Разно

Фантастичниот Словенец Превц постави нов светски рекорд!

Неверојатниот Словенец Домен Превц на последното натпреварување од Светскиот Куп постави нов светски рекорд.

Меси постигна гол па го поздрави Ѓоковиќ со форхенд

Во 5. коло од новата сезона во МЛС лигата во САД, Интер Мајами со 2-1 ја совлада Филаделфија благодарение на голот на Лионел Меси во 57-ма минута. Меси постигна победнички гол а го прослави со замавнување форхенд во знак на поздрав до Новак Ѓоковиќ кого го гледаше во полуфинале на Мастерсот во Мајами а подоцна си разменија и дресови. Новак денес игра финале за нова шампионска титула.

 

Ѓоковиќ за Меси: „Првпат ме гледаше во живо, му се восхитувам“

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале на Мастерсот 1000 во Мајами откако го совлада Григор Димитров со 2-0, 6:2, 6:3 во сетови. Ноле во финалето ќе го чека младата чешка сензација Јан Меншик кој пред пет месеци наполнил 19 години и кој го совлада домашниот тенисер од САД Тејлор Фритц во полуфиналето. Дуелот Ѓоковиќ - Димитров од ложата го следел Лионел Меси а после мечот се сретнале во соблекувалните и си размениле дресови.

Перфекција од поен на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е полуфиналист на Мастерсот во Мајами, откако во четвртфинале го елиминираше Себастијан Корда со 6-3, 7-6 и тоа после негатива во вториот сет од 5-2. Србинот е во обид да стигне до голем јубилеј од 100 трофеи во кариерата. Следната пречка му е Григор Димитров. Погледнете му го овој бекхенд.

На мак кошарката и се потребни (вакви) чирлидерки

Литванија ја победивме на Европско во четвртфинале и тоа на нивен терен. Зошто да не се обидеме да ги добиеме и во убавина за време на тајмаутите?

Ред Бул не трпи многу, направи моментална смена на возачи во Формула 1

Младиот 23-годишен Лиам Лосон од Нов Зеланд е вратен назад во вториот тим на Ред Бул Рејсинг Булс каде ќе вози со големиот талент, 18-годишниот Французин Исак Хаџар. Нов партнер на големиот шампион Макс Ферстапен ќе му биде младиот Јапонец Јуки Цунода.

Колку леташе бе сестро?

Абигејл Стрејт е ски скокачка од Канада, има 24 години и еден бронзен олимписки медал. На Твитер вели дека ова и било загревање.

Горан Иванишевиќ за тоа кој е најкомплетен тенисер на сите времиња

Легендарниот тенисер, а подоцна и врвен тениски тренер, Горан Иванишевиќ, во разговор во емисијата „(Не)успех на првакот“ го кажа и своето мислење за тоа кој е најдобриот тенисер во историјата според него.

Почина легендарниот боксер Џорџ Форман

Еден од најголемите боксери во историјата, легендарниот Џорџ Форман починал на 76 години, соопштила неговата фамилија. Форман беше поранешен двократен светски шампион и олимписки златен медалист.

Тенисер запали цигара на сред меч во Мајами

Аргентинскиот тенисер Франциско Комесања одигра добри квалификации за Мастерсот во Мајами иако подоцна беше елиминиран во првото коло. Комесања ја шокирал тениската јавност откако на меч во квалификациите против Американецот Мајкл Мо откако освои поен за да го добие првиот сет 6-3, седна на своето столче и ладно си запали цигара.

Нено: Што и да треба во Милано, контактирајте ме

Италијанската амбасада во Скопје соопшти дека четворица пациенти од Кочани, ноќеска биле примени на лекување во Италија. Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ нуди помош за семејствата на повредените.

Инстаграмот на Ѓоковиќ во знакот на трагедијата во Македонија

Кочани и Македонија станаа светска вест на многу грд начин. Освен наши спортисти кои се огласија, а некои понудија и помош за семејствата на настрадите, сочуство изрази и тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.

