

Каков почеток на светскиот шампион! Лео Меси со хет-трик против Алжир

Фудбалерите на Аргентина го совладаа Алжир со 3-0 на стартот на нивните настапи на Мундијалот на кој ја бранат титулата освоена пред четири години во Катар. Гаучосите блескаа со уште една легендарна партија на Меси.

Дечко па ти си за бејзбол под итно

На турнирот во Квинс кој важи за претходник и генерална проба пред големиот Вимблдон, синоќа играле Мпетши-Перикар и Корентин Муте. На овој натпревар по еден силен форхенд на Мпетши-Пеикар топчето со неверојатна брзина од теренот се одби накај трибините а едно младо момче со дрес на ПСЖ го фати „живо“ топчето и доби огромни овации од трибините.

А турскиот коментатор што 5 минути мислел дека Иран е Нов Зеланд

Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.

Уругвајците тресени со кучиња, па одиграа само 1-1 со Саудиска Арабија

Уругвајците тресени со кучиња, па одиграа само 1-1 со Саудиска Арабија

Репрезентативците на Уругвај синоќа ремизираа 1-1 со Саудиска Арабија во 1. коло од групата Х. Натпреварот се играше во Мајами на Флорида, а ѕвездите на Манчестер Јунајтед (Угарте), капитенот на Реал Мадрид (Валверде), некогашниот шпиц на Ливерпул Дарвин Нуњез и другите не очекувале дека при доаѓањето во Мајами ќе бидат тресени како да се криминалци а не репрезентативци.

ДР Конго е спремен да ja покаже „фимбу“ страста на Светско првенство

Утре вечер (среда) од 19 часот ДР Конго ги почнува своите настапи на Мундијалот 2026 и тоа против силната и моќна Португалија. На трибините би требало да биде и тој, најпознатиот навивач на „леопардите“.

Фирма во Аргентина дава бесплатни телевизори за сите кои не добиле виза за Америка

Една голема компанија за бела техника во Аргентина ги утешила сите оние навивачи кои биле одбиени за туристичка виза за САД за Светско првенство 2026 со тоа што им нуди бесплатни телевизори.

Тајмс Сквер немал вакви гости - дојдоа гаучосите

Најфудбалска атмосфера секогаш доаѓа од собирите на Аргентинците. Тие играат во 3 часот после полноќ од вторник кон среда. Во Канзас Сити. А во меѓувреме навивачите на светскиот шампион се собрале во Њујорк на Тајмс Сквер. Локура!

Кој е 40-годишниот голман на Зеленортски Острови кој се прослави против Шпанија и Јамал

Со 4 нерешени во еден ист ден што е практично реткост за натпревари од Светско првентство заврши синоќешната програма на Мундијалот. Најголемо изненадување беше ремито без голови меѓу европскиот шампион Шпанија и дебитантот кој првпат игра на Светско - Зеленортски острови.

Иранците репресирани и тормозени, извадија бод со Нов Зеланд

Селекторот на Иран по натпреварот со Нов Зеланд кој заврши 2:2 изјави: „Ние сме најмалтретирана репрезентација на Светското“ откако им било наредено да го напуштат САД веднаш после средбата и да се вратат во тренинг базата во Мексико. Тие се единствена селекција која патува со часови од една во друга земја за да одигра натпревар.

Бидна и првото големо изненадување на Светско, 40-годишен голман правеше чуда против Шпанија

Фудбалерите на Шпанија не го скршија отпорот на дебитантот на Светски првенства Зеленортски острови и одиграа само 0-0 во рамки на првото коло во групата Х.

Сите голови од Светско досега, со коментатор од земјата што дала гол

На 12 натпревари досега на Мундијалот паднаа 38 гола или во просек по 3,17 погодоци по натпревар што го прави исклучително ефикасно Светско првенство. Да слушнеме како домашните коментатори ги проследија головите на своите репрезентации: