Offside

Физичката и ментална сила на Ѓоковиќ постои уште, но реалноста на крајот е друга. 12 од последните 14 Гренд слемови се на Алкараз и Синер. Нивната битка се очекува да стане епска и врз нив двајца да се заснова тенисот. Шпанецот води 7:5 во слемови, а Италијанецот 17:15 во вкупен број на трофеи.

Тепачка на пресот на Мароко, Брахим Диаз поентираше

Што нема да види човек на едно Светско. Штета што камерата не сврте кадар, па само слушнавме како некој се жали на удар. Фудбалерот на Реал Мадрид чудно ги гледаше, а на крај ги изнасмеа сите.

Радоста на обичниот човек

Далеку од светскиот гламур, во многу ќошиња на Земјата со голема страст се следи Светското првенство. Од плантажите за кафе во Бразил до мајстори на објект во Аргентина....

Најлудиот авионски лет, платил ви-фи за Светско, сите на нозе

185 патници во некој авион во латинска Америка на 10.000 метри го гледале историскиот дуел Аргентина - Египет. Некој цар платил посебна тарифа за вајрлес на летот и нашол пренос на лап-топот.

Колку заработил Далиќ како селектор на Хрватска?

Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската фудбалска репрезентација. По елиминацијата од Португалија во 16 финале, тој одлучи да се повлече од функцијата, која ја презеде во октомври 2017 година и ја доведе својата земја до најголемиот успех во историјата. 

Колина: „Секако може да се дискутира, ама да се сомнева во интегритетот на судиите?“

„Секако, конструктивна дискусија за одлуките (судиски) секогаш ќе бидат дел од фудбалот, но неосновани обвинувања немаат место во нашиот спорт. Никој не може да го доведе во прашање интегритетот на судиите на Светското првенство“.

Not toо bad 0.2

Новак Ѓоковиќ на 39 години игра неверојатен тенис како во цутот на младоста. Стигна до рекордно 15-то полуфинале на Вимблдон. И повторно се најде со неговиот омилен новинар, Италијанецот Убалдо Сканагада.

Како во секунда се смени атмосферата во едно аргентинско маало

Безбедноста камера снима рандом улица. Надвор е скоро празно, сите се пред тв. Но, во 92-ра минута Аргентинвите му даваат гол на Египет за победа. Слушнете ја еуфоријата и погледнете ја радоста и на тие што се шетаат по улици и не гледаат фудбал. Ова го има само во Аргентина.

Лео и Новак, тие се

Иста возраст, иста ноќ, ист резултат. За тоа што го направија Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси твитна и Вимблдон. Силни, вешти, неуморни, ненадминливи. Едноставно спортски икони во чие време е привилегија да се живее.

Како правилно се изговара Халанд во Норвешка на норвешки?

Дискусијата за тоа како точно се изговара името и презимето на норвешкиот центарфор изгледа е завршена.

Зошто на Вимблдон во 23:00 е фајрон?

Може да ставите покрив и рефлектори, но има еден услов. Во 23:00 сите дома.

Дали паузата за освежување го менува текот на натпреварот?

Некои емпириски докази од терен покажуваат дека има влијание и дека текот на дуелот се менува, дали на една или на друга воденица.

Мачка што може да направи никој не може

Група Аргентинци собрани околу телевизорот, го гледаат Меси како се спрема да изведе пенал додека Египет води 0-1.

Како Чоло Симеоне полуде на третиот гол на Аргентина

Во морето познати фудбалери, тренери, светски ѕвезди, синоќа својата Аргентина ја гледаше и големиот Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико Мадрид помина низ цела катарза со сите аргентински навивачи и на крај полуде од среќа по третиот гол за победа 3:2!

Русија се враќа на Олимписки игри, и ФИФА разгледува да ги врати во фудбал

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека ја повлекува суспензијата за Рускиот олимписки комитет (РОК) и дека олимпијците од оваа земја ќе можат да се натпреварутваат на Летните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.

Скалони не можеше да зборува на крај

Лионел Скалони е многу интересен за посматрање. Знае ладен шприцер да остане на гол, а после мечот со Египет избега од камерата и рече дека не може да зборува од возбуда. Го имаме и со реакција на голот за победа во 92-ра минута.

Спорните моменти за кои се бунат Египќаните

Многу неутрални навивачи синоќа беа гневни на судењето на францускиот судија Франсоа Летисие. Египќаните очекувано беа револтирани после поразот а главниот судија беше обвинет дека навлекувал на страна на Аргентина. Еве некои примери за тоа:

Буенос Аирес на 3:2 за Аргентина

Аргентина направи ново фудбалско чудо откако од пресврт од 0-2 го победи Египет 3-2 и се пласираше во четвртфиналето. „Гаучосите“ и „фараоните“ одиграа дуел за паметење. Во аргентинските градови и села се славело долго синоќа.

Аргентинскиот Тони Стојановски

Огромната аргентинска страст за фудбал ја доловува ТВ коментаторот Пабло Жиралт на израмнувачкиот гол на Лионел Меси. Во позадина ќе ги видите Карлос Тевез и Серхио Агуеро.

Шофер во Аргентина снимен на 3:2

Кај нас и да има фудбал, тој хитови од Фолк фест Валандово ќе слуша на Радио Роса.

Ѓоковиќ: Поради вакви моменти уште играм тенис

15-то полуфинале на Вимблдон или 55-то на сите Гренд слемови. Новак Ѓоковиќ дефинитивно ја преврте игрицата. Синоќа против Феликс Оже-Алијасим го одигра најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон, долго 5 часа и 15 минути. На децата им рекол да си легнат после четвртиот сет.

Швајцарија преку пенали до четвртфинале после 72 години

Селекцијата на Швајцарија е последниот четвртфиналист на Мундијалот откако синоќа по изведување на пенали ја доби Колумбија со 4:3. Во 120 минути фудбал не падна ниту еден гол. Противник ќе им биде светскиот првак Аргентина, која со пресврт го победи Египет 3:2.

Ѓоковиќ е луд, го издржа најдолгото четвртфинале во историја на Вимблдон

Седумкратниот освојувач на Вимблдон одново ги помести човечките граници во тенисот. Со 39 години, стана најстар полуфиналист во Лондон во последните 50 години. И тоа во рововска битка на само 6 минути пред строгиот лондонски полициски час во 23:00 часот против 13 години помлад играч.

Меси плачеше од возбуда

И кога не му одеше, немаше свој ден и промаши пенал, на крај го круниса мечот со гол и асистенција, клучни во пресвртот на Аргентина против Египет од 0:2 на 3:2. Сега е прв на Светското со 8 гола, а го мина и Марадона со рекордни 9 асистенции за својата земја на Мундијалите.