Разно

Јунак на денот - Зоран Јовановски

На светското првенство во пара-алпско скијање во Марибор, Словенија имаме наш човек, кој вреди да се види и спомене. Тоа е Зоран Јовановски кој ги заврши двете слалом трки како 22ро и 25то пласиран и го освои 22рото место. Честитки за успехот и посветеноста и само напред.

Сервираше, а рекетот му се скрши на пола

За време на натпреварот меѓу Русинот Александар Шевченко кој игра под знаме на Казахстан и Американецот Мајкл Мох, на првиов при еден сервис му одлета рекетот и му се скрши на пола. На турнирот во Делреј Бич во САД, Мох славеше 0:2 во сетови и оди во следна рунда.

Фотографии кои треба да се закачат во секое училиште во Македонија

Тоа се луѓе кои, секој на свој начин му пркосеа на синдромот на ниска вредност и ја понесоа својата група во величините.

Еден од најјаките поени во тенисот е дело на Федерер

Роџер Федерер vs Енди Родик, Базел 2002. Швајцарецот тука има 21 година, а коментаторот само кратко искоментира: Неверојатно, но вистинито.

Лина раскажува за мега македонската поддршка која ја доживеала на Австралија опен

Нашата најафирмирана тенисерка Лина Ѓорчевска оди да се натпреварува на Гренд слемот во Мелбурн. „Ќе дојде да те гледа една моја пријателка“ и рекла мајка ми. Да чуеме во што се претворило тоа.

Филаделфија го растури Канзас и го освои СуперБоул

Екипата на Филаделфија иглс две години чекаше реванш и го дочека, а со тоа не му дозволи на Канзас Сити да станат прва екипа во историјата со три шампионски титули во НФЛ по ред.

Сте чуле ли за овој спорт?

Calcio Storico Fiorentino е древен спорт, кој се игра во Италија и денес. Се работи за мешавина од рагби, фудбал и борење во грчко-римски стил.

Атракција на Алкараз, кандидат за поен на годината

Карлос Алкараз го збриша Андреа Вавасори во осминафиналето на АТП турнирот во Ротердам за 1 час и 5 минути со 6-2 и 6-1. Погледнете во еден момент што му одигра на Италијанецот. Шоу.

Трамп потпиша декрет за забрана на трансродови спортисти

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпишал декрет со кој на трансродните спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови.

Стравичен пад на шампионот во МотоГП

Пред стартот на новата сезона во најдобрата мотоциклистичка трка на светот МотоГП, тестирања има на патеката „Сепанг“ во Малезија. Синоќа актуелниот светски шампион и возач на Априлиа Хорхе Мартин имал страшен пад на патеката. За среќа минал добро, без посериозни последици, а се пожалил само на болки во левата нога и десната рака.

Го имаме ли тенискиот поен број 1 за 2025-та?

Томи Пол, кој е на 9. место на АТП, го елиминираше Џенсон Бруксбај на турнирот во Далас и обезбеди пласман во осминафинале. 27 годишниот Американец изведе атракција каква што ретко се гледа во тенисот. И на коментаторите не им се веруваше.

Најчудна сцена во тенис што скоро е видена

Синоќа во градот Хаселт, во Белгија се играа натпревари од квалификациите за Дејвис Куп меѓу репрезентациите на Белгија и Чиле.

Најлуда двојна сервис грешка на годината

За време на мечот од турнирот во Кобленц во Германија меѓу Мика Брунолд и Кристоф Негриту, вториов имал двојна сервис грешка каква што се гледа еднаш годишно. Вториот сервис му беше ко да сервирал почетник.

Старо, ама актуелно

Програма во живо. Никогаш не знаеш на што си.

Федерер vs Мареј, лудница од поен

Коментаторот: Треба да викнеме полиција, бидејќи има едни двајца кои треба да одат во затвор.

Дали Алкараз срамно го исмеваше Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ со 3-1 по сетови 4:6, 6:4: 6:3, 6:4 го разби шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија. После натпреварот се испостави дека Новак играл со многу незгодна повреда поради која предаде во полуфинале против Зверев после првиот сет. Сега се појави видео на кое се гледа како Алкараз кон својот тренер Давид Ферер го имитира Ѓоковиќ и го исмева со повредата.

Австралија опен 2005, Шарапова сервира за победа против Серена Вилијамс

Само шест месеци пред оваа полуфинална битка, Марија Шарапова го освои Вимблдон на 17 години, откако ја изненади Серена во финале. И после тој успех, веќе никогаш не успеа да ја добие во финале на Гренд слем. Погледнете каква златна шанса пропушти и како и одговори Американката.

Ја имаме ли хокеј тепачката на годината?

Рајан Ривс против Матју Оливие. Квалитетно, машки, со голи раце. По прописи.

Ѓоковиќ до Зверев: Ти посакувам да ја освоиш титулата пријателе

Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев по завршувањето на првиот сет. Причината е повреда на мускулот која ја заработи во првиот сет против Алкараз. Се надеваше дека со два дена одмор и рехабилитација, како и без тренинзи ќе ја победи и ќе биде спремен, но не успеа. Се огласи на Инстаграм со прекраска порака до Зверев.

Крај за Ѓоковиќ во Мелбурн, предаде меч поради повреда

Еден од фаворитите за титулата на Отвореното првенство на Австралија, Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Гренд слемот откако го предаде дуелот во полуфиналето со Александар Зверев.

Како двајца репортери гледаа на Ѓоковиќ во 2006

Видеото е од Монте Карло каде Новак Ѓоковиќ е најмлад на ждрепката со тазе наполнети 18 години. Репортериве не е лошо да се потсетат што рекле. Слаб бил и многу гладен во секоја смисла. Не можело да се очекува многу од него.

На медалите од Олимписки Игри во Париз им опаѓа бојата и сјајот

Да се освои олимписки медал е сон на секој спортист и тоа е најважен трофеј во кариерата на секој олимпиец. Но оние од последните Олимписки Игри во Париз испаднале дека не се баш квалитетно изработени.

Изненадување за Ѓоковиќ од фанови со кои се гледа после 20 години

Австралија опен ни носи прекрасна сторија. Двајца возрасни навивачи, маж и жена се сликале со Новак во Мелбурн пред 20 години и верувале во него дека ќе направи кариера. Се гледаат за прв пат после таа средба и тоа во живо на Еуроспорт. 20 години подоцна, Србинот тежи 24 Гренд слем титули.

Зверев во четвртфиналето на Австралија опен примаше инсулин

На возраст од 4 години Александар Зверев се соочил со проблеми со висок шеќер и веднаш го ставиле на инсулин. Докторските совети пред две децении биле да заборави на тенисот и воопшто на било каков спорт. Не ги слушал ни нив, ниту родителите кои се обиделе да го спречат. 27 годишниот Германец денеска е втор на АТП, а во полуфиналето во Мелбурн ќе игра против Ѓоковиќ.