Offside

„После првата проба на списокот на Зрињски во Мостар, ме немаше на список. Отидов под туш, плачев од разочарување и се молев никој да не ме види“.

Што да кажеш а да не го навредиш?

Драјмонд Грин е еден од најтрофејните кошаркари во историјата на НБА. Има 35 години, со Голден Стејт Вориорс освои 4 шампионски титули, беше биран за најдобар одбранбен играч, има 4 Ол-Стар настапи. Ама има и нешто чудно во него да прави глупости на и надвор од терен. Синоќа во победата на Голден Стејт против Мемфис Гризлис откако Санти Алдама промаши слободни фрлања по груб фаул на Грин, еве како се глупираше:

Англиски фудбалски хумор

Не се живи ако не фатат да тераат мајтап со некој редар, линиски судија, делегат или противнички навивач или играч. Сега навивачите на Лејтон Ориент кога биле на гостување во Ротерам, се мајтапеле со редарот кој носел копачки. „Ставете го да игра!“, „Он ви е најдобар играч“, „Ништо без него“ биле само дел од скандирањата за редарот.

Македонска дива лига во 8 секунди

Гледачи качени на брдо со расфрлани флаши и лименки. Еден пцуе ко кочијаш. Голманот се витка и офка од болки на земја. Ова е снимка од 8 секунди од мечот меѓу Беса и Аеродром во третата македонска лига, одигран во село Слупчане. Кој знае уште што не гледаме. Епилог: Домаќините загубиле 2:1, гостинскиот голман завршил во болница.

Невиден старт во НБА, секоја вечер некој има 50+ поени

Гледачите во „Делта Центарот“ во Јута синоќа беа сведоци на право шоу. Најдобриот фински кошаркар во историјата постави свој личен рекорд на кариерата и влезе на вечната листа на кошаркари (96) во НБА кои дале повеќе од 50+ поени. А претходниве вечери пет кошаркари остварија поентерски рекорди.

Трипл-дабл број 3 на Јокиќ, 43 поени на Мареј

Ниту е свесен што прави, ниту знае поинаку. Доминацијата на Никола Јокиќ на стартот од новата сезона вели, три од три трипл-дабли. Само на уште двајца во историјата им успеало.

Голман, друг пат подобро тргни се на вакви удари

Фиорентина - Болоња 2:2. Резултатот го отворија гостите со удар на Сандро Кастро за кој нема чаре и тројца да застанат на гол. Душмански му ја заби. Ќе ја дупнеше топката.

Ама му легна, цела клупа се држеше за глава

Извесен Дантон Логи Лудвиксон, ептен си го направи ќеифот овој викенд во првата лига во Исланд. Соиграчите од клупа воодушевени.

Машала машала, 371 фудбалски судии имаат сметки за обложување

„Кога се користи оружје, честа е расипана“, вели првиот човек на турскиот фудбал, кој излезе со фрапантни бројки за игратата која ја валкаат, токму оние кои треба да ја држат чиста.

Двајца редари ќе настрадаа на сред трка на Формула 1

На трката за Големата награда на Мексико Сити, двајца редари истрчаа на сред патека. Близу до нив брзо возел Лиам Лосон од Рејсинг Булс кој бил шокиран кога ги видел редарите како претрчуваат. 23-годишниот веднаш се јавил преку радио-врска до тимот: „Вие ме зафркавате!? Го видовте ли ова?! Можев... да ги убијам“, рекол Лосон.

Затворска казна од 11 месеци за родителот кој тепаше деца на ФК Брегалница

Два месеци по грдите сцени во Штип во младинскиот фудбал, доаѓаат убави вести. За памет нека е.

Леброн го нема, Дончиќ го нема, ама Ривс даде 51 поен и влезе во легендата

Во отсуство на двајцата најдобри играчи Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, Остин Ривс одигра чудесна партија за Лејкерс и им донесе победа против Сакраменто Кингс 127 - 120. Ривс постигна неверојатни 51 поен со 11 скока и 9 асистенции.

Соло на Милан Илоски со убава завршница

Американецот со македонско потекло игра одлично во САД. Филаделфија го совлада Чикаго со 4:2 на пенали, после 2:2 во регуларниот дел, а Милан даде два гола, еден во пенал серијата и еден од игра кој вреди да се погледне.

Ненормални потези на Вембанјама

Сан Антонио Спарс игра фантастично и ваков старт на сезона во НБА немале долго време. Три натпревари - три победи. Синоќа со 118-107 го згромија Бруклин Нетс. Виктор Вембанјама правеше чуда на паркетот. Постигна 31 поен со 14 скока а имаше и неколку блескави рампи.

Кај го погоди баш во глава?

