Разно

Адмирал не дозволи изненадување во дуелот со Алкалоид

Во шестото коло од Бизнис лигата на Македонија Лукоил и Шпаркасе банка победија со по седум голови во мрежите на Пекабеско и Еуролинк.

Македонски Телеком поснаодлив во дуелот со МЕПСО

Во вториот ден од шестото коло во Бизнис лигата на Македонија, ЕЛЕМ убедливо го совлада ТРАНСМЕТ, а ФАКОМ и ЈСП си ги поделија бодовите.

Реал Мадрид донесе профит на Типстер, Милан разочара

Со триумфот над ПСЖ, Кралскиот клуб во првата недела на Типстер донесе профит од 9.278 кредити.

Руски тајни служби прикривале допинг кај атлетичари?

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) бара суспензија за Атлетската руска федерација и забрана за учество на сите меѓународни натпреварувања во наредните две години. За аферата ја обвинува руската влада.

Лоренцо е светски првак, Докторот не успеа

Што беше до него, Валентино Роси го направи, тоа што не беше до него не се оствари. Лоренцо по петти пат стана светски шампион по денешниот триумф на патеката за ГН на Валенсија.

Осврт на петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на петтото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 9 натпревари. Виктор Петровски од МЕПСО беше најдобар стрелец со 6 гола, а за екипа на колото е прогласена Адмирал.

Ана Ивановиќ е славеничка на денот

Српската тенисерка веќе подолго време е во фокусот и тоа не само кај љубителите на тенисот и спортските новинари, туку и кај луѓето што не се блиски до белиот спорт. Реномираните тениски магазини неколку години по ред ја бираат меѓу најубавите тенисерки на светот, а ние во оваа прилика ѝ го честитаме 28-от роденден.

ЕЛЕМ во турбулентен натпревар до победа над Македонски Телеком

Во 5. коло од Бизнис лигата на Македонија МЕПСО ја наполни мрежата на АрцелорМиттал, а Лукоил победи убедливо против Гранит.

ЕВН ја прокоцка победата во Адмирал

Во вториот ден од 5. коло во Бизнис лигата на Македонија Шпаркасе банка со петарда славеше над ОНЕ.ВИП, а убедлив триумф забележа и Алкалоид.

Еуролинк рутинирано до победа над Систина

Во 5. коло од Бизнис лигата на Македонија победи остварија екипите на ЈСП, Еуролинк и ТРАНСМЕТ.

Голбол - спорт за слепи лица

Тимскиот спорт наменет за слепите лица се вика голбол. Првото Светско првенство во голбол се одржало во 1978. година во Австрија а спортот за првпат беше додаден и на Летните Параолимписки игри во Арнхајм 1980-та година.

Детаљот на Рафа од 850 илјади долари

Познат по своето скромно однесување на и надвор од теренот, Рафаел Надал прилично ја изненади јавноста со скапоценоста на неговиот рачен часовник кој вреди колку и луксузна куќа во САД.

Надал нема трпение да го слуша Федерер

После повеќе од 600 денови, повторно се судрија Федерер и Надал. Во родниот град на Швајцарецот, Роже ја прослави 11-та победа во меѓусебните дуели со Надал и стигна до седмиот трофеј во Базел. Сепак, Шпанецот на крајот немаше нерви да го ислуша говорот на Роже на француски и нервозно погледна во 850 илјади долари вредниот часовник Ричард Мајл. 

Халкбанк со целосен пресврт до победа над Систина

Во 4. коло од Бизнис лигата на Македонија победи славеа Македонски Телеком, ЕВН и Халкбанк.

Валентино Роси или Хорхе Лоренцо, кој ќе ја освои титулата?

И покрај тоа што на последната трка сезонава во Валенсија Роси ќе стартува последен поради инцидентот со Маркез минатиот викенд, Италијанецот има какви такви шанси да ја освои титулата. Што вели пресметката?

НБА екипите во фудбалско издание

Ако од истиве кошаркарски екипи еден ден се појават и фудбалски, нема потреба никој од нив да се замара како да ги облече играчите. Работата веќе ја заврши дизајнерот Александре од Канада.

Лукоил среќно до победа над МЕПСО

Во 4. коло од Бизнис лигата на Македонија, ЕЛЕМ со пресврт славеше над Еуролинк, а ЈСП и Гранит одиграа нерешено.

Кениец од публика лажирал второ место на маратон

Џулиус Енџогу е обвинет дека се сокрил меѓу публиката и дури на крајот ја продолжил 42-километарската трка во Наироби каде го освоил второто место за кое добил 7.000 долари. Во финишот го откриле дека воопшто не трчал.

ТРАНСМЕТ во тврд натпревар до победа над ФАКОМ

Во четвртото коло од Бизнис лигата на Македонија се одиграа два натпревари на кои победи славеа екипите на ТРАНСМЕТ и Шпаркасе банка

Шпанија бесна, го нападна докторот Роси

Сите шпански дневни весници првпат во историјата жестоко го критикуваат Валентино Роси по инцидентот со Маркез. Марка: Срамно. Ел Мундо: Казнете го драстично. Ас: Не треба да вози во Валенсија.

Роси го турна Маркез на сред трка

Марк Маркез ја заврши трката во Сепанг, откако Валентино Роси го клоцна на сред трка. Докторот за казна ќе стартува како последно пласиран на затворањето на сезоната во Валенсија, а бодовите освоени во Малезија му останаа валидни во борбата за титулата.

Офсајд лик: Маурицио

Кога на 21 јануари годинава, Лацио го потпиша бразилскиот дефанзивец од Спортинг, мислеше дека ќе добие засилување. Маурицио точно е дека е силен, но силата ја користи за ќотек кој ако вака го користи и во иднина ќе стане рекордер со црвени картони.