Ландо Норис победи во Австралија на старт на сезоната во Формула 1

На трката за Големата награда на Австралија на која имаше буквално се, после два часа хаос во Мелбурн, возачот на Мекларен Ландо Норис ја забележа првата победа на првата трка во Ф1 во 2025.

Најдобрите 5 фудбалери на светот според Алкараз

Младиот 21-годишен шпански тенисер, еден од најдобрите на светот, деновиве игра на Мастерсот Индијан Велс. Алкараз вечерва го чека полуфинале против Британецот Џејсон Дрејпер. Во меѓувреме го прашале да ги наброи Топ-5 фудбалерите во светот. Едно име свесно или несвесно заборава.

Чудесната Словенка Ника Превц постави нов светски рекорд!

Деветнаесет годишната словенечка натпреварувачка во скијачки скокови која неодамна по втор пат стана светски шампион, денес постави нов рекорд во женска категорија во скијачки скокови во Викерсунд, Норвешка.

Аман бре Медо, не си освоил Вимблдон

Ексцентричниот руски тенисер Данил Медведев го совладал 20-от тенисер на светската ранг листа Артур Филс од Франција во четвртфиналето на Индијан Велс (САД) со 6:4, 2:6 и 7:6 па победата ја прославил со урлање и скокање како никогаш досега во кариерата.

Почнува нова сезона во Формула 1 - најнеизвесна во последните години

На 16-ти март во Австралија ќе се вози првата трка во Формула 1 со што ќе се означи почеток на сезоната во најбогатиот и најпознатиот патувачки циркус. Новата сезона ветува една од најнеизвесните борби за титулата.

Се прошири скандалот со норвешките скијачи и лажирање со опремата

Скандалот со норвешката репрезентација во скијачки скокови се проширува, затоа што уште тројца скијачи се суспендирани откако било утврдено дека и ним им се пришивале дополнителни аеродинамични делови на опремата со цел полесно да се одржуваат во воздух при скоковите и да остварат подобри резултати.

Норвешки селектори на скијачи правеле дубари со костими, одземени им се медалите од Светско првенство

Голем скандал го тресе скијачкиот свет откако двајца норвешки натпреварувачи во скијачки скокови манипулирале со опремата за време на Светското првенство кое се одржува во нивната земја.

Нова жестока тепачка во НХЛ

На мечот меѓу Јута и Торонто Мепл Лифс во НХЛ лигата кој гостите го добиле 3-4 Мајкл Кеселринг од Јута и Симон Беноа се дофатиле. Првиов започнал со удар познат во УФЦ октагоните.

Нов државен рекорд на Трајковски, вреден финале на ЕП

Единствениот македонски претставник на Европското атлетско првенство во сала, Андреас Трајковски забележа извонреден успех во дисциплината скок во далечина. Трајковски со скок од 7,85 метри заврши на 7. место и влезе во топ 8 на најдобриот европски собир на атлетичари во Апелдорн, Холандија.

Триглав Осигурување донира опрема на Специјална Олимпијада за учество на ЗИО во Торино

Триглав Осигурување со задоволство ги поддржа атлетите на Специјалната олимпијада, кои ќе учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри во Торино, Италија, со донација на неопходна спортска опрема и осигурување. Оваа соработка ја потврдува нашата континуирана посветеност на промовирањето на инклузијата, како и поддршката на здравиот начин на живот и на спортот, како трансформирачка алатка за создавање силни, упорни и мотивирани личности.

Тениска ВАР драма на годината

Феликс Оже од Канада и Александар Бублик од Казахстан се најдоа во ретко видена тениска ситуација која заврши со непотребно кошкање. Оже бараше ВАР бидејќи детето што собира топчиња му засмета да не може да врати. Судијата го понови поенот, а Бублик негодуваше и возврати на друг начин. Но сепак Канаѓанецот, инаку 21 на АТП, го зема сетот, а на крај го доби и мечот.