Разно

Нов европски рекорд на 15 годишна спринтерка на 100 метри

Кели Дуала Едимо од Италија на 14 години има поставено светски рекорд на 100 метри во конкуренција У-15. На игрите во Скопје блесна во ново издание. Истрча 11.21, резултатот со кој постави нов европски рекорд на 15 години.

Светски рекорд во скок со стап на првиот ден на игрите во Скопје

Историски момент уште на стартот на ЕМОФ Скопје 2025. Алика Инкери Мозер постави нов светски рекорд во скок со стап во конкуренција до 18 години.

Прегратки и позитивни вибрации со маскотата во Скопје

Официјалната маскота на Европскиот летен олимписки фестивал се вика Шајни. Таа е задолжена за ширење позитивна енергија меѓу спортистите во Скопје.

Олимпискиот оган гори во Скопје: Спектакуларно отворен ЕМОФ Скопје 2025

Со дефиле на 50 делегации со над 4.000 спортисти, во спортскиот центар „Јане Сандански“ и официјално стартуваше Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Олимпискиот оган го запали Дејан Георгиевски.

Олимписки спектакл во Македонија со над 4.000 спортисти од 50 земји

Стартува Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Македонија ќе ја претставуваат рекордни 181 спортисти во сите спортови.

Сашко Кедев стана прв Македонец кој ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри

Упорниот Сашко Кедев ја испиша историјата и направи подвиг кој не му успеал на ниту друг алпинист од Македонија.

Федерер го провоцира Агаси дека не бил толку страшен

Овој му враќа со 8 волеј удари по ред. ОСУМ. Тоа се тие легенди, родени за спектакл.

Страшниот залет на Тадеј Погачар, работите дојдоа на свое место

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 12. етапа на 112. издание на Тур д' Франс. Најдобриот светски велосипедист и возач на Емирати тимот, ја заврши делницата од Уша до Утакама долга 180,6 км за четири часа, 21 минута и 19 секунди со што го презема водството во генерален пласман и со жолта маичка ќе ги предводи останатите.

Се согласувате дека ова е поенот број 1 на Вимблдон, така?

Го испративме Вимблдон 2025-та кој за прв пат го освои Синер. Следниот Гренд слем е УС опен кој стартува на 24 август и кој ќе го брани исто така Синер. А сега одиме со поенот над поените, за кој би рекле дека е му нема рамен до сега оваа година. Ѓоковиќ - Кецмановиќ, 3. коло.

Сите тренери во Серија А во новата сезона

Изминативе пар месеци во најдобрата италијанска лига се случија многу тренерски смени. Во новата сезона со нови тренери ќе влезат Рома, Фиорентина, Лацио, Милан, Јувентус, Аталанта, Интер и други. Ваква тренерска вртелешка не е запаметена во калчото.

Зидан го погоди песна

Скоро и да нема трофеј кој Зинедин Зидан не го освои во играчката и тренерска кариера. Веќе подолго време ужива во слободните денови, далеку од напорниот фудбалски календар.

Еволуцијата на Синер кој стана совршен тенисер

Од Лондон, потекнува последната пресвртница на патувањето што го започна пред три години. Сè е смртоносно оружје во него. Играта, физичката спремност, психата.

Македонија стана европски шампион во Дота 2

Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство. Македонските репрезентативци беа доминантни во популарната видео игра уште во групната фаза со 4 победи и ниту еден пораз. Во полуфинале ја совладаа Романија со 2:0, а во финале Белорусија со 2:1.

Јаник Синер е нов шампион на Вимблдон

Најелитниот тениски турнир во светот го смести во својата 148 годишна историја првиот Италијанец кој се искачил на тронот. Прв пораз на Алкараз во финале на Гренд слем. Прво финале на Вимблдон од 2018-та без Ѓоковиќ.

Швјонтек го освои Вимблдон со 6:0, 6:0

Една од најдобрите тенисерки на светот во последните неколку години, Ива Швјонтек од Полска ја освои шампионската титула на Вимблдон откако ја декласираше Аманда Анисимова од САД со 2-0 по сетови 6-0 и 6-0. Швјонтек играше како во транс а неискусната ривалка немаше никаков одговор на врвната партија на Ига. Ова е нејзин прв трофеј во сингл конкуренција на Вимблдон и стана прва тенисерка од Полска со пехар на престижниот Гренд Слем.

Ѓоковиќ: Телото е истрошено, колку и да се грижам не сака да слуша

Синер и Алкараз се подготвени, млади, остри, а јас влегувам во тие натпревари со половина резервоар и невозможно е да се победи. Тоа е едно од оние нешта што морам да ги прифатам и да се справам со реалноста.

Страшно моќниот поен на Ѓоковиќ против Синер на Вимблдон

Првото нивно соочување на Вимблдон беше во 2022-ра, кога Новак му направи епски пресврт на Јаник во четвртфинале од 0:2 на 3:2. Погледнете ја оваа лудорија во последниот сет. Полета.

Роџер тренира на Вимблдон

43 годишната швајцарска тениска икона го остави тенисот во 2022-ра, ама не го остава рекетот. Го видовме како го гледа Ѓоковиќ во осминафиналето од трибини, како прогнозира во негова полза, а еве го и на терен. Не умира таа негова елегенција во играта. Овој човек еднаш влезе во серија од 65 меча без пораз на трева, во периодот 2003-2008 и тогаш врза 5 титули на Вимблдон.

Дремката не бира време ни место

За време на дуелот од четвртфиналето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи кој Србинот го доби со 3-1 во сетови, легендарниот 64 годишен англиски глумец Хју Грант дремнал убава дремка неколку минути.

Поенот што го одиграа Новак и Јаник пред еден месец во полуфинале

Синер и Ѓоковиќ денеска од 16:30 ги чека голема битка на Вимблдон за пласман во финале. Во меѓусебните дуели Италијанецот води 5:4, но Србинот има 2 од 2 на Вимблдон. Минатиот месец играа полуфинале и на Роланд Гарос кое Синер го доби со 3:0. Погледнете ја оваа убавина од тенис. Ама и страшна упорност на двајцата.

Марк Маркез по звук ги препознава патеките на Мото ГП

На шесткратниот шампион на Мото ГП, не му треба никаква слика, видео или било каков кадар од патеките на кои растура, туку само слушалки. Сите ги погоди. Само од слушање како брмчи мотор.