Името Мухамед Али стана симбол на боксот кој ја измисли тактиката со следниот опис:
„Рацете работат, очите гледаат, летам како пеперутка, боцкам како оса"
Американскиот великан се појави во рингот на 61 меч од кои загуби само 5 пати, а 37 средби ги доби со нокаут. Светски шампион во тешка категорија стана во 1964, 1974 и 1978 година, а на Олимписките игри во Рим 1960 го освои златниот медал.
Мухамед Али е една од најпрепознатливите спортски фигури во последните 100 години, а Спорт Илустрејд и БиБиСи го прогласија за спортист на векот.
Роден е на 17-ти јануари во 1942 година, во Луисвил, Кентаки како Касиус Марселус Клеј џуниор, а кариерата ја започна како Касиус Клеј. Во 1964 година се стана дел на движењето Исламска нација и го промени своето име во Мохамед Али.
Тој се соочи и со затворска казна од 5 години која потоа му беше укината, како и со забрана за секаква спортска активност во САД во период 3 и пол години поради тоа што одби да учествува во војната во Виетнам.
Паркинсоновата болест му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксувањето. Болеста често се поврзуваше со траумите на главата, но состојбата на Али последните години дополнително се влошуваше.
Во 1996-та го запали олимпискиот оган во Атланта, во 2005-та е награден со претседателски медал на слободата, а истата година освои златен медал за мир "Ото Хан" за долгогодишното учество во американското движење за човекови права и работа како амбасадор на добра волја на ОН.