Разно

Летот на Петер Превц од 249 метри

Словенечкиот крал на ски скокови, Петер Превц победи во Викерсунд на Светскиот Куп. Во втората серија Превц скокна 249 метри, така што коментаторите констатираа дека скока во Норвешка а слетува во Финска.

Тенисот е подобар за гледање со Дастин Браун

На Челенџерот во Бергамо (Италија), германскиот тениски волшебник Дастин Браун на мечот против Алдин Сеткич  одново покажа дека белиот спорт е игра во која може да има многу нови потези.

Глупав или глупав се прави?

Да урлаш додека најавуваш кошаркарски натпревар пред преполна сала, да има некоја смисла, ама за да викаш како неотесан пред празни трибини нема објаснување.

Колкава закана е вирусот Зика по Олимпијадата во Рио?

Организацискиот комитет на ОИ Рио 2016 отвори борба со проблемите на уште еден фронт, откако Зика вирусот се шири брзо а спортистите треба да допатуваат во Бразил за помалку од 6 месеци.

Бегството на Бразилците на Карневалот во Рио

Роналдо, Ромарио, Адријано и Едмундо напуштаа тренинзи и натпревари во клубовите, само за да одат на најголемата забава во годината во Бразил.

Ветер што може, никој не може

Третата стаза од Волта а Ла Марина трката во Шпанија заврши уште пред да почне. Причина: Урагански ветер не им дозволи на 153 велосипедисти да возат по зоната Тера Митика и после сите напори трката се одложи.

Борусија и ПСЖ донесоа профит, Ливерпул разочара

Во изминативе седум дена на Типстер шест меча донесоа профит од над 2.000 кредити.

Две футсал акции во Иран со жени

Бараме доказ дека навистина сте жени. Озбилно.

Волшебникот од Валбом

Футсалот станува сè повеќе популарен со ЕП на кое разлика прави еден човек. Има 30 години, се вика Рикардињо и доаѓа од Португалија. Притоа е најдобар играч на светот во овој спорт.

САД се веселеа, Денвер е шампион

На јубилејниот 50. Супербоул во Санта Клара, Денвер Бронкос со неверојатна одбрана го совладаа тимот на Каролина Пантерс 24:10 (10:0, 3:7, 3:0, 8:3).

Португалски мајстории од салите во Србија

Селекцијата на Португалија тренира релаксирано во пресрет на мечот со домаќинот Србија на Европското првенство во футсал на кое ние не играме. За тоа тоа се погрижи Рикардињо, најдобриот футсал играч во светот за 2010-та.

Сте гледале ли пинг понг со глава?

И ние не сме гледале. Нема рекети и не се игра со мало топче, туку тоа оди вака.

Кога сакаш да научиш да бордаш и скијаш

Најголема мотивација за оние кои допрво се канат да застанат на скии или на сноуборд, а не умеат е 1-годишно бебе од САД кое борда како да има години и години искуство во овој спорт.

Како се изведуваат пенали во Гватемала

Гватемала игра футсал натпревар против Панама. Гватемала шутира пенал против Панама. Гватемала изведе мангупски пенал против Панама.

За ваков ли Рио зборувавме?

На шест месеци од ОИ 2016 во Рио, најпроблематична и контроверзна тема е заливот Гуанабара, каде што се планираат борби за медали во едрење, триатлон и пливање на отворено. Заливот е цел со фекалии.

Амбициите на Ѓоковиќ во 94-та

Двајца клинци седат на муабет, односно едниов му прави интервју на другиов кој зборува за тенис, неговите тренинзи и целта која планира да ја постигне со овој спорт. Што велат денеска тие кои тогаш го гледале ова видео.

Сите Гренд слем титули на Ѓоковиќ

Со денешниот триумф против Енди Мареј од 3:0, Новак Ѓоковиќ стигна до 6-та Гренд слем титула на Австралија опен, вкупна 11-та во својата кариера и се израмни со Род Лејвер и Бјорн Борг. Рој Емерсон има 12, Пит Сампрас и Рафаел Надал 14, а прв е Роџер Федерер со 17. На Србинот му фали уште титула на Ролан Гарос.

Ујдурмите со вешот на Австралија Опен

USA Today успеал да дознае како учесниците на Австралија Опен често имаат проблем со добивање грешни пакети испран веш, пракса која бесплатно следува само на Грен Слем турнирите.

Син му на Снајдер знае кај е најубаво

Холанѓанецот беше дел од славната генерација на Интер која што ја освои тројната круна со Мурињо во сезоната 2009/2010. Пехарот од ЛШ му се најде на син му кој си игра внатре во него.

Учинокот на Новак против Топ 4 играчите

Се денешниот убедлив триумф над Федерер, Ѓоковиќ има подобар меѓусебен учинок од Швајцарецот, но не само од него. По овој подвиг, приоритети му останувааат Ролан Гарос и ОИ во Рио де Жанеиро.

Ноле знае како со децата

Флертот со фановите, оној спортскиот е многу важен за да направиш да те засакаат. И да беше 50 места подолу на рангот на АТП, најдобриот тенисер во светот со ваков пристап сигурно ќе беше магнет за оваа млада публика која живее за вакво внимание од нивните идоли.

“Собрани дела” – од Стеф Кари и Голден Стејт Вориорс

Се игра природна кошарка, со технички феноменални играчи кои сиот свој талент го демонстрираат пред сè умствено, а не физички и многу често доведувајќи ги до лудило нивните противници со погодени шутеви преку рака или од мртов агол. Првиот стрелец во лигата е заслужено кандидат број 1 за МВП, игра 30тина минути и постигнува исто толку поени.