Како тоа сите тенисери се подобри од Ѓоковиќ, освен кога играат тенис

Еве статистички податок после кој нема повеќе дискусија: Ѓоковиќ е прв човек откако тенисот е вистински атомски спорт во кој е истовремено e шампион на сите четири Грен слем турнири. Точка и доволно.

Некој да речеше пред неколку години дека во финале на Ролан Гарос ќе играат Ѓоковиќ и Мареј, би му рекле „можеби ако Шкотланѓанецот ја скрати малку косата, поцрни и почне да ги поместува гаќите со раце пред сервис“ и да се одзвива на име Рафа или ако Ѓоковиќ пушти шишки, да проголта стап и да се врти само кога некој ќе го спомене презимето Федерер.

Можеби злобниците ќе речат дека Федерер и Надал синхронизирано го напуштија овогодишниот Ролан Гарос, свесни за моќта на Ѓоковиќ, за да можат да кажат дека Србинот влегол во историја кога нив ги немало. Но, тие двајца денеска се најмалку важни. Освен во онаа мера во која не постигнале тоа што денес го постигна Ѓоковиќ. Тој ја освои статистиката на тенискиот свет, прашање е само дали сега ќе „добие почитување“ од тенискиот свет, како што се вели тоа во спортот, кое според многумина незаслужено не го добиваше изминативе неколку години.

Статистиката во кошарка е како бикини, покажува се, а не открива ништо, но во тенисот статистичките податоци се како говорот на Заратустра. Со едноставно прикажување влегува во суштината на постоењето и има тенденција цел свет да се наруши наопаку.

Затоа и статистиката е единствена која може да понуди одговор на прашањето кое ги засега сите тениски работници во светот: зошто Ѓоковиќ постојано беше критикуван во можноста да биде најдобар во историјата и како тоа Роже Федерер и Рафа Надал се подобри тенисери од Ѓоковиќ, освен кога играат тенис.

Секогаш кога Ѓоковиќ треба да освои голем трофеј се провлекува прашањето дали публиката го почитува доволно. Но тука се статистичките податоци после кој нема расправии. Ѓоковиќ е прв човек откако тенисот е вистински атомски спорт во кој е истовремено e шампион на сите четири Грен слем турнири. Точка и доволно.

Тоа е статистички резултат кој и во отсуство на аплауз за некои негови врхунски потези, а и на такви сме биле сведоци во скорешното минато, цел тениски свет полагаат на прашањето (еве не нас повторно кај Заратустра). Зар е можно луѓето уште да не знаат дека Бог е мртов.

Бог во овој амбиент е секако Федерер.

Со четири Грен слем турнири, Ѓоковиќ се зациментираше како суперхерој на тениската денешница, иако и понатаму, како што примети еден британски коментатор, го доживуваат во улогата на негативец кој го спречува на крајот „вистинскиот херој“ да излезе како победник.

Меѓутоа тука постои една друга работа. Трибините на Флешинг Медоуз или Вимблдон, па и парискиот турнир, не се тениска публика. Тие се само „кремот“ на глазурата. Тенисот стана игра која можеби не е достапна за сите, но тоа е игра во која сите уживаат. Под таа глазура која е доминантна на централниот терен во Њујорк, се крие нов свет за кој Ѓоковиќ е суперхерој. Затоа што е како аутсајдер, човек на кој успехот не му е судено - такви во тенисот секогаш имало, но им ги менуваа улогите на икебаната – успеа да се издигне.

Ѓоковиќ е идол на оние кој тенисот го гледаат како најбрз растечки глобален феномен, игра која ги надмина локалните клубови и во која денеска постои само еден принцип – тенисот не е спорт на Американците, ниту Англичаните, Французите, Шпанците. Тенисот е спорт на тенисерите. На најдобрите тенисери. А Ѓоковиќ е без сомнение најдобар.

Veljko Miladinović

7 јуни 2016 - 10:26