Вавринка во солзи: Не сакам да се пензиониран, ама време е

Исцрпувачки 4 часа и 20 минути траеше последната битка во кариерата на Станислас Вавринка. Загуби 3:1 од Италијанецот Матео Беретини и тоа во тај брејк во сите сетови 6-7 (7), 7-6 (16), 7-6 (7), 7-6 (5). Откако го доби првиот сет, 41 годишниот Швајцарец пропушти дури шест сет поени во тај брејкот во вториот сет и уште две сет топки во третиот сет.

Само Вимблдон му остана неостварен сон, каде имаше две четвртфиналиња. Други три Гренд слемови ги освои година за година: Австралија опен 2014, Роланд Гарос 2015 и УС опен 2016. 

 

3 јули 2026 - 12:26