Погба и Кантè не го држат Рамазанскиот пост

Француските репрезентативци од исламска вероисповест одбиле да се придржуваат до Рамазанскиот пост во пресрет и за време на Европското првенство, иако селекторот Дешамп во менито дозволил и „халал" храна за Муслиманите во време на постот.

Погба, Бакари Сања и Канте’ се решиле да не постат во разговор со Дешамп. Во принцип, Франција ќе игра Европско првенство како домаќин и главен фаворит за титулата, во летен период а играчите во продолжение ќе мора напорно да вежбаат и трчаат, и ќе бидат под стрес од целата земја и медиумите.
 
Поради тоа, Погба (познат како голем верник) и останатите Муслимани избрале да не го практикуваат Рамазанскиот пост, период во годината предивден за пост во исламскиот свет кој започна во понеделникот на 6-ти јуни и ќе трае до 5-ти јули.
 
Селекторот Дидие Дешамп во секој случај, побарал во менито да има и посна храна (халал) која што според традицијата во арапскиот свет може да се конзумира со претходен благослов од Имам.
 
Правилата на Рамазанскиот пост налагаат строго ништо да не се јаде ниту пие од изгрејсонце до зајдисонце, што значи во Франција некаде од шест часот изутрина до десет вечер. Тие часови се многу тешки за следење за еден фудбалски играч кој сака да стигне до финалето на Европско првенство кое што се игра на 10-ти јули.
 
Рамазан завршува на 5-ти јули, така што Погба, Сања и Канте’ ќе си продолжат со вообичаениот ритам на секојдневието во кампот на француската репрезентација.
 
Како што е познато, Рамазан може да се продолжи и по завршувањето на постот, во текот на годината. Истото се случи и пред две години на Мундијалот во Бразил кога голем дел од фудбалерите Муслимани решија да не постат за Рамазан.
 
Како Франција и Албанија летово треба да води грижа со Рамазанскиот пост, а селекторот Де Бјази ги оставил играчите слободни во изборот дали ќе постат или не, како и Турците. Во Клерфонтаин, каде што е базата на Франција блокирана од полиција и специјална жандармерија, Дешамп дозволил и посна храна во менито.
 
Оваа тема е посебно осетлива за Французите, затоа што во 2010 година по скандалот на Мундијалот во Јужна Африка, неколку играчи изјавија дека имало расправии во соблекувалната поради тоа што селекторот Доменек им наложил на сите да јадат посна храна за да не се создаваат разлики меѓу играчите. Неговиот наследник Лоран Блан го укина тоа правило, а Дешамп сега е уште полиберален за компромис.