По завршувањето на големото Ел Класико кое заслужено го доби Реал Мадрид 2-1 против Барселона, на теренот имаше голема гужва. Некои играчи на домаќинот тргнаа да се пресметаат со младиот Ламин Јамал кој имаше неумесни зборови на сметка на Реал и пред дербито кажа дека крадат и се жалат. А еден гледач на трибините снимил и една смешна епизода:

Тројца фудбалери на Реал Мадрид му се пуштија на Ламин Јамал

Младата суперѕвезда на Барселона, 18-годишниот Ламин Јамал пред големото дерби Ел Класико имаше коментар во една емисија дека „Реал Мадрид ај што краде, туку и се жали“ со што фрли бензин во оганот пред дербито. По триумфот на Реал 2-1, Карвахал, Куртоа и Винисиус му се пуштија на Ламин да се пресметаат со него, но соиграчите ги смируваа.

Срамниот испад на Винисиус на дербито Реал - Барселона

Килијан Мбапе и Џуд Белингем постигнаа по гол за голем триумф на Реал Мадрид над омразениот ривал Барселона 2-1. Бразилецот Винисиус одигра добар натпревар но во 71' минута тренерот Чаби Алонсо го извади од игра. Кога Бразилецот сфати дека тој излегува од игра почна да гестикулира со раце, да пцуе и не се ни поздрави со тренерот Алонсо. Отиде директно во соблекувална и не го догледал натпреварот.

Реал Мадрид - Барселона 2:1

Со головите на Килијан Мбапе во 22' минута и Џуд Белингем во 43-та, Реал Мадрид го победи најголемиот ривал Барселона 2-1 (Фермин Лопез во 38-ма стрелец за Каталонците). По триумфот во напнатото и тензично Ел класико, Реал сега на Барса и бега 5 бода. „Кралевите“ имаат 27 бода а Барселона 22. Трет е Виљареал со 20 бода.

Фантастичниот гол на Скот Мектонимеј против Интер

Шкотланѓанецот Мектоминеј (28) пар сезони беше клучен резервист кај Манчестер Јунајтед и при секое многу влегувања во игра знаеше да постигне гол. Поради слаба минутажа дојде во Наполи. Во првата сезона им донесе шампионско скудето, беше главен играч и меѓу првите стрелци. Сега и сезонава е лидер на екипата. Синоќа во убедлив триумф 3-1 над Интер постигна прекрасен гол! Наполи е прв на табела во Серија А со 18 бода.

Нов гол на Кристијано Роналдо, се приближува до сонот за 1.000 голови

Тимот на Роналдо, Ал Наср има максимален учинок и 6 победи после 6 кола во саудиската Про лига. Имаат 21 даден гол и само 2 примени. Имаат 18 бода благодарение на новајлијата Жоао Феликс кој веќе стигна до 9 гола и Кристијано Роналдо кој само во првенството има 6. Синоќа и двајцата дадоа по еден во победата 0-2 над Ал Хазм. Кристијано го постигна 950-от гол во професионален фудбал. Целта му е да стигне до 1.000 погодоци.

Џејми Варди го даде првиот гол за Кремонезе

На четвртиот натпревар за неговиот нов клуб, новиот италијански прволигаш Кремонезе, 38-годишниот легендарен шпиц Џејми Варди го постигна првиот свој гол. И тоа за 1-0 против силната Аталанта во 78' минута. Гостите израмниле во 84-та минута за конечни 1-1.

Втор меч, втор трипл дабл на Јокиќ кој не знае поинаку

Расел Вестбрук, Меџик Џонсон, Џери Лукас и Оскар Робертсон успеале да отворат сезона со трипл дабл на првите два меча. Сега во нивно друштво е и Никола Јокиќ, кој историјата ја запиша со 14 поени, 14 скока и 15 асистенции на мечот против Феникс кој Нагетски го добија со 133-111. 166-ти трипл дабл во кариерата, од кои 69 му се пред да почне последна четвртина.

Потег за на Ол стар: Цепелин со пируета на Гордон и Јокиќ

Денвер славеше убедливо против Феникс со 133:111. Арон Гордон сака да ви покаже нешто, на асистенција на Јокиќ.

Историски старт на Дончиќ со 93 поени, 23 скока и 17 асистенции на два меча

Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА историјата кој ја отворил сезоната со два натпревари по ред од 40+ поени, 10+ скока и 5+ асистенции. Влезе во друштво на само четворица кои успеале да постигнат 40+ поени во првите два меча од сезоната. Другите се Ентони Дејвис (2016-17), Мајкл Џордан (1986-87) и Вилт Чемберлен (1961-62; 1962-63).

Хулигански хаос во Црна Гора

Црногорска втора лига или не се знае кој јаде, кој плаќа. Навивачите на Сутјеска ги напаѓаат навивачите на Беране со стапови.